Јас имам слушано ГСМ сигнали (не-декодирани) а замислете се слуша некој телефон како повикува/го повикуваат и по некоја секунда го снемува сигналот. Потоа друг се појавува и го снемува и трет и се така. Тоа не значи дека на тие телефони титкаат на други броеви и исклучуваат туку иако за мене се губи сигналот тој сигнал постои но се намалува да може базата да го слуша а за послабите приемници "мислат" дека се губи.
Ова се случува бидејќи GSM сигналот од базната станица предава и прима најголема моќност додека ја лоцира мобилната станица во мрежата кога доаѓа дојдовен повик до мобилната станица. Кога некоја мобилна станица се побарува од страна на некој корисник, без разлика дали тој припаѓа на истата GSM мрежа или не, прво што прави HLR (Home Location Register), кој е лоциран или блиску или имплементиран заедно со GMSC (Global Mobile Station Controller), e проверка на VLR (Visitor Location Register), кој е регистар кој го има секој BSC (Base Station Controller). При оваа проверка, HLR проверува која била последната локација и TMSI (Temporary Mobile Subscriber Identity) бројот на мобилната станица на тој начин што го праќа GMSI (Global Mobile Subscriber Identity) на сите VLR-и, и оној VLR во кој последен пат била активна мобилната станица праќа назад сигнал до HLR за својата локација. Доколку е мобилниот претплатник сеуште под контрола на истиот VLR и BSC, се праќа сигнал до мобилната станица за дојдовен повик и почнува процедурата на енкрипција на повикот (генерирање на тројката енкрипциони клучеви). Доколку нитуедна VLR не врати назад потврден сигнал до HLR дека е најдена мобилната станица, се праќа сигнал до сите VLR-и да пратат таканаречен "beacon" сигнал со кој сите BSC-иња им кажуваат на сите BS-и (Base Station) да го прдваат тој "beacon" сигнал со најголема моќност се дур не се лоцира мобилната станица во мрежата. Доколку и после овој обид мобилната станица повторно не се најде во GSM мрежата, HLR прогласува дека претплатникот е недостапен и ја брише неговата последна локација од својата меморија.
Ете зошто се јавува она „крцкање“ на звучниците ако е телефонот поставен блиску до засилувач или треперењето на CRT екраните кога некој телефон треба да заѕвони или да прими порака, бидејќи оваа процедура се повторува секој пат кога се јавувате или примате повик. Ова е дури и релативно упростена верзија на тоа што всушност се случува кога се јавувате, вистинската ситуација е релативно покомплицирана. Да ја видите колкава е процедурата кога ве бара некој од PSTN (фиксна мрежа) на мобилен, ќе ве заболи глава, хахахахах
.
А за тоа што збореше за прислушкување од страна на државни агенции, како што рече, може да се прислушкува само ако мобилниот оператор тоа го дозволи. Без енкрипционата тројка клучеви (што можеш да ја „фатиш“, но треба и да знаеш да ја искористиш), IMEI кодот на телефон што сакаш да го прислушкуваш (што најверојатно го немаш на располагање, но и да го имаш, пак треба да знаеш како да го искористиш), сериски бореви на BSC-ињата (што доколку не работиш на одржување на базните станици во мобилниот оператор, или некоја друга функција, ги немаш на располагање, а не можеш да ги исчиташ од мрежата, или треба многу да чекаш за да ги исчиташ, и тоа само за еден BSC, а да не зборуваме за BSC-ињата на целата мобилна мрежа) и уште неколку „клучеви“ или „броеви“, ништо не можеш да направиш освен да слушаш шум, хахахахах
.
За CIA и останати владини агенции од Америка или од некои други држави, сигурен сум дека имаат таква опрема, ама тоа бара 24/7 работа, дур се мапира локацијата на секој базен контролер од мрежата и уште едн тон други работи за кои си имаат пплатено луѓе од агнецијата да си ги вршат. Сам како едника можеби (и тоа е едно големо можеби) ќе успееш да прислушиш некој разговор и тоа случаен разговор, на некој корисник кој не го ни знаеш ни познаваш, и тоа само еднаш, а за да го направиш и тоа едно прислушкување, најверојатно ќе ти требаат месеци работа. Па поради тоа, повторно викам, не се исплати, премногу потрошено време, премалку повратни резултати
.