Author Topic: Случајни муабети  (Read 1126220 times)

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #4845 on 12.07.2013, Friday, 13:55:09 »
Дали можи на ТДА7375 да клам 6 оми звучник? Во даташитот само 4 се спомнува нема ни 8

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Re: Случајни муабети
« Reply #4846 on 12.07.2013, Friday, 14:04:07 »
Клај

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4847 on 15.07.2013, Monday, 23:07:46 »
Знае некој што значи „остро бичење“? Бичење знам што е, ама овој цел термин не знам што значи ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4848 on 21.07.2013, Sunday, 17:56:06 »
ке може ли некој да ми објасни како се дизајнираат аудио засилувачи, или барем да ми даде линк од некоја страна да читам литература?
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4849 on 21.07.2013, Sunday, 19:00:05 »
Дизајнирање на аудио засилувачи не е проста работа. Мислам дека си премал за оваа проблематика. Потребни се познавања од статички и динамички режим на работа на електричните кола, анализа на истите, пресметка на засилувањето, итн. Ова што го кажувам, мислам на баш професионална изработка на засилувачи, не некои склопени „на шашма“: ми се допаѓа оваа компонента, ми се допаѓа онаа и ќе си ги спојам, па како работи, работи.

Литература на форумов има еден куп за оваа проблематика, иако, да бидам искрен, тебе прво ти треба академска литература за електроника (линеарна електроника) и мноооогу решени задачи.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4850 on 21.07.2013, Sunday, 21:07:26 »
знам дека ова е тешка задача, али си велам дај да почнам уште од сега чекор по чекор да стекнам некое знаење за во иднина да ми биде полесно  :D ова бара огромна работа но трудот секогаш се исплати бидејки секогаш она што е пресметано е подобро од она што е правено "на шашма".
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #4851 on 21.07.2013, Sunday, 21:39:40 »
прво дизајнирај некое по просто коло (со 555-ка, со операциски некои) научи повеќе електроника и у меѓувреме читај книги за електроника и после некое време ке можеш да правиш такви работи..
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4852 on 22.07.2013, Monday, 01:52:26 »
Од лично искуство... прво ќе треба да потрошиш два или три табаци од 500 листа со решени задачи од линеарна електроника. И ова е само почетокот, теоријата. Додека да стигнеш до степен да можеш самостојно да дизајнираш... па може да поминат и 7, 8 години. А за навистина врвни резултати, може да се надеваш дека ќе добиеш дури по 10-тина години мактрпна работа, теоретска и практична.

Јас го имам поминато теоретскиот дел (задачите), па пак не се осмелувам самостојно да дизајнирам аудио засилувач... барем не некој кој би сакал да го презентирам во јавност.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4853 on 22.07.2013, Monday, 17:15:26 »
на мене не ми треба знаење за да конструирам комерцијални засилувачи, ми треба онака како за мене, бидејки ми се случило многу пати да најдам некоја шема ама едноставно некој дел ни ми одговара и се откажувам од неа, а доколку знам како да вршам измени ке можам да ја приспособам според моите потреби. ;)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4854 on 22.07.2013, Monday, 17:20:06 »
За вршење измени не треба толкаво знаење. Потребно е некое знаење од принципот на работа на електронските компоненти и параметрите според кои најчесто се разликуваат компоненти од ист вид, како и влијанието на дел од параметрите на компонентата врз нејзината работа. Ова не бара големо предзнаење. Електрониките од средно се доволни и по некоја книга за сервисирање на електрични уреди ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Re: Случајни муабети
« Reply #4855 on 23.07.2013, Tuesday, 00:27:27 »
Од лично искуство... прво ќе треба да потрошиш два или три табаци од 500 листа со решени задачи од линеарна електроника. И ова е само почетокот, теоријата. Додека да стигнеш до степен да можеш самостојно да дизајнираш... па може да поминат и 7, 8 години. А за навистина врвни резултати, може да се надеваш дека ќе добиеш дури по 10-тина години мактрпна работа, теоретска и практична.

Ова ти е значи стварно од збор до збор точно - спуштам капа!

