Author Topic: Случајни муабети  (Read 1123781 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3585 on 22.01.2012, Sunday, 17:41:53 »
Јас за своите години колку може да знам.

Тоа е повеќе од јасно. Никој не обвинува никого. Проблемот е што многу голем процент од членовите на форумот се средношколци. На форумот му фалат членови кои може да придонесуваат со знаење и искуство, а и со лично нивни проекти, односно членови кои не се средношколци. Не ме сваќајте погрешно, форумот е отворен за сите, и за постарите и за помладите, за децата, било кој кој сака да биде член. Значи не сакам да кажам дека средноколците не треба да бидат членови на форумот, далеку од тоа, баш напротив, тие се иднината, можеби некој ден некој од вас ќе биде движечката сила на форумов. Проблемот е што сега моментално форумот нема кадар каков што му треба, искусен кадар, тоа е проблемот.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3586 on 22.01.2012, Sunday, 17:45:00 »
Се надеваме дека и ние еден ден ќе имаме свои проекти и креации.
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3587 on 22.01.2012, Sunday, 17:45:43 »
Се надеваме дека и ние еден ден ќе имаме свои проекти и креации.

Точно, и јас се надевам ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3588 on 22.01.2012, Sunday, 17:48:55 »
На форумов му се потребни луѓе - електроничари кои се занимаваат со електрника - сервисери или некои мајстори ама тие најчесто не сакаат да го споделат своето знаење. Ретки се оние кои професионално се занимаваат со електроника а сакаат да го споделат знаењето..
На мене, на пример, електрониката ми е хоби, професионално се занимавам со нешто друго, доколку можам на некој да помогнам, помагам, .. Но сепак едно е хоби, работиш кога имаш слободно време, а друго е да работиш секојдневно со електроника поголемо знаење и искуство имаш.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3589 on 22.01.2012, Sunday, 17:50:22 »
Сега конкретно на мене ми останува да ги гледам вашите проекти кои сте ги направиле и да се потрудам да направам и јас нешто т.е да поднаучам нешто од вас  :)
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3590 on 22.01.2012, Sunday, 17:59:36 »
Сега конкретно на мене ми останува да ги гледам вашите проекти кои сте ги направиле и да се потрудам да направам и јас нешто т.е да поднаучам нешто од вас  :)

Точно, вие сте млади, тоа останува н вас ;). Но и да пренесете некое искуство со проекти кои до сега ги имате направено, што гледам дека, барем до сега, го правите ;).

На форумов му се потребни луѓе - електроничари кои се занимаваат со електрника - сервисери или некои мајстори ама тие најчесто не сакаат да го споделат своето знаење. Ретки се оние кои професионално се занимаваат со електроника а сакаат да го споделат знаењето..
На мене, на пример, електрониката ми е хоби, професионално се занимавам со нешто друго, доколку можам на некој да помогнам, помагам, .. Но сепак едно е хоби, работиш кога имаш слободно време, а друго е да работиш секојдневно со електроника поголемо знаење и искуство имаш.

Точно така. Дури и да му е хоби на некој од членовите, потребни се членови кои имаат долгогодишно искуство во оваа област, без разлика дали е тоа сервисирање, дизајн на определен тип на уреди, пишување на софтвер, што и да е. Проблемот е што нема такви луѓе или е многу малку на број. Бројот на членови е далеку поголем од бројот на ваков тип на луѓе.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3591 on 22.01.2012, Sunday, 18:01:32 »
Во Штип нема услови да правиш проекти пошто делови можеш само да купиш од *Рием* што се 3 пати поскапи од Алфа.
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3592 on 22.01.2012, Sunday, 18:09:48 (Edited 22.01.2012, Sunday, 18:12:06) »
Во Штип нема услови да правиш проекти пошто делови можеш само да купиш од *Рием* што се 3 пати поскапи од Алфа.

