Добро, прашањето е дали можеш да му веруваш или не. Ако е некој мој добар пријател, можеби би му дозволил, ама и тогаш со резерва. Во денешно време никој на никој не верува, поради тоа и не веруваат газдите на ваквиот тип на „услуги“ од страна на некои поединци, дури и да се бесплатни.
Инаку, хакерите имаат добиено лошо име баш поради ова. На почетокот, уште во 80-тите, кога прв пат почнува на лобално ниво да се воведува компјутеризација на осигурителни компании, банки, итн., хакерите биле многу почитувани бидејќи им ги предочувале ризиците од надвеорешно упаѓање на истите, па компаниите ги закрпувале тие дупки во нивниот сигурносен систем. Но, со појавата на Kevin Mitnick, се тоа паднало во вода бидејќи бил прв кој пробал да го искристи тоа знаење за свој сопствен ќар, а не за да помогне. Затоа и не е баш најомилен тип во хакерските кругови... им го има оцрнето името и сега сите мислат дека тоа е некоја тешка криминална работа... не дека не може да биде ако сакаат, ама ова е истата ситуцаија како со динамитот, зависи во кави раце се наоѓа.
Во „моралните“ хакерски кругови, постои работа која се вика harmless hacking и во принцип, сите кои се „морални хакери“, само така хакираат. Гледаат да провалат во некој систем, провалуват и разгледуваат што има можеби, ова она, и си излегуваат од системот. Не вршат никаков тип на дејствие со кое би се забележало нивното присуство во системот, дури и копирање на фајлови од системот. Ова правило важи и ден денешен, но веќе терминот има изгубено на значење, а моралот веќе и да не постои, така да... оцрнето им е името засекогаш.
Патски хакер е кога напаѓа надвор (со повод) а никако внатре на своите сајтови оти тогаш е предавник.
Колку што знам, кај нив има само предваници на „каузата“ која важи универзално, you don't rat out another hacker. Истото важи и во cracking круговите, никој со никој не се „тастари“, затоа и имаше голема „џева“ кога се дозна дека H2О соработувале со Steinberg определен период. Ај што земале пари за да не прават нови crack-ови на новите производи на Steinberg, туку згора на тоа дале и IP адреси на некои од пореномираните луѓе во тие кругови. Имаше и апсење, чуда, врагови ова она, многу mirc канали (стандарден начин за комуникација во ваквите типови на заедници, по паѓањето на BBS системите, ова беше некако најадекватна замена) беа затворени, луѓе се криеја, не идеа online... турбулентен период беше тоа, 2006 и 2007. Се заврши и таа приказна, ама никој со нив не сакаше да работи повеќе, они се изгубија, ни трага ни глас веќе никој од нив не чул, освен шпекулаци, као демек „KazierSoze сега се потпишувал со CrystalX и е дел од INFiNiTY“ и некои други рекла-казала муабети, а дали е навистина така, никој не знае
.