Пред 10 години нели беше најавено да се исклучат сите аналогни предаватели за телевизија, радио на средни, кратки и долги бранови на територијата на Европа. Еве сме, 2015та. Се исклучија многу, но не сите, сепак се гледа дека тие се од стратешко значење. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во нивната предизборна програма најави дека во 2015-2016та година ке згасне аналогното емитување на среднобрановиот предавател во Овче Поле и ке почне да емитува дигитално.
До 1997ма година имавме радио предаватели и на кратки бранови за радио Скопје.
До 2007ма имавме во секој град општински радиостаници со АМ емитување.
До пред некоја година и Македонско радио трета програма емитуваше на АМ од Маџари.
Денес го имаме само предавателот во Овче Поле на 810KHz. Но некои слушатели од надвор од нашата држава се жалат дека во последно време е влошен приемот. Можно е да е поднамалена снагата.
Во соседна Бугарија до само 3 години имаа повеќе предаватели на кратки бранови, мнооогу на средни бранови и еден на долги бранови. Сега сето тоа е исклучено и дел од нив се срушени и демонтирани. За последниот исклучен предавател на долги бранови има и петиција од незадоволни граѓани кои бараат повторно да се вклучи предавателот за да можат да слушаат радио, сега се во медиумски мрак. Тоа се воглавно постари лица (пензионери). Прочитав дека градоначалникот дури им рекол дека ке им поклони ФМ радио приемници за да можат да го слушаат радиото кое до пред некој ден го слушаа на 261KHz. Мене не ми се верува дека во 2014та година имало неколку стотици активни слушатели на радио на долги бранови. Ако ме прашавте мене, јас вероватно ке ви одговорев дека тој предавател е сосема заборавен и никој не го слуша и дека џабе троши струја и џабе ја грее јоносверата. На пример колку слушатели во Македонија АКТИВНО го слушаат радио Скопје преку АМ предавателот во Овче Поле ? Не за тие во странство.
Ајде да речеме дека го слушаат некои пензионери (постари луѓе) по планините и по селата кои стагнираат со технологијата половина век
Колку се тие ? Надвор од државава кој го слуша? Претпоставувам дека нашите во Бугарија, Албанија и Грција. Во Србија не е можно поради мртвата радио зона во која се наоѓа тој дел од државата каде има наши луѓе. Едино мислам дека најмногу слушаност има во тие 3 држави. Подалеку ? Тешко, можеби бо Италија или во Австрија, ма да не верувам, за тоа што тие македонци би го слушале радиото преку интернет. За подалеку низ Европа да не збориме, кој би се замарал да го слуша поради честиот фединг на тоа растојание и поради сметњите кои ги прави друг предавател на истата фрекфенција од Англија.