побарав со search-от,и ми најде едно со место во Windows-от на компјутерот.Дали на тоа така да му направам?Го отворив со Нотепад,и има некои букви арапски т.е. мислам дека не е тоа тоа што го барам
Има ли екстензија .ini или некаков друг тип на екстензија има? Ако е .inf, не е тоа што ти треба, провери дали екстензијата е .ini
. Ако не е, не го чепкај.
Значи вака сега, прво го инсталираш Eagle. Потоа го инсталираш Eagle3D.
http://prdownload.berlios.de/eagle3d/eagle3d_20110101.exe
Потоа ги симнуваш сликите. Спакувани се во .zip архива. Најверојатно се ставаат во некој images или IMG фолдер во оргиналниот инсталационен директориум на Eagle3D. Тој дел баш не го сватив
.
http://download.berlios.de/eagle3d/eagle3d-img-20110101.tar.zip
Потоа го инсталираш POV-Ray.
http://www.povray.org/redirect/www.povray.org/ftp/pub/povray/Official/Windows/povwin362-32bit.msi
Прво, ќе го најдеш инсталациониот директроиум на Eagle3D и ќе го побараш во него фолдерот POV-Ray. Сите фајлови од тој фолдер ќе ги ископираш во фолдерот include кој се наоѓа во инсталациониот фолдер на POV-Ray.
Отвораш некое PCB правено во Eagle. Потоа бараш каде е локацијата на ULP фајловите од Eagle3D. Кликаш File-->Run на Eagle и ги бараш ULP фајловите. Ако користиш верзија на Eagle 4.1X, го отвараш 3d41.ulp фајлот, ако е постара верзијата, го отвораш 3d40.ulp фајлот. Стисни Open и ќе ти се отвори нов прозорец кој треба да го генерира фајлот (скриптата) кој му е потребен на POV-Ray за да може да направи 3D модел од плочката. Потоа кликаш Create POV file and exit. Потоа го отвораш POV-Ray, го отвораш со него изгенерираниот POV фајл и кликаш Run.
Колку што разбрав од текстот, тоа е тоа
.