Author Topic: Случајни муабети  (Read 1122549 times)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #4965 on 11.11.2013, Monday, 00:16:51 »
И не е поентата да ги знаеш формулите на памет. Тоа може секој да го научи, помини една недела секој ден над нив, повторувај ги, ќе ги научиш. Ама ќе ги заборавиш по два дена откако си полагал. Ако сакаш знаењето да ти остане, се знае како се учи... се решаваат тони и тони збирки и така се помни... и убеден сум во ова. Единствен начин за знаењето од математика да ти остане врежано во глава е долготрајно решавање на задачи. Така, и по 20 години може да ти текне на некоја формула... можеби не веднаш, ама ќе знаеш, ако не повеќе, од прилика како беше. Во ова сум апсолутно убеден и ми се докажало како точно во многу ситуации.

Ова го применувам за пола од предметите, ако не и повеќе, што ги учам на факултет, зашто по моја проценка учиме тешки глупости, којшто професор ми потврдил дека никаде нема да ми притребаат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4966 on 11.11.2013, Monday, 00:19:35 »
Терај си како знаеш ;). Твоја работа ;). Јас пишав јас што мислам ;). А и јас исто мислев како тебе... се дур не ми притребаа некои работи кои мислев дека нема да ми требаат. Среќа ги имав асално учено дури и оние предмети кои мислев дека нема да ми требаат.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4967 on 13.11.2013, Wednesday, 13:53:00 »
јас мислам дека и не е така лошо да се полага математика... ама сакам да кажам дека многу негативна страна во образованието е што се учи непотребни работи т.е. нешто што не можеш ниту да го искористиш практично ниту пак навистина постои, точно да и тоа треба да се учи ама не да му се посветува толку многу внимание. повекето од учениците се теоретски наобразовани, а кај практичниот дел се тапа... на многу фирми не им треба некој кој што е теоретски наобразуван, туку некој што знае практично да ги решава проблемите.... во практиката проблемите не се "штимаат" како во математика за да се добие нешто, туку се решаваат онака како што проблемот налага.  ;)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4968 on 13.11.2013, Wednesday, 14:32:08 »
Верувај, на добра теорија многу лесно се лепи пракса ;). Ако ја знаеш теоретската основа на определена проблематика, во повеќето случаи практичното решение само ќе ти дојде ;).

Вредностите се намерно штимани (зборувам за математика), за да не мораш да користиш калкулатор ;), за да ти влезе „во крв“ рачно делење и множење ;). Тебе никој не те спречува да користиш калкулатор при решавање на практични проблеми, но ако научиш во сон да го правиш тоа на рака, и по 20 години ќе ти текне како требаше да се прави тоа ;). Тоа е поентата ;).

