Чекај да го отворам
.
Не е чистен цело лето, а нон-стоп е пуштен, така да може (малку повеќе) да биде „прашњав“
.
Матична плоча: Аbit IB-9 (Server Edition), Intel P965 Express Chipset, 800/1033/1333MHz FSB, 6 USB 2.0 ports, 4 USB 1.1 ports
CPU: Intel Core 2 Quad Q6700 (си начекав на старо еден за 6000 денари, хехехе
)
RAM: 6GB 800MHz DDR2 Kingston
AGP: GeForce 7200 GS, 256MB GDDR2
HDD: 160GB SATA2 (не знам што марака е, мислам дека е некој ExcelStore) со 8MB cache + 200GB Maxtor IDE (мислам дека има 2MB cache) + 80GB Maxtor екстерен (USB 2.0 connected)
Optical Devices: Optiarc DVD/CD-RW (најевтиниот што го имаше, плус сега чита само DVD-иња, така го наштелував зашто после некое време престана да чита DVD-иња, па решив да го штелувам и на крајот излезе дека може да го нашетлувам да чита добро или само DVD-иња, или само CD-иња, така да го наштелував да чита и реже само DVD-иња), LG CD-RW
PSU: Најевтиниото 450W-но, не знам која марка е, дојде заедно со куќиштето (и не ја правам истата грешка повторно, нарден пат кога ќе купувам PC, ќе фрлам повеќе пари за напојувањето
).
DAC: Lexicon Omega USB 1.1 external sound card
Како што можеш да видиш, преполно е куќиштето, едвај ја збира матичната плоча во него, требаше да правам неверојатни калибрации и прерутирања на кабли за да може се да собере внатре и нема шанси уште нешто да додадам во него, едноставно ќе бие преполно :S. нема да има простор каде да се лади ни процесорот ни north-bridge-от, катастрофа ќе биде. Башка што немам друга DVD-ROM освен тој што ми е во куќиштето, па кога сервисирам некое PC, ако нема DVD-ROM на него, го вадам од моето куќиште и го ставам во тоа што го сервисирам, така да треба да може да ми е нон-стоп достапен DVD-ROM-от од моето куќиште, а уште ако ставан нешто вакво внатре (како од шемава), преполно ќе биде... башка што напојувањето едвај го издржува и овој товар, напојува матична, 2 HDD-иња, 2 CD/DVD-ROM-а, и 9 кулери :S.