После теоријата, праксата е далеку од идеални елементи :3

Металика, научи го принципот на работа на склопот и секој елемент посебно. После малку по малку ќе биде изводливо тоа што го бараш. Јас се стремам кун то, ама со моите 16 год во г‘з, недоволно образован (сепак не сум стигнал до факултет) и сл. за се има време, па ќе продолжам..се надевам до некаде ќе остварам :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4856 on 23.07.2013, Tuesday, 07:38:40 (Edited 23.07.2013, Tuesday, 07:42:41) »
Со среќа на сите кои имате таква идеја, ама не се разочарувајте ако не најдете работа која ја сакате... дури и ако завршите факултет (мислам на електро). Добро е како хоби да си го работите, ама нема пари во тоа во Македонија... освен ако не целите повисоко (странство, фирми за изработка на звучници, засилувачи, итн.), ама за ова, ви треба CV (поточно, портфолио) дебело колку еден класер ;D, а ова не се стекнува лесно ;D. Не примаат баш било кого во тие компании ;D. Особено не било кого кога во прашање е дизајнот на нивните засилувачи и звучни кутии ;). Така да, трпение ;), не се разочарувајте лесно ;) и навикнете се на неуспеси ;). Тоа е дел од инженерската професија ;).

А инаку, како и многу други, верувам дека со време, голем дел од оние кои сега се „попалени“ по аудио ќе „спласнат“, односно ќе ја изгубат желбата. Што од финансиски проблеми (да се разбереме, овој дел од електрониката, во Македонија барем, не носи пари, а во светски рамки, носи, ама треба навистина да сте незаменливи како кадар ;)), што од немање време, фамилија, секојдневни проблеми... едноставно се губи желбата кога ќе видите колку труд треба да се вложи, а што на крајот ќе излезе :S.

Како и да е, на идеалистите им посакувам среќа ;), но немојте да ги изгубите од вид најважните работи во животот... тука секако не спаѓа електрониката ;)... или можеби делумно ;D. Малку ќе ја сменам една изрека од Мерлин Монро, во електроничарски контекст ;D: „Звучниците се многу убава работа, ама не може да ве загреат ноќе во постела“ ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Re: Случајни муабети
« Reply #4857 on 23.07.2013, Tuesday, 15:32:08 »
Гига, be my guide! :D

цар!

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #4858 on 23.07.2013, Tuesday, 16:13:05 (Edited 23.07.2013, Tuesday, 16:17:52) »
Како и да е, на идеалистите им посакувам среќа ;), но немојте да ги изгубите од вид најважните работи во животот... тука секако не спаѓа електрониката ;)... или можеби делумно ;D. Малку ќе ја сменам една изрека од Мерлин Монро, во електроничарски контекст ;D: „Звучниците се многу убава работа, ама не може да ве загреат ноќе во постела“ ;).

Па нели сме електричари ке си бараме момички електро инженерки и двајцата ке чепкаме кога јас ке бидам на работа таа ке поправа се дома после се менуваме јас ке поправам таа на работа а кога двајца такви луѓе ке се спојат производ на таа љубов ке е еден мал АЈНШТАЈН.Ххехехе

Се шегувам ама не е лошо и двајцата да се разбираат во електрониката.Инку се ке ни исфрлат од дома ке станат љубоморни ке викаат ете тоа нешто повеке го сакаш од мене од детето твое така да треба да си ги чуваме момичките они да ни се први на листата хехе инаку за уши ке не тегнат ако не слушаме.хехе

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #4859 on 23.07.2013, Tuesday, 16:49:24 »
Па нели сме електричари ке си бараме момички електро инженерки и двајцата ке чепкаме кога јас ке бидам на работа таа ке поправа се дома после се менуваме јас ке поправам таа на работа а кога двајца такви луѓе ке се спојат производ на таа љубов ке е еден мал АЈНШТАЈН.Ххехехе

Се шегувам ама не е лошо и двајцата да се разбираат во електрониката.Инку се ке ни исфрлат од дома ке станат љубоморни ке викаат ете тоа нешто повеке го сакаш од мене од детето твое така да треба да си ги чуваме момичките они да ни се први на листата хехе инаку за уши ке не тегнат ако не слушаме.хехе

