Проблем со VESTEL 3731T ,телевизорче старо околу 15 тина години.
Пред некое време имаше потешкотија со палењето, за да по недела две почна да се гаси додека работи.
Повторно запали го ,ќе работи може 2-3 минути и пак сам ќе се изгаси.
И веќе воопшто не се пали.
Кога ќе го стисам копчето стенд бај како да пробува да се запали го има оној препознат звук како да сака да се запали и тоа се повторува секоја секунда се додека не го извадам од струја или изгасам од стенд бај.
Го отворив внатре ,барав некој кондензатор сомнителен или ладен лем ама се е во ред на око ,мада го заменив 47 микро 400 волтниот за секој случај ми беше сомнителен ,ама ништо од тоа.
Вака изгледа неговата шасија ,мада отворен ми е не е проблем да направам и оригинални слики од неговата.
http://monitor.espec.ws/section1/topic140701.html