Author Topic: Тајмер за бојлер  (Read 13074 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Тајмер за бојлер
« Opened on 26.04.2015, Sunday, 21:54:19 »
Ми треба малце помош околу идејата која ја имам. Сакам да направам бојлерот да ми се вклучува односно да работи само на евтина струја. За таа цел планирам со помош на овие дигиталниве тајмери за во штекер да вклучувам некое реле кое би го пуштало бојлерот. Дали вакво реле:
Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/item/solid-state-relay-SSR-40AA-H-40A-actually-80-250V-AC-TO-90-480V-AC-SSR/2035757001.htmlБи ми бркало работа за да ја реализирам идејава, или пак има некое друго решение?
Станува збор за бојлер за во бања.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #1 on 26.04.2015, Sunday, 21:58:26 »
Теоретски ќе ти брка работа. Практично - прашање е колку се веродостојни тие декларирани 40А... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #2 on 26.04.2015, Sunday, 22:17:51 »
Не покушавај такво нешто преку штекер! Ќе се стопи и штекерот и контактите на тајмерот,а може и искри да летаат.Ако сакаш такво нешто ти треба напонска склопка,ама малку поголема,бидејќи во моментот на вклучување влече многу голема струја.Како кажа и Лордзи оние кинески тајмери не верувам тоа да го издржат.

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #3 on 26.04.2015, Sunday, 22:19:37 »
Тајмерот би го искористил само за да го командува релето не гледам како преку него би се повлекло толку струја? Значи на постојната инсталација да закачам само реле кое ќе биде командувано од тајмер.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #4 on 26.04.2015, Sunday, 22:34:36 »
 Еве нешто вакво ти треба

Code: [Select]
http://www.goglasi.com/frame?eid=83430291&q=%20KONTAKTORI

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #5 on 26.04.2015, Sunday, 23:34:13 »
Да да батка знам дека некој контактор ќе треба само незнам со колку декларирана јачина. Дека незнам како ги декларираат?

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #6 on 27.04.2015, Monday, 00:51:57 »
И јас сакам да изработам тајмер за бојлер, ама јас сакам само преку ден да работи. На скапа струја. Мислам дека преку ноќ, поготово зимно време само одржува без врска топла вода која никому не му треба во тоа време.  Поисплатливо е само преку ден да грее. А за електрониката ќе се  најде решение. Поважно е кога да работи тој тајмер. Тука барам повеќе  мислења.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #7 on 27.04.2015, Monday, 01:01:08 (Edited 27.04.2015, Monday, 01:10:49) »
Чудно барање,само на скапа струја.Што ќе ти е тајмер тогаш? Стави си само добар термостат и остави преку ден уклучен бојлер.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #8 on 27.04.2015, Monday, 02:04:39 »
Batka, на вечер 6 пати ке вклучи и исклучи.. Зошто, кој ќе се капи во 4 ноќеска...ретко некад али во глобала доволно е пола саат да грее. Башка ладна вода е поздраво :)
Како и да е, мислам димитармк, член од форумов правеше некои склопки со аруино или како се вика, да се вклучува боњерот преку веб или на титка, т.е. преку порака или сигнал. Така би било најарно.
За заштеда, соларни панели, добра инсталација чини околу 2000 евра, додека солидна 500-600 евра, за куќа со 4 члено семејство (баба и дедо само за велигден се капат не ги кладовме во есап)   ;D

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #9 on 27.04.2015, Monday, 06:47:37 (Edited 27.04.2015, Monday, 06:56:27) »
@Batka Не е чудно барањето. Ако ти бојлерот го пуштиш пр. во 11PM а прва потреба од топла вода имаш да речеме во 8AM (другиот ден) тогаш навистина водата во него се загрее на евтина струја, ама до 8 AM уште неколку пати ќе се вклучи и исклучи. Поевтино ќе те фати ако го вклучиш во 7AM па на скапа струја загрее и го користиш во 8 AM. Првото решение е добро ако имаш потреба од само еден бојлер вода дневно и ако тој бојлер има идеална топлотна изолација.  Овие нашиве бојлери имаат слаба термичка изолација. Кој барем еднаш отварал бојлер знае на што мислам.
Што се однесува до тајмер, може лесно да се направи како комбинација од овие тајмери што се продаваат (дигитален или пак оние тркалезните со моторче) и една ЦН склопка. Тајмерот наместо да го вклучува/исклучува бојлерот ќе ја вклучува ЦН склопката а таа пак ќе го вклучува бојлерот. Ова е наједноставно и најевтино решение. Би чинело нешто помалку од 50 евра. Тоа може да биде и некоја поевтина склопка или реле со перца. Ова последното е некаде околу 500 ден. И немора да оди на двата проводника (само на еден). Второто решение е поелектроничарско, со некој поголем тријак (пр BT25) и елетроника ама ќе испадне поскапо од првото.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #10 on 27.04.2015, Monday, 09:24:59 (Edited 27.04.2015, Monday, 09:31:33) »
И јас планирав да правам вакво нешто кај мене дома, се ми беше разработено, кај ќе проаѓаат кабли, механичка монтажа на тајмерот, склопката и сл., дури планирав да ставам и далечинска контрола преку телефонска линија, и тогаш ја исклучија дневната ефтина тарифа и се откажав од целата работа... :P
Како што кажа MURO мислам дека би било неефикасно бојлерот да биде вклучен цела вечер, подобро е со тајмерот да се регулира времето колку да работи бојлерот, отколку кога ќе се вклучува, на пример мене за туширање не ми треба цел полн бојлер од 80 литри, доволно ми е да работи 20-30мин. (ова зависи од бојлер до бојлер, колку е оладена водата во него итн. - секој си го познава својот), после тоа тајмерот го исклучува и не троши повеќе струја. Ако ти треба повеќе вода, го местиш да работи подолго, 30-45мин., после се исклучува. Ако пак ти треба топла вода насабајле, го местиш да се вклучи пола саат пред да станеш и кога ќе станеш имаш топла вода.
Мислам дека ова, во комбинација со редовно чистење на каменецот, ќе ти донесе поголема заштеда... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #11 on 27.04.2015, Monday, 18:25:53 »
Добро тоа зависи и од други работи на пример мене бањата ми е скроз внатре да не речам во средина на зградата и е мала така да бојлерот не се лади многу

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #12 on 27.04.2015, Monday, 18:37:55 »
Муро,мислев на друго : зошто тајмер- пред да се тушираш пушти го бојлерот и за 1/2 час е згреан.Не треба за тајмер пари да трошиш,ако го вклучуваш само на скапа струја.Е,сега зошто навечер на евтината - пример- имам стара мајка која навечер си го грее бојлерот ,па наутро има топла вода за готвење,садови миење.Некористи мало бојлерче,цел систем во бања и кујна е на една линија со топла вода.Плус преку ден се дополнува со два колектора и цел ден се одржува температурата.Ако е сончево до вечер имаш топла вода. Сепак ,далечинска контрола и управување со бојлер е ,барем кај нас,ризична работа: де нема вода,де снемало струја.. ;D ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #13 on 27.04.2015, Monday, 23:11:28 »
Тоа со колекторите некако најдобро ми изгледа :)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Одг: Тајмер за бојлер
« Reply #14 on 27.04.2015, Monday, 23:48:45 »
Со ова наше сонце ми се чини дека за едно лето ќе се исплати колекторот, Туку не сум разгледувал вакви можности. Може ли на обичен бојлер (без змија цевка внатре) да се искомбинира со колектор?