Интересно, ама ова се "Седумте светски чуда на природата", а не "Седумте светски чуда" во кој спаѓаа древните како Кеопсовата пирамида, Висечките градини во Вавилон, Колосот од Родос ..., а сега се избрани нови и тоа:
1. Кинескиот Ѕид (Кина граден од 1368 год. до 1644 год.)
2. Петра (Џордан откриен 1812 год.)
3. Статуата на Исус Христос (Рио де Жанеиро, Бразил 1931 год.)
4. Пирамидите во Мачу Пикчу (Перу 15 век)
5. Пирамидата Чичен Ица (Мексико)
6. Римскиот Колосеум (Рим 476 година)
7. Таџ Махал (Агра, Индија 1632 година)