Author Topic: Случајни муабети  (Read 1119805 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #2085 on 07.06.2011, Tuesday, 03:06:15 »
алфи отепале дете? гојда гррррррррррр

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #2086 on 07.06.2011, Tuesday, 09:58:00 »
алфи отепале дете? гојда гррррррррррр

И претходно се има случено, мислам дека беше 2001 или 2002 (можеби малку порано или подоцна), јас средно бев знам, ама со НТШ, и тогаш протестираа и пак не признаа дека такво нешто се случило :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Re: Случајни муабети
« Reply #2087 on 07.06.2011, Tuesday, 10:52:35 »
Џабе ова убиство нема да се разреши никогаш. Сететесе што се случи во Грција пред некоја година кога кај нив еден полицајец уби еден малолетник 3-4 недели беа на улуци протестираја бараја да ја разрешат работата па фате божик или кој празник беше тогаш па така запреја со протестите инаку кој знај колку ќе трајеа. А кога кај нас така сите се плашат да излезат да протестираат на улица да не им се сличи нашто слично и си велат да си гледам радотата и да седам мирен, а ако тоа им се случи на некој до нив дури тогаш ќе сватат. И срамота за полицијата да си го тепаат и убиваат својот народ.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #2088 on 07.06.2011, Tuesday, 12:22:00 »
На фејсбук видов вчера се направи една група, Стоп за полициската бруталност. Нешто во тој стил беше името. Верувале или не за само неколку часа имаше над 3500 члена. Секоја секунда нов коментар од граѓани. Видов неколку коментари од граѓани кои викаат дека пишале коментари на групите на јанкуловска и на други групи но тие коментари биле веднаш бришени. Зошто ??? Што е работата? Најлошото е што сега кога сакав да видам што се пише на таа група веке е касно, групата е избришана. Така да ако ја претераме со зборување, сочуства и жалење за убиеното дете може..... (знаете што)

П.С. На таа групата на фејсбук често пати беа спомнувани грците како пример за морал и чест. Ако за 15 годишно момче ја демолираа Атина. Кај нас помина со мирен протест на неколку стотици другари и познаници на Даниел.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #2089 on 07.06.2011, Tuesday, 13:39:24 »
Џабе ова убиство нема да се разреши никогаш. Сететесе што се случи во Грција пред некоја година кога кај нив еден полицајец уби еден малолетник 3-4 недели беа на улуци протестираја бараја да ја разрешат работата па фате божик или кој празник беше тогаш па така запреја со протестите инаку кој знај колку ќе трајеа. А кога кај нас така сите се плашат да излезат да протестираат на улица да не им се сличи нашто слично и си велат да си гледам радотата и да седам мирен, а ако тоа им се случи на некој до нив дури тогаш ќе сватат. И срамота за полицијата да си го тепаат и убиваат својот народ.

Да знаете кои се се дел од Алфите, и вие ќе бегате од нив. Со такви луѓе нема муабет, само тргни им се од патот, и полицијата се трга од нив (имам видено).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #2090 on 07.06.2011, Tuesday, 13:44:47 (Edited 07.06.2011, Tuesday, 13:46:29) »
Како што ми имаат кажувано луѓе и како што прочитав на веке затворената ФБ група, тоа се тешки криминалци и наркомани. Еден човек од групата викаше дека кога бил на пивофест пред некоја година некој од алфите му се фалел, како они фатиле некој пијан човек и толку многу го тепале што самите се измориле од тепање и гарантирал дека ни родена мајка нема шанса да го препознае. Буквално му го смениле личниот опис. За овој случај ниеден медиум не кажа, да не беше тој ФБ член немаше да дознаам за монструозното иживување над невини луѓе. Потоа тој му рекол на алфата, со кое право тепате луѓе. Тој одговорил дека имаат овластување секој што ке ги допре да го претепаат а тек ако им се спротистави или им бега.... знаете што... ефектот со детето беше очигледен.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #2091 on 07.06.2011, Tuesday, 13:48:37 »
Таа едниница треба одамна да се затвори, имаше едно време протести (ако ви текнува) и притисок од граѓаните за затворање и распуштање на единицата, бидејќи имаат преголеми овластувања, се падна во вода, ништо не се направи.

