Што да правам кога NE 555 ми е слабост.
Обично мали предаватели се прават за фм на UKT бандот од 88 до 108 Мхз,но видете ја и ова едноставна креација на амплитудно модулиран предавател за средни бранови.Едноставно,а функцонира.
Многу едноставен амплитудно-модулиран предавател со несекојдневно ИК за ваква работа.
Работи на 600 килохерци,со антена –обична лицна од 2-3 метри должина.Домет 20-30 метри.Нема калем,нема подесување.Микрофонот е кондензаторски или електретски, напојување батерија 9V.
Ако сакате да ја менувате фреквенцијата ,пресметајте ја по формулата :
f= 1,443(R1 + 2R2)C1
Може да се користи за комуникацја во станот,куќата,како домофон,за пренос на музика.Се прима на АМ подрачјето на секој радио премник ,на средни бранови.
Предавателот е направен на унверзална плочка и секако долгите и вкрстени водови не му сметаат.