ај дајте некој предлог за што да се има во работилница,сакам да направам уреди некои,односно инструменти.Го обновив(денеска) стариот дел од мојата работилница и сакам некој предлог што да правам.Какви инструменти да поставам.До сега имам 4 напојувања од кои се две со непроменлив напон другите со променлив.Имам ЛЦР метар,сега правам ЛФЦ метар и оној тестер за диоди,ФЕТови и транзистори.Ај ако може да ми дадете некој предлог дека имам ептен многу неискористени кутии, дури немав место да ги ставам во новиот дел(се снајдов и ги сместив на крај ).Слики ќе поставам од утре натаму,дека сега ќе искачам
Почни нешто да поправаш, одма ќе видиш што ти фали
.
На пример ESR метар, можеш да мериш ESR на кондензатори доколку ги вадиш од стари уреди или да измериш ESR на кондензаторите на уреди кои ги поправаш или слично
. Исто можеш да си направиш и едно такво ситно (зо зборовите бна LordZi
) „универзално адаптерче“
. Исто можеш да направиш генератор на висок променлив напон, на пример од 20V до 380V (и јас сум во план нешто вакво да правам
, некогаш е потребен, колку за поларизација е доволно да се има некој ваков генератор на висок напон, инаку немора да дава некоја многу голема јачина на струја
). Можеш да направиш посебни испитно сонди со челични игли на врвовите (имам вакви направено, поточно една, другата е штипка, за врзување на маса), при дизајнирање и сервисирање на уреди се покажуваат како доста практични
, одлично се „врзуваат“ за лемните места, за разлика од другите купечки сонди кои некогаш може и да не направат баш добар контакт, особено кога плочката е лакирана од долната страна, или ако станува збро за SMD компонента
. Исто така се доста корисни за мерење на анпони низ кабли кои не смеете да ги „огулите“
,. само ја брцнувате иглата низ кабелот и мерите
. Само пазете, овие сонди се одлични, но само за мерење на напони, за мерењена струи, особено струи со јачина над 1A, не се препорачливи
.