Бојан, за пилест сигнал незнам ќе видам што како, како мислиш серија импулси ?
Со серија од импулси и интегратор можеш да направиш „нормален“ пилест сигнал, инверзен се прави со диференцијатор
. Само што горната гранична фреквенција ќе биде далеку од 5MHz :S. Тоа не е возножно, може да оди до кај 500 или 600KHz, но потоа ќе мора со преклопник да се менува кондензаторот, инаку ќе добиеш преголемо искривување на сигналот :S. Ќе почне да личи на „искривена пила“, веќе ќе почне да влијае времето на полнење и празнење на кондензаторот :S.
Овој метод не е баш најдобар, најдобро е ако може пилата директно да се генерира од DAC-от, но тоа е скоро невозможно, барем не на максимална фреквенција од 5MHz. DAC со толку висока гранична фреквенција мислам дека не постои :S. Или постои, ама е екстремно скап :S.
сегде прочешлав, нјдов нешто од Cirrus Logic 24 битен D/A конвертор, ама ќе имам проблем со генерирањето на сигнали пошто е 96кHz само
и најдов еден од Analog Devices DDS 1-100MHz кој подоцна би можело да се користи во дизајнот, за замена од онај кој планирам сега да го користам
Ама па долна гранична на овој му е 1MHz, што правиш под 1MHz :S. Плус, плочката треба да биде „беспрекорна“ за да може правилно да изгенерира сигнали со фревенција од 1MHz, а за поголема фреквенција па, да не зборуваме :S.
Мислам дека ако успееш да изгенерираш правилна бранова форма на сите типови на сигнали барем до 500KHz и со барем 24 битна резолуција, ќе биде одлично. Сметај, ако горна гранична му е 500KHz, DAC-от треба да има sample rate од 1MHz (Најквистов закон), што е далеку од едноставно да се изведе, барем не при 24 битна резолуција :S.