Гледам сите имаат толкав страв од математика и мислат дека е некоја „баук наука“ ;D. Не е толку страшно... но да, треба да се одвои време и да се вежба... многу. Е тука, да, во право сте, не е како некои други науки, научи еднаш и тоа е тоа. За да се научи, треба да се одвои време и да се вежба. Да, не е баш лесно кога на една страна материјал од книгата (учебникот) ќе треба да одвоите цел ден, можеби и два, за да научите се како што треба. Мислам дека на повеќето им е од ова страв. И да, признавам, сама по себе не е интересна... пресметуваш нешто, а не знаеш што е... некако чудно е. Јас ја сваќам како алатка со која се служиш ако треба да решиш некој практичен проблем, ништо повеќе од тоа. Но, сепак, ако не ја знаеш, нема да успееш да го решиш практичниот проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4969 on 13.11.2013, Wednesday, 15:12:59 »
Gigawatt e во право.Јас сега имам проблеми со математиката.Не сум многу увезбан и правам ситни грешки,но по логика во праксата,со грешка нема така да испадне и ако сте добар практичар-увезбан,ќе го дознаете проблемот.Се е везбање и повторување,доколку не го правиш тоа ќе отупавеш и ќе мораш од почеток да почнеш.Убаво ми каза Гигават,но и неколку професори дека многу ќе ми треба математика(но и самиот ќе знаеш дека ќе ти треба кога ќе се освестиш и ќе созрееш).
Најдобро би било,сега за сега математиката да не се полага како задолзителен предмет,бидејќи има многу неспремни(како мене и повеќето)матуранти,така ќе има лоши резултати и нервози.Подобро ќе е ако 5 или 6 години(но и повеќе) однапред да се казе и да се спремаат тие ученици за матура,а не вака наеднаш.
Тие што не му веруваат на Гигават и несакаат да учат,после ќе си ја чукаат главата кога не слушаат постари и поискусни. :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4970 on 13.11.2013, Wednesday, 16:45:40 »
Основната работа која е потребна во животот е математиката! Макар што звучи избледено,мислам дека младава популација станува се позаостаната пред се поради неучењето математика.Зошто? Прво, во едно општество не можат сите правници и разни други * сметала* да бидат.Главната движечка сила во секоја држава се * математичарите* односно лугето од техничките науки,на  чие знаење се организира развојот на општеството.Со други зборови- светот го движи математиката!Се прават допрва анализи каде се згреши и зошто техничките предмети во основно и средно останаа * на суво*,односно се потиснати пред напливот на некои *општествени*! Се виде и во анализите ,а и многу очигледно е дека со отпуштање на фронтот и старање фама дека * средното училиште е задолжително* ( која глупост!!) настрадаа пред се техничките струки.Повекето средношколци немаат предзнаење од математика, физика,техничко образование( како предмет е уништен!!!!).Дури се покажа дека професионалната ориентација се сврте кон небитни науки ( филозофија,географија,право,...) кои немаат врска со техничките.И сега? Немаме доволно кадарни студенти на техничките факултети,нема знаење,нема напредок.Потребно е реновирање на образовниот систем,враќање на техничките предмети во зенитот на образованието! Веке имаме доволно кадри од економисти,менаџери,разни други општествени струки кои се непроизводни и не само дека не даваат допринос за развој на едно општество,ами го уназадуваат!Под хитно треба да се врати свеста дека математиката не е баук,не е непремостива бариера кон успешно образование.И затоа , нема предмети кои * нема да требаат никогаш*,нема * математика која не се применува никаде*.Тоа се слогани на мрзливите! математиката е само еден систем на учење,вежбање и повторување.Тоа е логика која го управува целиот свет и ако сакаме да држиме чекор со ЕУ и барем да бидеме некаде во * златна* средина,треба да се учи математика!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4971 on 13.11.2013, Wednesday, 18:48:22 »
Веке имаме доволно кадри од економисти,менаџери,разни други општествени струки кои се непроизводни и не само дека не даваат допринос за развој на едно општество,ами го уназадуваат!

Не сакам да омаловажувам нитуедно знаење ниту струка, но ова е апсолутна вистина. Моментално, на светско ниво, техничкиот развој се кочи баш поради некои социлошко-економски фактори, чии што поддржувачи (двигатели) се токму кадри од овие бранши.

Знаете, малку е тешко да му објасниш на економист или менаџер дека „ова не може вака да се изведе“ или „прво се почнува од тука, а не од тука“. Но, и нив ги разбирам, оние се водат по она за што учеле: како најевтино и најисплатливо да се изведе определена работа. Проблемот е што не секогаш сваќаат дека е ова можно... ниту пак може да сватат. Учеле за систем измислен од човекот: општествени и економски закони. За жал, природата и физичките закони не функционираат на база на овој систем. Кога си опкружен со секојдневни проблеми од овој карактер, често знаат да се заборават вистинските закони на кои почива овој универзум, односно природата. И, на крајот, „подебелиот крај“ го извлекуваат оние кои учеле за природните закони, односно кадрите од техничките и егзактните науки.

Околу математиката и егзактните науки... мислам дека не се популарни бидејќи бараат доста учење. Ова не се науки од кои се сретнуваат примери во секојдневниот живот, како што е случајот со општествените науки. Можеби токму тоа треба да биде поттик за идните лидери, што е можно повеќе секојдневни примери да има од овие науки. Но, ова е малку тешко да се направи кога тенденцијата на денешните е заглупавување на народот. Целта е едноставна: овците се лесни за стрижење. Колку повеќе глупави и неинформирани луѓе имате, толку се полесни за контрола, толку полесно можете да им продадете определена работа или да им вметнете во глава определена идеја.