Затоа, личен совет, од човек кој се има „изгорено“, не се мешајте во вакви работи, на крајот може само да настрадате. Терајте си работа и ако имате можност, не седете тука, одете кај ќе одите, само не тука.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #2092 on 07.06.2011, Tuesday, 13:55:19 (Edited 07.06.2011, Tuesday, 14:00:34) »
сосема си во право. но тоа е само прашање, дали може да се оди од тука.... иначе ме загрижи она што го рече дека и полицијата бега од силеџиите. Тоа е веке страшно.
Најголем проблем е што народот не е воопшто храбар, нема морал, нема чест, нема чуство, нема осет, се едно му е што се убиваат деца.... затоа куп луѓе изјавија дека има многу да учиме од грците. Како ние да се избориме и за името и за се останато со нив кога тие се сплотени и сите се како 1, кај нас како кукавици да се повекето а само мааал дел се навистина храбри.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #2093 on 07.06.2011, Tuesday, 14:30:11 »
алфи се ептен гадни луѓе, го имале претепано некој припадник од тигрите толку што човекот се измочал во гаќи....па колку треба да те тепаат за такво нешто возрасен човек да направи... а и убаво вика гига, подобро бегај им од патот дека се ептен  забегани...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #2094 on 07.06.2011, Tuesday, 14:34:13 »
Проклет нека е денот кога ги промовираа алфите, кој црн ден беше тоа. која црна влада.... сите се црни,  никој не се најде и да ја распушти таа единица
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #2095 on 07.06.2011, Tuesday, 15:28:31 (Edited 07.06.2011, Tuesday, 16:01:09) »
Од канал5 а посебно од сител нема теоретска шанса да очекуваш објавување на веста за убивањето на детето. Барем не, се додека не стане апла работата. Јанко јади бурек тенденциозно ги бранеше алфите. Сега слушнав на Алфа телевизија дека вчера сам се пријавил припадник на тигрите и го признал убиството. Но рекоа дека детето не се вика Даниел и и е родено 1989та година. Потпаролот на МВР изјави дека сите фејсбук групи ги блокирале бидејки се повикувало насилство. На групата стоп за полициската бруталност имало над 15 000 членови и тоа само за неколку часа!!!! Ова е рекорд! Јас до 1 саатот по полноќ ја следев групата и забележав дека се повикуваше на МИРНИ ПРОТЕСТИ, а кој извртува во насилни Бог нека му суди. Останува нерешено прашањето, зошто се полицијата блокира групи на кои се вика Стоп за полициската бруталност. И зошто сите оние луге што рекоја дека пишале прашања на групата на Јанкуловска, сите прашања околу случајот биле избришани. И зошто еден цел ден институциите молчат а да не збориме за, канал5 и особено сител. Дали поради слободното изразување на народот се блокираат групи а со тоа да се спречи демократијата останува да видиме. Како што кажа Алфа ТВ, запознаени се меѓународните институции и медиуми.

На форумот кајгана за само 22 саати, на темата Припадник на полицијата претепал момче до смрт на плоштадот Македонија се испишани цели 50 страници. ОВА Е РЕКОРД!

П.С. Неколку членови ми рекоја дека сакаат да пишат на темата и да кажат свое демократско мислење но храброста потисната од стравот ги спречило.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #2096 on 07.06.2011, Tuesday, 15:36:20 (Edited 07.06.2011, Tuesday, 15:38:11) »
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Случајни муабети
« Reply #2097 on 07.06.2011, Tuesday, 16:00:35 »
На кајгана за помалце од 23 часа се испишаа 52 страници, секоја секунда гледам нов коментар. За повеке информации за случајов ке прочитаме на темата. Кој сака може да дискутира тамо. Овде само неколкумина дискутиравме, што не е интересно да само неколкумина пишеме.
Code: [Select]
http://forum.kajgana.com/threads/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D0%BB-%D0%BC%D0%BE%D0%BC%D1%87%D0%B5-%D0%B4%D0%BE-%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.51647/
Им Благодарам на GW, Bojan, Ace-bitola и на другите што коментиравте на темата. Секој коментар го ценам и ке го имам во предвид при распределба на бенефиции во иднина.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #2098 on 07.06.2011, Tuesday, 16:04:51 »


Ништо ново, исто имаат правено и со многу други телевизии, само не со веб сајтови, туку со предавателите, ако ви текнува, на некои телевизии за време на избори (пред околу 7, 8, 9 години, па и пред тоа, одкако се осамостоивме) истото се случуваше, им ги гасеа предавателите на некои телевизии.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #2099 on 07.06.2011, Tuesday, 17:46:18 »
Eве што кажува А1


Quote from: A1
22-годишниот Мартин Нешковски од скопската населба Козле е момчето што го загуби животот на плоштадот Македонија, за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ во неделата.

