Епа зависи што лемиш. За олуци топ е цинолот, за цефки за парно, разна лимарија... инаку цинолот е кисел и спроводлив, па за електронока ако лемиш мораш прво да го очистиш убаво. има и други флуксови за чистење али ефтините сите се кисели и спроводливи.
Појма немам како се викаше еден флукс од хубо, 150-тина денари го земав, поубаво чистеше од цинолот али кај ќе го оставиш за 2-3 дена корозија прави невидена, значи водот ќе го снема биквално, али јас го користев за други намени и супер бркаше работа. Добро беше што тој флукс лесно се чистеше со топла вода. Знам само грчки дека беше.
Инаку не се цените такви само во логин, него и на ибеј побарај ребалонг флукс и тамо се тие цените, во зависност од лвалитетот. Нормално, продавноцата си става маржа.