Author Topic: Случајни муабети  (Read 1121755 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4980 on 14.11.2013, Thursday, 13:48:54 »
Не се слагам баш со се со тебе.Како ние почнавме?! Не беше лесно,дури сега е полесно!
Но треба да загризеш малку подлабоко.Друго е ако имаш повеке избори или грб ,некој да те рани што се вели.Ама,мора да пресечеш.Ако мислиш дека во странство е рај,ке ти кажам дека сум го пробал и тоа.Таму можеш да заработиш,ама ако сакаш да проживееш,мора тука да се вратиш и тука да трошиш!! ;D Иначе,отиде од рака.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4981 on 14.11.2013, Thursday, 13:59:00 »
вие сте почнале во ит делот, а како што кажа гига овде има доста голема побарувачка за тој дел.. а што правиме ако некој сака да работи нешто друго??? и да сакаш да почнеш прво ке треба да дадеш еден куп пари за документи па за опрема ова она, и на крај ке ти испадне како спортска или ке фанеш или ке викаш само за една ке фанев  ;)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4982 on 14.11.2013, Thursday, 14:18:10 »
Една од работите кои на почетокот се прават е испитување на пазар,менаџмент и пред се барањата на средината во која мислите да правите бизнис! не за џабе е изреката- овој е добар продавач-на ескимите сладолед им продава.Во странство една фирма сега продава ИТ,ама ако  потреба и елки ке продава.Бизнис си е бизнис.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4983 on 14.11.2013, Thursday, 15:05:22 »
Ама од една страна треба да си работиме она што го сакаме, а од друга страна, треба да правиме испитување дали тоа што сакаме да го работиме е исплатливо. Овие две работи не одат секогаш заедно. Можеби јас сакам да работам нешто и имам желба и ќеиф за тоа, ама од друга страна, не се исплати да го работам тоа. И како да го работам ако не ми се исплати ;D?

И што правиме ако мене не ме бива за продавач. Едноставно ете, не ме бива. Тоа не значи дека не треба да постојам. Едноставно ете, јас сум работник и не ме бива за продажба, мене дај ми да работам. И ќе работам, само дај ми да работам. Ама не да биде муабетот „дојди, ама не знаеме, можеби нема да ни требаш, можеби нешто друго ќе има, не се знае“.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4984 on 16.11.2013, Saturday, 20:19:14 »
Бидејќи голем дел од она што го знам за сервисирањето на уреди, сам сум го научил, често се сретнувам со определена терминологија (особено по Балканскиве форуми) која најчесто знам што значи, но понекогаш не :S.

Еве, како пример, ќе го земам терминот „испумпај го изводот“... што точно значи ова? Јас мислам дека значи да се одлеми некој извод на определена компонента (најчесто некое интегрирано коло) и да се остави да виси (да нема контакт со лемната точка). По некоја логика, вака го имам сватено, дали сум во право или не, не знам ???.

Како и да е, овој post го пишав повеќе како апел до поискусните сервисери кои имаат работено по сервиси и имаат познавање од оваа терминологија, ако имаат слободно време, нека отворат една тема во некоја од секциите за сервисирање (мислам дека најмногу би одговарало темата да стои во секцијата за сервисирање на монитори и ТВ приемници бидејќи и онака овој тип на терминологија најчесто се користи токму при сервисирање на видео техника) и нека ги напишат значењето на дел од овие „сленгови“ и акроними кои се користат во сервисирањето ;). Листата може да се надополнува ;).

Мислам дека ова ќе биде многу корисно за почетниците, а и ќе се намали бројот на недоразбирања меѓу оние кои бараат помош при сервисирање, а не се сервисери, и оние кои нудат помош, а се или биле сервисери ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #4985 on 16.11.2013, Saturday, 21:54:29 (Edited 16.11.2013, Saturday, 22:07:32) »
Вака би изгледал изразот „испумпај го изводот“


Code: [Select]
http://hackaday.com/2011/07/05/electronics-tutorial-twofer-soldering-skills-and-wires/
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #4986 on 25.11.2013, Monday, 19:02:40 »
На жените фризерот им е поважен од партнерот


Code: [Select]
http://brkajrabota.mk/lifestyle/moda-i-ubavina/29570-na-zenite-frizerot-im-e-povazen-od-partnerot
Mожно е до волку да не знаат да сакаат?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4987 on 26.11.2013, Tuesday, 03:07:03 »
Не можеме ние да го сватиме тоа, тоа е женска работа... исто како што они не може да сватат некои наши опсесии: фудбал (не сум по него, но сум чул дека повеќето мажи го обожаваат ;D), техника, коли... тоа е тоа ;).

Освен тоа, оваа статистика е правена на запад. Таму сите и онака имаат извитоперени вредности ;). Не само жените, и мажите исто ;). Ние немаме стандард да имаме извитоперени вредности ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4988 on 28.11.2013, Thursday, 07:18:14 »
Јеееееее, конечно си најдов оптички маус кој се фаќа на мојата шугава маса ;D ;D ;D.

Ама сега имам друг проблем ;D. Многу е лесен, а кабелчето е круто и го измрдува од место кога ќе го оставам да мирува ;D. Тегчиња ќе му ставам, еден trackball од стар маус ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline at.koce

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 501
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4989 on 28.11.2013, Thursday, 12:42:15 »
Или смени го кабелчето со некое убаво, силиконско. Сигурен сум дека имаш некаде во чеизот  :D

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #4990 on 28.11.2013, Thursday, 12:59:40 »
Шала со вистина !
Quote from: at.koce
...во чеизот 
Quote
Опремата што ја донесува невестата кај мажот.
Пример - Дел од чеизот девојката сама го подготвувала, и тој дел е познат како моминска подготовка.
  ;)
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4991 on 28.11.2013, Thursday, 19:00:09 »
Или смени го кабелчето со некое убаво, силиконско. Сигурен сум дека имаш некаде во чеизот  :D

Имам едно подобро, ама силиконско немам... а не знам ни дали воопшто прават силиконски кабли за мауси ??? ;D.

Ма само тегчиња, ништо друго ;D. Кабелчиња за мауси и немам баш нешто многу фазла, ама железарија, колку сакаш ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4992 on 28.11.2013, Thursday, 22:03:03 »
може ли да се направи кабел, Scart to VGA без дополнителна електроника?  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Re: Случајни муабети
« Reply #4993 on 28.11.2013, Thursday, 22:04:27 »
Може, ама нема да работи  ;D
Жан

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4994 on 28.11.2013, Thursday, 22:08:23 »
Не,ама има шеми со 2 транзистора и нешто ситна електроника или со ИК.Но најпаметно е прво да најдеш и да пробаш .Секоја комбинација на секаој уред не пасува.