Пробајте со mikroC, јас барем со тоа IDE учам
. Има и една книга, Programming in C using mikroC, не знам од каде ја најдов, ама по net-ов сигурен сум дека ја има. Во неа се објаснети основните поими од градбата на еден микроконтролер, до основни програмски структури во програмскиот јазик C, резервирани зборови, дефинирање на променливи... во принцип се што ви треба за да почнете со програмирање на микроконтролери
. И се разбира, работење во IDE-то на Mikroelektronika, mikroC
.
Само ќе предупредам дека ова не е брз курс по учење на програмски јазик (реално гледано, такво нешто и нема, ако веќе сакате на брз, забавен и едноставен начин да научите да програмирате во C, прочитајте ја C for Dummies од Dan Gooking, мислам дека ја имав ставено на форумов во секцијата за книги, ако ја нема таму, побарајте ја по net-ов, сигурен сум дека ја има на некои rapidshare link-ови). Треба барем малку да се разбирате од електроника (особено дигитална), логички порти, нивна употреба, итн. Значи ова не е за тотални почетници (за луѓе кои почнале со навлегување во светот на електрониакта пред месец дена). Ако не се разбирате од дигитална електроника, прво прочитајте некоја постара книга за дигиталната електроника (препорачливо, некоја од 1980-тите) за да ги научите логичките фамилии, градба на логичките кола, типови на логички кола, итн., па потоа префрлете се на учење на програмирање на микроконтролери
.
И за крај, како совет за сите кои сакаат да научат програмираат (општо, не само микроконтролери), почнете со програмскиот јазик C. Најблизок е до асембвлерот како јазик (тоа значи исто така дека најкомлицирано дефинирање на наредби има, но затоа па потоа најлесно ќе се префрлите на било кој друг програмски јазик). Јас ја имав таа „несреќа“ (не е баш несреќа, ама ај така ќе се изразам
, инаку секое стекнато занење е од корист
) прво да учам Pascal (кој реално гледано е застарен и веќе никој не го користи, освен можеби неговата GUI верзија, Delphi), а подоцна фатив да го учам C, и видов колку предности има C пред Pascal и Basic (како на пример дефинирање на loop-ови, што баш како loop команда го нема во скоро нитуеден high level programming language, што со најмал број на команди се преведува директно воа ASM код на адекватниот микропроцесор/микроконтролер за кој е наменет кодот/програмата
). Не сакам некој да ме свати погрешно дека вршам некаков си вид на реклама на програмскиот јазик C (он си се има сам докажано дали е и колку е добар
), само сакам да им помогнам на оние кои сеуште немаат почнато, да се помачат малку повеќе, но потоа да можат полесно да edit-ираат кодови и полесно да влезат во светот на асемблерот
(дека ако сте почнале да програмирате микроконтролери и сте почнале сами да пишувате „програми“ за нив, кај и дае ќе морате да навлезете и во таа свера
, а со помош на C многу полесно ќе ја направите таа транзиција, не за џабе сите оперативни системи се напишани во чист C
).