Стари добри времиња.
првиот мој компјутер беше комодоре 64, имам и сервисна книга за него и са ЗХ Спектрум, работев и со сајмон бејзик на комодорето, така за да направам едно сликиче ќе се утепаш од бројки пишување, за на секој пискел да му дадеш информација што да биде
уживанција.ги памтам и галаксија кога како кит го продаваа низ југославија. игри имаше доста ги заборавив. за секоја игра имаше ПОКЕ и ПЕЕК тоа се адреси каде играта складира информации за пари, или животи и кога ќе промениш фурај, и на часописите ќе бараш за некоја игра за да ја “истераш“докрај.
Тоа е времето кога тогашниот иинститут за физика оддел кибернетика Руѓер Бошковиќ имаше алгоритми за индустриските роботи, кој јапонците ги купуваа зошто беа најдобри во Европа, а видете ја денес таа слика каква е.
паметните “мораа“ да отидат по светот, зошто на овие простори се растури заедништвото и интелегенцијата, и сега сме само потрошувачка маса, ништо повеќе