За некое време ке почне со работа ВИП (VIP) дел на форумот, за разлика од порано каде предуслов беа бројот на постови а со тоа голем дел од стручните членови не успеаа да влезат поради тоа што, кога ке остават некој коментар тоа најчесто е помош, стручно, мислење и сл. а од друга страна некој што генерира прашања, па така во неколку дена ке напише 500 постови и ке влезеше во ВИПот.
Планираме да воведеме бодување со тоа што, за објавена тема во која членот претставува некоја добра шема, слика од проектот,
потоа стави слика од лично дека го има изработено тој склоп и има напишано рецензија и коментар за тој уред, ке добие најмногу поени. Нешто помалце поени би носело некој подобар туторијал. Помалце поени би носело, стручна помош кон одреден член или пак објавена шема која е превземена од некој друг сајт но истата не ја има на форумот. На пример доколку се објави шема за појачало со TDA2003, а веке таква шема има сигурно не би се дале тие поени, односно да не се ставаат дупли или многу слични шеми со цел да се извлече поени за влез во ВИП делот. Исто така, членовите на ВИП делот би требало да се цело време активни, а не како порано каде, целта беше да се влезе во ВИП делот а потоа активноста паѓаше на 0.
Ова значи е само пример како би била шемата за влез во тој дел од форумот, а секако сеуште не е конечна верзија