Не купувајте зеленчук или овошје од битпазар или отворете ги очите 16, ама најдобро не купувајте оти веројатноста да ви продадат снешто скапано а маскирано е голема. Кога мислам голема, не од се што ке купите, се да не чини, туку може да треба да фрлите 2-3kg од еден производ. Дали ова го прават само за нас или за сите не знам...
И онака не одам на битпазар, барем не зимно време
. Летно време одам, ама бирам, секој патлиџан, пиперка, што и да е, прво оди на инспекција кај мене пред да отиде во ќесето
.
Х7 серијата мауси се прецизни ,имаат цел куп копчиња ,се програмираат и до 10 потези на едно копче ( за наоружување,за не знам криење,за маскирање...) Има некои со вграден кулер за ладење на чаката(да не ти се поти летно време).Е сега подлогите за Кантер се отприлика 50х30 цм гумирани и на нив се постигнува брзина и прецизност во однос на конкурентите и не знам што уште - цена 350-500 ден зависи од материјалот и големината. Ласерските (овие Х7 не се ласерски!!) добро работат на шарена површина,на мазна- стакло- и тоа е предноста.
Епа пак излгеува така како што кажав, треба на „жими мајка“ да верувам на тој што ќе ми го продаде маусот дека ќе ми фати на моите „чкљ“ подлоги, а да менувам цела маса или да ја пребојувам само поради тоа што маусот на ми фаќа на неа, не планирам.
Муабетов е, најди некои гејмери и замоли ги да ти ги позајмат маусите на неколку часа, пробувај и кој ќе фати, тој купи го
. Само што и до сега сум позајмувал, и искрено, овој маус кој моментално го користам најдобро фаќа (иако и овој е далеку од добар, најдобро ми се фаќале track-ball, ама па треба да ги чистам, ова она
), а далеку е од гајмерски маус, ласерски е, ама не е гејмерски (ми го даде некој муштерија, као демек расипан бил, само кабелчето беше прецвикано, си го средив и си терам со него
).