Проблемот е јасен, нивото на сигналот што доага до дигиталниот потенциометар е многу висок. И решението е јасно, а тие кондензатори што ги ставате немаат никаква врска со проблемот и така нема да се реши. На влезот од колото постави напонски делител со отпорници или еден потенциометар врзан како напонски делител. Потоа стави го тој потенциометар во нулта положба, а излезот од РС на максимална положба, исто и дигиталниот потенциометар. И потоа со делителот зголемувај го нивото се додека не добиеш крчење. Потоа врати го малку назад потенциометарот и тоа е решението. Ако со вака нагоден уред нивото на звукот е многу ниско во најмала рака треба да се постави еден бафер или пак неинвертирачки засилувач со променливо засилување, па и тој да се нагоди на саканото ниво. Исто не е баш препорачливо излезот од потенциометарот да го драјва кабелот и влезот на засилувачот, тој е наменет за мегумодулна работа, што значи да добие бафериран влез и да даде сигнал на мала капацитивност со контантен терет (влез од операциски со фиксна 50К отпорност). Ако има интерес ке објаснам за што се и тие кондензатори со кои сте експериментирале, но сепак тие најдобро е да бидат 560n - 2u, со влезна отпорност од 47К.