Дај бре кажете како ги бушите плочките,какви бормашини користите?
Јас користам обична бормашина (купена од пазар пред едно 10-тина години), без конрола за брзината на ротација (има само прва и втора брзина), на футерот се фаќаат бургии од 1mm, иако на него пишува дека се фаќаат бургии од 1.5mm па до 13mm. Пред да ги избушам дупчињата, прво им правам „лежишта“ на бургијата на плочката (за да не „залетне“ на лево или на десно) со шило и чекан (за шило може да се користи и некој модифициран стра шрафцигер, избруцен да изигрува шило), и потоа ја поставувам плочката на менгеме (по можност некое мало) и пред и зад плочката поставувам парчиња дрво (иверка, обично дрво, било каков тип на подебело дрво, би одговарало, само да не е потенко од 10mm), гледам задната страна од плочката да е цела покриена со парчето дрво (парчето дрво да е поголемо од плочката за да не „залетне“ бургијата нанапред одкако ќе ја направам дупката, па футерот несакајќи да исшмиргла, односно прекине некој вод од плочката), а на предниот дел дрвото го ставам за да не се оштетат водовите од предната страна на плочката од металните стеги (држачи) на менгемето. Се разбира, за предната страна на плочката избирам помало парче дрво (помало од големината на плочката) за да може да ги гледам водовите и претходно обележаните „дупчиња“ (не се прават баш дупчиња, повеќе е обележување каде треба да се буши за да не зашантра бургијата бидејќи овие бормашини се доста моќни па имаат голем вртлив момент, што автоматски значи дека може при самиот старт на бормашината, ако имате некоја постара како мојата, без градиентна контрола на брзината на вртежите, како што имаат повеќето понови бормашини, да дојде до излетување на бургијата од саканата локација и правење на дупче на некое место блиско до саканото, што може да предизвика оштетување на вод или лемно место). Прво дупчам од едната половина на плочката (или едната четвртина, третина, зависи од тоа колкава е плочката и колкав дел од плочката ми е стегнат под менгемето), па после останатиот дел (делови) со ротација на плочката (ако ми е избушен горниот дел, го одстегнувам менгемето, ја ротирам плочката на страната која не е издупчена и продолжувам со бушењето се додека на ја избушам целата плочка
).
Овој метод не е баш најадекватен за бушење на вакви ситни работи, ама до сега ми вршел работа и не планирам д аго менувам, премногу пари коштаат оние малечкине бормашинчиња за плочки, а футерите им се релативно неквалитетни, па мора да ги менувате на секои половина година (на една старо бормашинче што го куппив на времето од JetSet што веќе не го користам му имам сменето 2 или 3 футера, и на крајот се откажав). Поради тоа решив да си развијам мој метод за бушење на плочки. Малку повеќе бургии се кршат (ако пазите малку повеќе и тоа нема да се случува често, но јас не пазам
), ама оние од 1mm на пазар се по 10 денари, така да и овој метод ми е поисплатлив од купување на футерчиња на секои половина година
. Башка што тие малечки бормашинчиња најчесто имаат релативно мала моќност и заглавуваат (престануваат да вртат) ако малку повеќе стиснете со бормашината врз плочката, така да и тоа е додатен проблем :S. При работа со помоќни бормашини (помоќни од мачеките бормашинчиња, не мислам на хилта
) го нема овој проблем и во принцип имате готова дупка за секунда или две бушење (зависи од брзината на ротација на бургијата), а после едно 2 или 3 искршени бургиички, ќе стекнете малку повеќе искуство со ваквиот тип на бушење (јачина на стисок со кој треба да се држи бургијата, која би препорачал да се држи цврсто со двете раце, стабилност на рака, јачина на притискање врз плочката, итн.).
Би направил и tutorial ако некој сака, не е проблем, ама во моментов не правам ништо (немам плочка за бушење), ако сакате да почекате до нова година (во план ми е нешто малку посериозно, па периодов експериментирам, се надевам ќе биде готово до нова година
), ОК
, ако не, некој нека ми даде некоја плочка за бушење, па да ја избушам, па да му ја вратам
. Само што ќе треба да ми купи минимум две бургиички од 1mm (случајно да не скршам една
).