Види, јас ги немам видено задачите од матура, но, да бидеме искрени, повеќето од задачите во средно што ги имам решавано по математика и на факултет, беа поставени така да на крајот ти излезе нешто како 1, 2, 3, 0 или некое слично решение. Погодени се вредностите така да излегуваат задачите и ако пресметуваш со децимали и со дигитрон, а не со дропки, секогаш ќе ти излегуваат вредности како 0.00001 место 0 или 2.99998 место 3.
Реално, дигитрон е потребен во секоја друга егзактна наука, освен математика (а колку што знам, математиката не се ни смета за егзактна наука, се смета за апстрактна наука... и јас сум се чудел од каде ова). Задачите во математиката може да се штимаат, и се штимаат, за да вредностите бидат цели бројки или „нешто*Pi“ или „нешто*e“ или нешто трето. Тоа не можеш да го правиш во реалните егзактни науки, како електрониката на пример. Во реалноста, секогаш ќе добиваш некои реални вредности кои ретко може лесно да се изразат со дропка, па затоа се изразуваат во децимали
.
И не е поентата да ги знаеш формулите на памет. Тоа може секој да го научи, помини една недела секој ден над нив, повторувај ги, ќе ги научиш. Ама ќе ги заборавиш по два дена откако си полагал. Ако сакаш знаењето да ти остане, се знае како се учи... се решаваат тони и тони збирки и така се помни... и убеден сум во ова. Единствен начин за знаењето од математика да ти остане врежано во глава е долготрајно решавање на задачи. Така, и по 20 години може да ти текне на некоја формула... можеби не веднаш, ама ќе знаеш, ако не повеќе, од прилика како беше. Во ова сум апсолутно убеден и ми се докажало како точно во многу ситуации.