Имам отворано вакви сијалици , тешко се отвораат а уште потешко се затвораат. Искрено, немам сретнато некоја што трепка , како во твојот сличај , кај мене сијалицата беше исцрнета (изгорена) внатре. Воопшто немој да се мачиш, а башка што може при работа да ти пукне во раце.
Баш интересное што овие сијалици само ги викаме штедливи .... а воопшто не се. Овие сијалици се минимум 200 ден парче, а тоа е >10 пати поскапа од обична. Дали оваа ,,штедлива'' сијалица е 10 пати потрајна од обичната и дали е 10 пати со помала моќност од обична, а да дава иста светлост - одговорот е НЕ. Ова се приказни за мали деца. Се знае како се штеди ел. енергија , главните потрошувачи (термоакумулациона печка, бојлер ,клима, греалка, ел. шпорет и др) да ги вклучуваме колку е можно повеке во временски интервал од 22 00 - 06 00 , кога е ефтена струја. Еве ви еден штедлив пример: наместо на електричен шпорет , кога правите кафе , правите го на плин (најмали оние боцички, тие не се опасни) и ке заштедите повеке одколку сите сијалични места да ги замените со вакви ,,штедливи'' сијалици , кој се расипуваат за две недели.
- Имам читано на повеке места дека сијалиците со неонско светло се канцерогени.