Не мислам дека ќе има разврска околу оваа тема. Работите ќе одат на се полошо и полошо. Не мислам само кај нас, општо, во светски рамки. Моќта е слатка и оние кои ја имаат не сакаат да се откажат од неа. Луѓето треба да бидат оние кои конечно треба да се свестат и да го сватат општиот закон на природата: колку ќе вложиш, толку ќе добиеш. Брзо „зголемување на цифири“ може да постои само во систем измислен од човекот, односно економскиот систем: брза заработувачка, купи за помалку продај за повеќе. Тоа се измислици, такво нешто не постои и не може да постои во природата.

Искрено, не мислам дека работите ќе се сменат, барем не додека јас сум жив... но се надевам.

ПС: Не мислев никој да навредам со овој post. Ова е само едно размислување кое сакав да го пишам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4972 on 13.11.2013, Wednesday, 18:53:34 (Edited 13.11.2013, Wednesday, 18:57:36) »
ке почнам да одговарам по ред  :) како прво, да теоријата мора секогаш да ја има па потоа како што кажа и самиот ти гига праксата се лепи перфектно, е сега проблемот е што овде праксата опфака едвај 5-10% или пак воопшто ја нема, ете тоа е проблемот. немам ништо против теоријата туку сакам да кажам дека праксата и теоријата треба да бидат во некој сооднос за да се постигне оптимално ниво на знаење кај учениците  ;) инаку да треба да се вежба математика, ама што правиме ако немаш толку време за да вежбаш? мислам стварно имам 12 предмети од кои само 2 се поврзани директно со струката што ја изучувам и едно 5-6 индиректно поврзани,  е сега не велам дека македонски, англиски итн. не треба да бидат вклучени, ама на пример зошто да учиме ликовно и музичко ? кога може тие 2 часа да се заменат со практична настава. но да се вратам на темата, имам 12 предмет мора да учиш по секој предмет воедно да вежбаш математика, да одмориш од школото, да напишеш домашно, и утре пак да станеш у 6, епа тоа е стварно не издржливо на човек главата ке му пукне. второ, математика имам 2 блок часови и еден во друг ден, тоа е вкупно 3 часа неделно, и се е натрупано на еднаш и после тоа како да учиш? подобро е да имам уште + 2 часа само за вежби па за да можам јас или било кој некако да го научи тој материјал, бидејки повекето од нас немаат волја дома да вежбаат или пак едноставно немаат време .трето,батка јас сум против задолжително средно образование.зошто? па затоа што бидејки е задолжително сите поминуваат така со 2ки и "утре" кога ке завршам и јас и тој и двајцата ке имаме диплома, автоматски тој ми станува на мене конкурент при уписот на факултет.пола ако не и повеке се општа или економска... епа што ке и е на цела држава само екномисти, на индустријата и требаат техничари не некој што завршил бидејки е задолжително. доколку средното не е задолжително автоматски голем дел ке си седат дома, порано или подоцна ке си најдат некоја работа што има одговара на нивото на знаење, а додека оние со повисок степен на знаење истотака ке најдат работа во сооднос со нивното знаење и така се ке е ок, но сега за сега не е. инаку со тоа задолжително средно и техничките струки се отепани, за пример отиди во најблиското средно стручно училиште до тебе и посети ги учениците од машинската струка, иако важи за една од најтешките струки, таму се запишани само оние што минавале колку да не киснат во гиманзијата општа. и да јас не реков дека математиката не е потребна, математика треба, посебно во електро струката, но има некои наставни единици од одредени предмети кои што си немаат врска со струката. и да ако порано било "Учи за да не работиш" сега навистина е така...........

Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4973 on 13.11.2013, Wednesday, 22:05:02 »
Многу ги искомплицираа работиве со образованиево, искрено, навистина каша-попара ги направија. Не знам до каде ќе оди ова, ама не мислам дека му се пишува арно на овој систем. Решавање виртуелно, испрашување со заокружување... не знам... не мислам дека е ова е мерило за знаење. Мое мислење е дека дур не напишеш сам, не ти останува во глава. И ова ми се има покажано како точно... барем за мене, за другите не знам.

