Законот за забрана на продажбата на алкохол после 19 часот ќе биде проширен и на консумацијата на секс во истиот временски период, најави Министерството за внатрешни работи на Македонија. Од министерството велат дека ова е уште еден чекор кон ускладување со европските правила.
„Забраната на алкохол не е доволна, вечерниот секс исто така исцрпува, така што луѓето утредента тешко се будат и неволно одат на работа“, објаснуваат од министерството. „Во ЕУ оваа одредба донесе значаен пораст на ефикасноста и продуктивноста, така што, верувајте –оправдана е во целост.“
За спроведување на ваквата одредба ќе биде надлежна специјална полициска единица. Министерството за внатрешни работи за овие потреби купи 2000 џебни телескопи со помош на кои полицијата ќе надгледува што се случува во собите на граѓаните после 19 часот. Становите на кои се навлечени завеси и кои се осветлени со придушено светло ќе бидат сметани за посебно сомнителни, така што полицијата ќе има овластување да влезе и да провери што се случува во станот.
Со одредбата исто така се опфаќа и забраната за продажба на кондоми после 19 часот.
Висината на казните за непочитување на ова правило ќе се движи во зависност од тежината на прекшокот. Па така, орален секс после 19 часот ќе се казнува со 120 000 денари, пенетрацијата со 160 000 денари, а аналниот секс ќе ги чини прекршителите дури 240 000 денари.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, изјави дека ова ќе помогне да се измени и имиџот на Скопје во светот кој, според коментарите на странските туристи, досега важел за град во кој за малку пари можеш да се напиеш и да боцнеш нешто во исто време.
хахаха што мислите вие ?