Проблем е што најверојатно ќе почнеш да ја гледаш како конкуренција ако она успее да поправи нешто што не си успеал, хахаахахах ;D ;D ;D. Освен тоа, искрен да бидам, до сега имам видено жени инженери, да, ги има и дел од нив, се прилично успешни во тоа што го прават ;). Но, немам видено жена сервисерка ;D. Искрено, мислам дека ова е типично машка професија и никогаш нема да има жени во оваа професија. Дел од проблемот е габаритноста на уредите :S. Која жена сама ќе дигне CRT телевизор ::). Ајде, сега малку им се олесни работата со LCD-ињава, ама пак, исекотини, плускавци од штрафцигери, стегање и одстегнување на шрафови, лепење, правење нови лежиша, бушење, шмирглање... не мислам дека е ова женска работа ;) ;D. Една од причините и поради која студентките на електро кои се на смер TK потешко наоѓаат работа е токму оваа :S. Електро инженерите кои студираа TK и се вработија баш по струка, работат се, од монтер, хитлање, бушење, поставување канали, rack-ови, па се до конфигурирање на сервери и рутери под Telnet. Ај, со овој вториов дел, понежниот пол и нема баш таков голем проблем, ама ајде да ве видам, ставете и хилта во раце на жена и очекувајте да буши како маж :S. Не иде, нели ;D. Затоа обично и не им препорачувам на помладите припаднички на понежниот пол да се запишуваат на овој смер на електро, бидејќи работодавците најчесто очекуваат да имаат на располагање и монтер, не само инженер. За нив повеќе би одговарале програмерските смерови ;), повеќе од тастатура, нема да видат ;).

Освен ова, јас лично сметам дека, баш напротив, не треба и мажот и жената да се во иста професија ;). Да, можеби подобро ќе се сложуваат за некои работи, но ова носи и определени недостатоци, кои што мислам дека се поголеми од предностите ;). Всушност, сметам дека е најдобро ако се во дијаметрално различни професии ;). Е сега, можеби некој ќе праша зошто. Ако сте во исти професии, проблемите најчесто ќе ги разгледувате од ист аспект бидејќи мозокот ви е навикат да ви работи во определен „режим“ кој сте го стекнале со работата во вашата струка... или за оние кои завршиле факултет, мозкот ви е навикнат да „работи“ во „режим“ кој сте го научиле на факултет. Значи, ни двајцата нема да можете да ги согледате проблемите од некој друг аспект ;). Затоа, сметам дека најдобро е ако партнерите се од дијаметрално различни професии, на пример, мажот е навлезен во егзактни науки, а жената во општествени ;). Така, секогаш ќе имате различни осврти и мислења околу еден ист проблем ;), еден е вашиот, пристапот од аспект на егзактни науки, а другиот е на девојка ви/жена ви, анализа на проблемот од опшптествен аспект ;). Гарантирам дека девојка ви/жена ви ќе ви спомне некое решение на конкретниот проблем на кој сигурно не ви текнало ;D. И, што е најинтересно, најчесто нејзините решенија ќе бидат подобри од вашите ;D. Зошто? Па ние не сме навикнати да размислуваме од општествен аспект ;D, ние сме одлични кога „комуницираме“ со машини, ама во реалниот свет има луѓе од месо и крв, не машини ;). Освен тоа, жените си ја имаат онаа нивна интуитивна страна, така да, во реалниот свет, и од таа страна има голема корист ;)... обично жените полесно може да забележат ако нешто „не штима“ или не е како што треба, па ќе ве предупредат на можните последици, кои, на вас, можеби не ви ни текнало дека може воопшто да постојат ;D.

Се разбира, љубовта не бира професија, така да, не треба ова што го пишав да се свати баш „здраво за готово“ ;). Што „ви се падне, ви се падне“ ;D, нема сигурно врска да си расипувате поради тоа што девојка ви студира на електро или машински ;D. Ако гледате дека се согласувате и дека немате поголеми проблеми и недоразбирања, ќе си терате и нека ви е со среќа ;).