Author Topic: Ми треба совет за аудио опрема  (Read 1057 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Ми треба совет за аудио опрема
« Opened on 28.03.2015, Saturday, 13:38:20 (Edited 28.03.2015, Saturday, 20:50:22) »
Знаејќи дека на форумов има луѓе кои стварно разбираат и знаат што зборат решив да се обратам. Јас понешто знам ама во однос на другиве тука сум прилично гол со знаење. Имено сакам да купам звучничиња и појачало/ресивер за во мојот дом. Разгледував по огласи немам некој голем буџет следниве работи кои ќе ги ставам и ги видов се во мојот буџет.

Звучници:

Code: [Select]
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1511627
Засилувачи:

1.
Code: [Select]
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1226256
2.
Code: [Select]
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1561034
Ми треба ваше мислење за звучнициве, исто така знам дека е скроз разлика во технологија и години меѓу засилувачиве а и моќноста нивна но NAD-от ми ги помати сметките бидејќи читав дека би страшно добар во однос на другите кога излегол. Така да секој совет и сугестија, а и предлог би бил добредојден.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Ми треба совет за аудио опрема
« Reply #1 on 28.03.2015, Saturday, 16:38:19 (Edited 28.03.2015, Saturday, 18:20:27) »
Бидејќи си нов ,научи како се кодираат линкови и прочитај ги Правилата на Форумов! Сега  јас ќе го средам тоа а потоа научи се самиот!
Друга работа - кога купуваш половен уред прво види во каква состојба е и слушни го.И најдобриот модел ако е отворан,поправан и сервисиран,е полош од неотвораниот.Никој однапред не може да каже кој каков е ,без да се види и слушне!

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
Одг: Ми треба совет за аудио опрема
« Reply #2 on 28.03.2015, Saturday, 19:55:55 (Edited 28.03.2015, Saturday, 20:51:29) »
Искрено , немам многу искуство во купување од реклама5 или пазар3 појачала или звучници, имам купувано делови, а сум продал многу аудио опрема, и секогаш тоа што сум го праќал било 100% исправно и функционално и никогаш не сум имал било каква забелешка околу пратеното. Лошо е што нема feedback од купувачите како на е-bay , amazon и др. Едно пријателче купи Pioneer појачало од реклама5 од човек од Скопје   (100 EUR), незнам точно како се викаше човекот , ке прашам за модел, име и број тел. Појачалото беше во очајно стање. После 4 месеци работа , остана дефект. ме повика да го видам (а требаше да го видам веднаш кога го купи) Го отворив , несакав понатаму да го чепкам оти гледам дека веке и плочата се распаѓа. Катастофа. Му стои дома , може да го земам и да отворам тема за поправка.
Еве го купеното појачало од реклама5 , за ова се работи.

Code: [Select]
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=785331

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
а да почекаш малце, се наоѓаат по некогаш некои ефтини појачала за помалку од 50 евра во многу добра состојба, само треба да го погодиш.  ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Па ако имаш *кеш* не брзај во секој случај,барај,гледај и слушај ! Има на пазарот дури и  премногу опрема. 8)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Секако прво да го слушнеш и нормално види си дали е сервисиран плочката каква е.Убаво пиша претходно не брзај ;) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
Пред да купиш било каква аудио опрема , размисли за ова:
- дали сакаш квалитетно послабо стерео со квалитетен звук или појак а просечен , односно дали ке ја користиш опремата за уживање во слушање музика или за ,,pокање'' на роденден , слава , нова година ...
- дали опремата ке ја користиш само дома или понекогаш ке се носи и на друго место
- дали мислиш да ја имаш одреден период па да ја продадеш или не
- дали опремата треба да се вклопува со останатиот мебел (ентериер)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Размислено ми е се ова подолу, не ми треба екстремно гласна музика повеќе би рекол поквалитетен звук, само дома би ми стоела опремата, не би ја продавал а за ликот нормално би требало до некаде да одговара со се друго мада јас сум љубител на изгледов на постарава опрема

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 159
  • Gender: Male
А да си направиш нешто самиот,нормално ако те бива за електроника,а и ние сме тука ,ќе помогниме  ;)
Е сега нема да биди лично како фабричкото но за квалитетот сигурно нема да заостанува
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Добра поента има Отпор, ако го градиш самиот, ќе си одбереш за таа цена тоа што најмногу ти одговара, а за надворешниот изглед, ако се сака, се може, прв пример е LordZi... ;) Но јас мислам дека штом пишал овде членот, одлучил да купи...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 654
  • Gender: Male
KiloVolt, малце да те корегирам. Прв пример е Z31GH. Поздрав. ;)