Обдукцијата покажала дека на момчето му бил скршен носот, а левата страна од телото му била речиси распадната од удари.

Според МВР, убиецот е Игор Спасов, 33-годишен припадник на „тигрите“ - единицата за специјални задачи која го обезбедувала плоштадот додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата. Мотивот за убиството се уште е непознат, а Спасов е на распит во полициска станица.

По 40-часовен молк, случајот почна да добива разврска - полицијата два дена се обидуваше да се дистанцира од она што се случило на плоштадот. Велеа дека на момчето му се слошило и покрај тоа што изјавата и на денешниот сведок што за А1 го обезбеди „Нетпрес“, го говореше спротивното.

„Само што стигнав на плоштад на „Баскер фест“, едно момче беше затрчано, се сопна. Го тепаше еден дечко, го видов, забележав дека е Алфа, поради пиштолот.

- Од таму дојдоа уште два-тројца. Крвнички го тепаше, помислив дека ќе го носат во болница, го фрлиле детето.

Како беше облечено?

- Беше облечено во кремаста маичка со црни риги, панталоните не се сеќавам дали му беа кремасти.

Прашавте ли што се случило?

- Сакавме да прашаме, ни викаше тргнете се, тргнете се, детето молеше - не ме тепајте, не ме тепајте, молеше но, не го послушаа. Крвнички го тепаа.

Што се случи потоа? Остана телото тука на плоштад?

- Го кренаа на клупата, дојдоа уште еден или двајца, со шамари го осветсуваа, не реагираше веќе, проверуваа пулс и дали дише. Го фатија и го одвлечкаа накај тревата.

Како беа облечени? Дали би ги препознала?

- Би го препознала дечкото, бев тука, се гледав. Дојде полиција, обезбедување дојде и ништо не направија.

Како изгледаше?

- Беше ќелав со тетоважа на рамото, со пиштол.

Се славеше победата на плоштад?

- Во тој момент имаше и „Баскер фест“ и ВМРО-ДПМНЕ што славеа.

Тука беше премиерот, лидерите?

- Беа тука сите, зборуваа од другата страна. Искрено ми е страв, сепак полиција, алфи и јас можам да имам проблеми. Уште од самиот старт дечкото се закануваше, велеше да се тргнеме, но не се тргнав. Навистина ми е страв но, правдата мора да излезе. Ова може да се случи на секого, вели сведокот.

„Гледам само еден дечко како го бркаат и одеднаш падна, се сопна, помеѓу клупа. Му мавна еден бокс, брутално, бокс, нога во глава, го фати за глава и во клупата го удри и пак уште еден бокс. И кога виде дека не мрда, го крена на клупата, почна да се преправа божем вода дека бара и зема го попрска. Ги викна другите од обезбедувањето, дечкото не даваше сигнали на живот, воопшто немаше“, рече сведок на бруталното тепање.

Сведокот што вчера го сними А1, веднаш откако ја дал изјавата, заминал во полициска станица и пријавил дека видел убиство. Но, полицијата вчера се обиде да го маргинализира овој случај.

„Таков настан воопшто не е пријавен во МВР и доколку имате било какви сознанија и информации ви стоиме на располагање за да го пријавите настанот“, изјави Иво Котевски.

Денеска Котевски го призна случајот.

„Во текот на денот, по целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Истиот заедно со доказниот материјал ќе биде изведен пред надлежен истражен судија“, рече Котевски.

Според денешните изјави од полицијата, 22-годишното момче било идентификувано врз база на отисоци, а телото го идентификувал неговиот брат.

Досегашните информации говорат дека припадникот на Тигрите се бранел дека не знаел дека го убил момчето. Кога слушнал за тоа од медиумите, вчера, дури 12 часа по убиството, се пријавил кај својот старешина.

Code: [Select]
http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=11/meri1-07-06.wmv&VestID=139049
If you're good at something, never do it for free... -Joker