Не обвинувам никој, едноставно ситуацијата е таква каква што е, а зошто е таква, се разбира дека голема улога игра и целата ситуација во државата, немаштија, недостапност до делови за проекти или нивна превисока цена. Едноставно тоа е тоа. Јасно ми е дека ситуацијата е тешка и се разбира дека тоа се рефлектира и на форумот, како и на многу други полиња, но тоа не го менува фактот дека на форумот едноставно му фали кадар.

Затоа и гледаме да се ангажираме повеќе околу овој проблем. Се планира нешто во администрацијата, ако се излезе како што треба, за некое време ќе се презентира се ;).

ПС: Еден совет до сите оние кои имаат проблеми со наоѓање на делови. Кажете им на сите ваши соседи, пријатели, роднини, ако имате нешто за фрлање, телевизор, систем, мобилен, полнач, било што, прво да ви го понудат на вас. верувајте, барем 50% од деловите сигурно ќе ги соберете од стари уреди ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline puknati

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 160
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3593 on 22.01.2012, Sunday, 18:11:34 »
На форумов му се потребни луѓе - електроничари кои се занимаваат со електрника - сервисери или некои мајстори ама тие најчесто не сакаат да го споделат своето знаење. Ретки се оние кои професионално се занимаваат со електроника а сакаат да го споделат знаењето..
На мене, на пример, електрониката ми е хоби, професионално се занимавам со нешто друго, доколку можам на некој да помогнам, помагам, .. Но сепак едно е хоби, работиш кога имаш слободно време, а друго е да работиш секојдневно со електроника поголемо знаење и искуство имаш.
Потполно така, на многу од нас електрониката ни е само хоби, и кај мене е тој случај, едино во што сум успешен од електрониката е изработка на кола од Емитер, нажалост тешко ми оди проучувањето на принципот на работа на непозната шема, (во Емитер бар има објаснување), незнам да поправам ТВ, икрено.
Али не е точно и дека од форум не може да се научи :), теорија не, али учиш од грешките и искуствата на другите... со еден збор практичните проблеми...
Не е дека не сакам да помогнам, едвај чекам да помогнам и да набивам постови на форумов, али сепак тоа да не се офф постови.
За крај поздрав до сите членови на форумов и само така продолжете, имаме најдобар форум на балканот, и од сите форуми на кои сум член на овој правилата се најстроги, можда затоа и е најдобар :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3594 on 22.01.2012, Sunday, 18:15:19 »
Потполно така, на многу од нас електрониката ни е само хоби, и кај мене е тој случај, едино во што сум успешен од електрониката е изработка на кола од Емитер, нажалост тешко ми оди проучувањето на принципот на работа на непозната шема, (во Емитер бар има објаснување), незнам да поправам ТВ, икрено.
Али не е точно и дека од форум не може да се научи :), теорија не, али учиш од грешките и искуствата на другите... со еден збор практичните проблеми...

Проблемот е што нови уреди или подобрување на веќе постоечките не се прави со практично искуство, потребо е и теоретско знаење. Ако не се познава принципот на работа на определен уред, не може истиот да се подобри или да се направи нов врз база на тој дизајн. Таков тип на луѓе му фалат на форумот.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3595 on 22.01.2012, Sunday, 18:30:13 »
Те например колку пари е кај вас LM3915 ?
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #3596 on 22.01.2012, Sunday, 18:37:07 »
Те например колку пари е кај вас LM3915 ?

Искрено, не знам, но не би требал да биде повеќе од 70-тина денари, порано поскап беше, ама сега не би требало да биде повеќе од тоа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3597 on 22.01.2012, Sunday, 18:37:43 »
Во Штип цената е 195ден.
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #3598 on 22.01.2012, Sunday, 19:12:06 »
околу 100 денари се движи цената за тој интегралец
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #3599 on 22.01.2012, Sunday, 19:17:45 »
А отпорниците по колку се кај вас ?