Author Topic: Случајни муабети  (Read 1123021 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4950 on 10.11.2013, Sunday, 17:49:17 »
Да не те рaзочарам,ама тоа е очаен Македонски превод ( како од Google translate ) ;D

ggoce

  • Guest
Re: Случајни муабети
« Reply #4951 on 10.11.2013, Sunday, 19:40:53 »
Да не те рaзочарам,ама тоа е очаен Македонски превод ( како од Google translate ) ;D
така е напишан и на CNN единствено ако не е кратенка од нешто
Code: [Select]
http://edition.cnn.com/2013/11/09/tech/satellite-falling/index.html?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+rss%2Fcnn_topstories+%28RSS%3A+Top+Stories%29

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #4952 on 10.11.2013, Sunday, 20:01:22 »
GOCE е кратенка од (Gravity field and steady-state Ocean Circulation Explorer)

Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Gravity_Field_and_Steady-State_Ocean_Circulation_Explorer
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4953 on 10.11.2013, Sunday, 20:51:04 »
А,она  ДЕЛЧЕВ,како би се спелувало :D ;) Се шегувам 8)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #4954 on 10.11.2013, Sunday, 20:53:59 »
Ама ме изнасмеавте ;D ;D ;D ;D ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #4955 on 10.11.2013, Sunday, 22:28:17 »
Друго нешто да прашам, можно е во едно трафо од 60 вати да отиде 800 грама бакар? Бакарот што го извадиов од него не тежеше ни 100 грама?

Кога ке пресметуваш со кинески дигитрон ќе испадне и дека 100 кила треба да собере, кога земав денес на компјутер да пресметувам испаднаа сосема други бројки којшто се пореални од претходните.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Re: Случајни муабети
« Reply #4956 on 10.11.2013, Sunday, 22:35:23 »
Се случува на секој му се има случено. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Случајни муабети
« Reply #4957 on 10.11.2013, Sunday, 23:04:57 »
Друго нешто да прашам, можно е во едно трафо од 60 вати да отиде 800 грама бакар? Бакарот што го извадиов од него не тежеше ни 100 грама?

Кога ке пресметуваш со кинески дигитрон ќе испадне и дека 100 кила треба да собере, кога земав денес на компјутер да пресметувам испаднаа сосема други бројки којшто се пореални од претходните.

E,па заради ова со две раце потпишувам на државна матура да се полага математика ( без дигитрон) :D ;)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #4958 on 10.11.2013, Sunday, 23:12:58 »
Друго нешто да прашам, можно е во едно трафо од 60 вати да отиде 800 грама бакар? Бакарот што го извадиов од него не тежеше ни 100 грама?

Кога ке пресметуваш со кинески дигитрон ќе испадне и дека 100 кила треба да собере, кога земав денес на компјутер да пресметувам испаднаа сосема други бројки којшто се пореални од претходните.

E,па заради ова со две раце потпишувам на државна матура да се полага математика ( без дигитрон) :D ;)

Јас со две раце попишувам да не се полага математика :D Нека му ја мислат само следниве генерации сега откако им ја ставија задолзителна, само да кажам кога јас полагав дали беа и 2000 ученици што земаа математика, наспроти 20000 којшто избраа англиски. Значи сега да очекуваме 20000 ученици да паднат на дрзавна матура ??? :o :o :o :o

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #4959 on 10.11.2013, Sunday, 23:33:32 »
или истиот тој број ќе се жртвува за наредната генерација да има задачи од типот 2х2 и 2/2
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4960 on 10.11.2013, Sunday, 23:49:04 »
E,па заради ова со две раце потпишувам на државна матура да се полага математика ( без дигитрон) :D ;)

Апсолутно ;). Поддршка имаш и од мене ;). Јас би одел и подалеку и би рекол и во прва и дел од втора година од техничките факултети да не се користи дигитрон ;).

или истиот тој број ќе се жртвува за наредната генерација да има задачи од типот 2х2 и 2/2

Да да, и јас исто мислам. Мислам дека нема да си дозволат да паднат 20.000 матуранти ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #4961 on 10.11.2013, Sunday, 23:50:12 »
E,па заради ова со две раце потпишувам на државна матура да се полага математика ( без дигитрон) :D ;)

Апсолутно ;). Поддршка имаш и од мене ;). Јас би одел и подалеку и би рекол и во прва и дел од втора година од техничките факултети да не се користи дигитрон ;).

Па искрено ако не го користиш тогаш, понатаму нема ни да ти треба :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4962 on 10.11.2013, Sunday, 23:51:04 »
Па искрено, срамота е да не знаеш таблица множење или да не знаеш да измножиш на рака ::). Тоа е бакалска математика, и по селата уште пред еден век го знаеле тоа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Re: Случајни муабети
« Reply #4963 on 10.11.2013, Sunday, 23:55:53 »
Па искрено, срамота е да не знаеш таблица множење или да не знаеш да измножиш на рака ::). Тоа е бакалска математика, и по селата уште пред еден век го знаеле тоа.

Па дигитрон скоро никој не користи за таблица, треба дигитрон за косинус, синус, експоненти, множење со бааги децимали. Абе и да дадат дигитрон на матура ништо нема да смени, таму нема прашање како функционира дигитронот, сака да знаеш формули за да положиш :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4964 on 11.11.2013, Monday, 00:05:08 »
Види, јас ги немам видено задачите од матура, но, да бидеме искрени, повеќето од задачите во средно што ги имам решавано по математика и на факултет, беа поставени така да на крајот ти излезе нешто како 1, 2, 3, 0 или некое слично решение. Погодени се вредностите така да излегуваат задачите и ако пресметуваш со децимали и со дигитрон, а не со дропки, секогаш ќе ти излегуваат вредности како 0.00001 место 0 или 2.99998 место 3.

Реално, дигитрон е потребен во секоја друга егзактна наука, освен математика (а колку што знам, математиката не се ни смета за егзактна наука, се смета за апстрактна наука... и јас сум се чудел од каде ова). Задачите во математиката може да се штимаат, и се штимаат, за да вредностите бидат цели бројки или „нешто*Pi“ или „нешто*e“ или нешто трето. Тоа не можеш да го правиш во реалните егзактни науки, како електрониката на пример. Во реалноста, секогаш ќе добиваш некои реални вредности кои ретко може лесно да се изразат со дропка, па затоа се изразуваат во децимали ;).

И не е поентата да ги знаеш формулите на памет. Тоа може секој да го научи, помини една недела секој ден над нив, повторувај ги, ќе ги научиш. Ама ќе ги заборавиш по два дена откако си полагал. Ако сакаш знаењето да ти остане, се знае како се учи... се решаваат тони и тони збирки и така се помни... и убеден сум во ова. Единствен начин за знаењето од математика да ти остане врежано во глава е долготрајно решавање на задачи. Така, и по 20 години може да ти текне на некоја формула... можеби не веднаш, ама ќе знаеш, ако не повеќе, од прилика како беше. Во ова сум апсолутно убеден и ми се докажало како точно во многу ситуации.