Кој одговори, 6 часа бан.
Еј да ? И после зошто луѓето сѐ помалку и помалку го посетуваат форумов
Ова е многу егоцентрично размислување. Секако и погрешно.
Имам приметено општо на македонските форуми па и на српските форуми дека луѓето (народот) се себични и користољубиви. Зошто? За тоа што ке види форум за било што (пример електроника) и си вика ајде ке прашам и тие ке ми го решат проблемот и ке заштедам пари за мајстор, односно ке ќарам бесплатен совет, кој на запад се плаќа. Што прави членот? Се регистрира на форум, не го интересира ни правила, ни каде се пишува, туку како некој да му ставил пиштол на главата и гледа за 5 секунди каде да го лупне прашањето, а ако види тема како случајни или општи муабети, треска тамо и ич не му се мисли. Потоа чека одговор. Ако не му одговорат, одма се дува, се лути, како биле лоши луѓето на тој форум, не сакале да му помагаат, криеле од него "воена" тајна. Може да се деси и членовите да не го знаат одговорот и во меѓувреме членот да си го реши проблемот и да напише на форум "додека чекам помош од вас јас сам си го решив проблемот" и после секао следи прашање од другите "како го реши, што било проблемот", членот ке дрско и арогантно ке одговори "еее не ви кажувам, јас се изнамачив да го поправам а сега на вас така лесно не ви кажувам" А пази истиот тој суртук чекал така лесно да му одговорат со помош останатите. Се случува и истиот овој случај сам членот да си го реши проблемот и потоа ако јас му речам дека не треба да пише на латиница а притоа го прашам што било решението на проблемот да ми рече "не ти кажувам бидејки ме опоменуваш за латиницата" Што со вакви говеда? Во Македонија имаме повеке говеда од луѓе.
Ако пак му одговорат на кутриот член, ке ги дави се додека целосно не си го реши проблемот а потоа БАЈ БАЈЈЈ. Кога пак ке му затреба помош еве ти го пак. Не дај боже да побараш помош, знаеш кога тој ке ти помогне? НИКАД!!! Ке го види прашањето и иако го знае одговорот нема да ти одговори оти е проклето створење. Друго нешто, општо на македонските форуми па и може да се рече на некои од балканските форуми, сите членови прашуваат а одговараат и помагаат генерално само админите и модераторите и некој чесен добар член како исклучок. Сума сумарум, членовите имаат бенефит од гага советите и помошта, а ние администраторите помагаме од љубов и плаќаме годишно за форумите на хостинг и домејн компании, со тоа ние имаме само зијан и ништо друго. И пак ние не чиниме. Пак не се почитуваат правилата, пак има надувани егоистични членови по кои се врти земјината топка. Членови или ке помагате како што помагаат тие што помагаат, и ке ги почитувате правилата или не ја гледам поентата да се дружиме преку форум. Ајде таквиот тип на луге нека отвори форум, нека дава пари секоја година, и нека помага, дали е тоа можно? Шанси нема. Да си го сменам името ако бидне тоа.