Иначе прашав прееска во ВТ електроника за цена на калај,валда тој е тој Soldex Giga што го збореше,сега е 1500 денари 500грама.Дефинитивно цените им се од ракав...како на царина да работат
Мене 1400 ми кажа, како и да е, тука некаде е, а мислам и дека нема веќе од Soldex-от, сега има некој друг, исто турски, и него го имам користено и добар е, само не ми текнува дали беше подобар од Soldex-ов или не, одамна го имам користено, затоа :S.
Сеуште неможам да се изначудам како може во ВТ електроника да биде и кинески и mastech capacitance мерач да бидат по 100 евра...кинески 100 евра???...а истиот го има на ебеј за 30 долари...
Објаснив од кои причини е тоа така, знаат дека луѓево тука немаат избор, затоа :S. Сега некако малку се размрдаа работиве со online купувањево, инаку, пред тоа цените беа жива превара, ама тоа е, кога немаш избор, ќе го купиш и тоа :S.
Тоа е класична македонска работа...за жал...ако нешто добро оди одма цена се крева...
И ова држи вода, така да, само кај нас се крваат цени ако нешто добро се продава, во повеќето држави најчесто се спуштаат или евентуално се оставаат исти.
Иако, да бидеме реални, кај нас баш и нема некој пазар за вакви „специјализирани“ инструменти, како што се мерачи на капацитивност, ова она. За мултимтери само пазар има (затоа се и толку евтини, на пазар се по 200 денари), за вакви специјални инструменти, нема, џабе, нема пазар кај нас за ова... и се разбира, за да му се исплати што му стои во дуќан толку време, го продава по многу висока цена, па кој загризе, загризе, кој не, не... знаат дека „кад тад“ некој ќе се прелаже и ќе го купи
.