Па нели сме електричари ке си бараме момички електро инженерки и двајцата ке чепкаме кога јас ке бидам на работа таа ке поправа се дома после се менуваме јас ке поправам таа на работа а кога двајца такви луѓе ке се спојат производ на таа љубов ке е еден мал АЈНШТАЈН.Ххехехе
Се шегувам ама не е лошо и двајцата да се разбираат во електрониката.Инку се ке ни исфрлат од дома ке станат љубоморни ке викаат ете тоа нешто повеке го сакаш од мене од детето твое така да треба да си ги чуваме момичките они да ни се први на листата хехе инаку за уши ке не тегнат ако не слушаме.хехе
Проблем е што најверојатно ќе почнеш да ја гледаш како конкуренција ако она успее да поправи нешто што не си успеал, хахаахахах
. Освен тоа, искрен да бидам, до сега имам видено жени инженери, да, ги има и дел од нив, се прилично успешни во тоа што го прават
. Но, немам видено жена сервисерка
. Искрено, мислам дека ова е типично машка професија и никогаш нема да има жени во оваа професија. Дел од проблемот е габаритноста на уредите :S. Која жена сама ќе дигне CRT телевизор
. Ајде, сега малку им се олесни работата со LCD-ињава, ама пак, исекотини, плускавци од штрафцигери, стегање и одстегнување на шрафови, лепење, правење нови лежиша, бушење, шмирглање... не мислам дека е ова женска работа
. Една од причините и поради која студентките на електро кои се на смер TK потешко наоѓаат работа е токму оваа :S. Електро инженерите кои студираа TK и се вработија баш по струка, работат се, од монтер, хитлање, бушење, поставување канали, rack-ови, па се до конфигурирање на сервери и рутери под Telnet. Ај, со овој вториов дел, понежниот пол и нема баш таков голем проблем, ама ајде да ве видам, ставете и хилта во раце на жена и очекувајте да буши како маж :S. Не иде, нели
. Затоа обично и не им препорачувам на помладите припаднички на понежниот пол да се запишуваат на овој смер на електро, бидејќи работодавците најчесто очекуваат да имаат на располагање и монтер, не само инженер. За нив повеќе би одговарале програмерските смерови
, повеќе од тастатура, нема да видат
.
Освен ова, јас лично сметам дека, баш напротив, не треба и мажот и жената да се во иста професија
. Да, можеби подобро ќе се сложуваат за некои работи, но ова носи и определени недостатоци, кои што мислам дека се поголеми од предностите
. Всушност, сметам дека е најдобро ако се во дијаметрално различни професии
. Е сега, можеби некој ќе праша зошто. Ако сте во исти професии, проблемите најчесто ќе ги разгледувате од ист аспект бидејќи мозокот ви е навикат да ви работи во определен „режим“ кој сте го стекнале со работата во вашата струка... или за оние кои завршиле факултет, мозкот ви е навикнат да „работи“ во „режим“ кој сте го научиле на факултет. Значи, ни двајцата нема да можете да ги согледате проблемите од некој друг аспект
. Затоа, сметам дека најдобро е ако партнерите се од дијаметрално различни професии, на пример, мажот е навлезен во егзактни науки, а жената во општествени
. Така, секогаш ќе имате различни осврти и мислења околу еден ист проблем
, еден е вашиот, пристапот од аспект на егзактни науки, а другиот е на девојка ви/жена ви, анализа на проблемот од опшптествен аспект
. Гарантирам дека девојка ви/жена ви ќе ви спомне некое решение на конкретниот проблем на кој сигурно не ви текнало
. И, што е најинтересно, најчесто нејзините решенија ќе бидат подобри од вашите
. Зошто? Па ние не сме навикнати да размислуваме од општествен аспект
, ние сме одлични кога „комуницираме“ со машини, ама во реалниот свет има луѓе од месо и крв, не машини
. Освен тоа, жените си ја имаат онаа нивна интуитивна страна, така да, во реалниот свет, и од таа страна има голема корист
... обично жените полесно може да забележат ако нешто „не штима“ или не е како што треба, па ќе ве предупредат на можните последици, кои, на вас, можеби не ви ни текнало дека може воопшто да постојат
.
Се разбира, љубовта не бира професија, така да, не треба ова што го пишав да се свати баш „здраво за готово“
. Што „ви се падне, ви се падне“
, нема сигурно врска да си расипувате поради тоа што девојка ви студира на електро или машински
. Ако гледате дека се согласувате и дека немате поголеми проблеми и недоразбирања, ќе си терате и нека ви е со среќа
.