А тоа дека не се обрнува доволно внимание, општо, на сите неопштествени науки, да, и ова е апсолутно точно. Не се тука само техничките науки и математиката, тука се и природните науки и медицината. Гледам вовеле претприемништво. ОК е тоа, добро е и тоа да се знае (нема мака од знаење повеќе, нели ;)), ама јас пак, искрен да бидам, последно ова би го ставил. Оваа наука е базирана на економија и бизнис, а кај овие науки, се знае, или те бива за бизнис или не, нема трето. Не може некој да те научи како да бидеш добар претпримач или бизнисмен. Ако не те бива, нема да успееш, кратко и јасно. Да, како изборен, треба да го има, но не и како задолжителен... барем јас така мислам.

Има многу компликации, општо, во образовниот систем. Не знам... некако се ми изгледа како да е шлакнато колку да го има, не дека навистина се размислувало што ново да се воведе.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4974 on 13.11.2013, Wednesday, 22:27:32 »
Прво,она * зошто ми е ликовно и музичко...* не стои.Ако си по струка електро-техничар,сепак треба да знаеш нешто општо за музиката или ликовната уметност!Не треба да ствараме *нација на глупави*.Но,треба да се почешла образованието и многу содржини да се исфрлат,а некои да се заменат со нови.Се поставува прашањето за ефикасност на основното образование! Ние се прифативме,а ништо не исфрливме- само додаваме нови работи.Прво треба да ги ревидираме предметите  до пето одделение.Има многу работи кои треба да се исфрлат и да се дојде до ефикасно образование,во кои би предначеле природните науки.Се друго би ставил ( освен јазиците) под - разно (читај-изборно!).И основна работа е - праксата.Ниту средношколците ,а за студентите да не зборувам ,немаат доволно пракса и континуитет.Оцени се даваат од *ракав* ,по некои други заслуги,за на крај сите бидат ставени во ист кош!Треба да се стимулира учењето,да се мотивира ученикот да учи!И на крај - професионалната ориентација!! Ни фали од мали нозе ,па до крајот на студиите.Многу е убаво кога ке завршиш некоја школа и со љубов ќе ја работиш работата која ја сакаш!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4975 on 13.11.2013, Wednesday, 22:39:20 (Edited 13.11.2013, Wednesday, 22:47:35) »
Многу е убаво кога ке завршиш некоја школа и со љубов ќе ја работиш работата која ја сакаш!

Ова е многу добра идеја, ама што правиме ако тоа што сакаш да го работиш не е платено или многу малку се плаќа? Па ќе ме демотивира, ќе завршам за тоа што сум сакал да го работам и што, нема работа... или некоја мизерна плата добивам, колку да се каже дека имам работа и дека ме плаќаат.

До некаде и ова е причината поради која луѓето си заминуваат од оваа земја. Всушност, кога ќе размислам, ова е најголема причина. На оние кои навистина работат и се добри во тоа што го работат, не им се цени трудот. И која мотивација ја имам јас да работам ако мене ме третираат како мазга и ми трупаат се и сешто, а газдата не забележува (или намерно замижува) пред тоа, не ме плаќа на време, не ми плаќа за прекувремено и еден куп други работи.

Кај нас се гледа на се да се заштеди. Бидејќи работодавците знаат дека сме прилично инвентивни како нација и знаат дека знаеме да се снајдеме, дури и во невозможни ситуации, си даваат за право да најмуваат еден човек за работно место за 5 души. Ајде, барем да ме плаќаше колку за тројца, немаше да имам ништо против... ама плаќаат како за еден, а сака да му работиш како за петторица. И, се разбира, бидејќи работиш се и сешто, ќе ти се случи да згрешиш... и на крајот пак ти си крив ;D... и на тебе ти се крати плата ;D. Па да ми била најголема љубов работата која ја работам, ќе се откажам, ќе си речам „нека иде све у ПМ“.

Да не бидам премногу негативен. Убаво е да имаш работа која сакаш да ја работиш и ако си во ситуација да можеш да бираш, да, дефинитивно избери ја таа работа. Но, ако не си платен како што треба, барај друго работно место. За жал, во ова време, само парата се цени, ништо друго... и колку повеќе ги имате, толку подобро.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4976 on 13.11.2013, Wednesday, 22:50:43 »
Не биди негативен Гига. Работа не се добива самокај работодавец! Кај нас е тоа одомаќено некој да те вработи.Зошто сам не се вработиш? Имаш веќе некое искуство,само се плашиш да започнеш.Треба државата да дава поголем стимул и некакви субвенции,за да можеш своето знаење да го исползуваш и да заработиш.Мислам  дека  многу работи кои се работат и се дискутираат на Форумот ,во нормални земјиможат да се наплатат,односно да се заработи на идеи,уреди или просто речено  на интелектуален труд.Ке се промени и кај нас тоа,се надевам,дури  гледам дека и нешто се движи позитивно во тој  смер. Не очајувајте,ами засукајте ракави- понекогаш и * маглата* може да се преточи во пари!

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #4977 on 14.11.2013, Thursday, 00:04:47 (Edited 14.11.2013, Thursday, 00:44:09) »
Прост пример ќе ти кажам, за да почнеш нешто да работиш да чепкаш, да кажеме еве електроника, пошто ни е струка, сакаш да набавиш убава и квалитетна опрема, кај нас тоа го нема, сакаш да нарачаш од странство и ете ти ја пак државата која те кочи, дозволува царина на само бедни 30 евра, што во превод значи едни квалитетни кабли за унимер да кажеме или некоја слична ситница, а каде ти се осцилоскопи, унимери и слична апаратура. И ти сакаш да започнеш нешто на своја рака.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #4978 on 14.11.2013, Thursday, 02:17:14 »
за тоа ти што викаш Хахаххаа мислам дека е ок, за секој бизнис ти требаат пари. а за да почнеш некој бизнис според тоа што си го учел на факултет (барем мое мислење) ти треба некоја пракса и да научиш нешто повеќе со работење во некоја фирма па после тоа да почнеш нешто твое...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4979 on 14.11.2013, Thursday, 08:30:43 »
Не биди негативен Гига. Работа не се добива самокај работодавец! Кај нас е тоа одомаќено некој да те вработи.Зошто сам не се вработиш? Имаш веќе некое искуство,само се плашиш да започнеш.Треба државата да дава поголем стимул и некакви субвенции,за да можеш своето знаење да го исползуваш и да заработиш.Мислам  дека  многу работи кои се работат и се дискутираат на Форумот ,во нормални земјиможат да се наплатат,односно да се заработи на идеи,уреди или просто речено  на интелектуален труд.Ке се промени и кај нас тоа,се надевам,дури  гледам дека и нешто се движи позитивно во тој  смер. Не очајувајте,ами засукајте ракави- понекогаш и * маглата* може да се преточи во пари!

batka, вака на зборови, се изгледа многу лесно. Кога ќе заглавиш во некои лавиринти административни и кога ќе ти кажат дека ако фирмата не ти успее (ти пропадне), треба да платиш 2000 евра за да ја ликвидираш, а за да ја отвориш чини 50 евра (???), аууууу... колку нема да сакам да отворам фирма во Македонија.

Исто така, ако отворам фирма, треба да работи во точно определена бранша за која моментално има побарувачка во Македонија. Тоа значи дека треба да биде во некој од следните сектори: градежништво, IT, купи-продај компјутерски делови и лаптопи или развој на софтвер. Што ако ништо од ова не ме интересира (или барем не ме интересира доволно за да отворам фирма за тоа)? Ќе пропаднам, нема никој ни да ме погледне. Ене, види колку фирми во УЈП чекаат за ликвидација. Мал и неотворен пазар сме. Отворање на фирма од некоја друг баранша се исплати само на големи пазари, не и на мали.

А и Hahahaha е во право. Ако немаш врски, ај иди донеси ја опремата која ти треба од странство за да почнеш да работиш некои дизајни во електроника. Не дека не можеш да почнеш на поситно па потоа да се прошириш, можеш, ама додека да бидне тоа „да се проширам“, ехеееееееее... 20 години ми се малку ако почнувам тука. И пак на крајот ќе се раширам само локално, во Македонија или евентуално на Балканот. Толку.

Јас мислам дека тука не се исплати да се отвора фирма. Во странство, некаде на запад, можеби. Ем има побарувачка, ем е поголем пазарот, има шанси да ти се развие фирмата. Тука... на кого ќе нудам услуги? Мал пазар сме, секој гледа да помине поевтино и кога ќе чујат дека треба да фрлат определена поголема сума на пари за некоја услуга, луѓето си се повлекуваат, почнуваат да преговараат со некои Кинески компании и на крајот, услугата од нив ќе ја земат.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."