Author Topic: Случајни муабети  (Read 1118910 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7785 on 07.02.2022, Monday, 19:18:24 »
Хард диск е - HDD.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7786 on 07.02.2022, Monday, 19:26:23 »
Прво, што и да правиш Atanas, не го отворај самиот диск. Ако е во кутија (external HDD case), расклопи ја кутијата и види дали има SATA порти, ако нема, не чепкај понатаму. Ако не е само на USB, ако има SATA порти, извади го од кутијата и после отвори тема, ќе видиме што може да се направи ;).

Се разбира, ако ти се МНОГУ МНОГУ важни податоците и не сакаш да експериментираш, krema понуди и комерцијално решение, и тоа е опција ;). Мада, да знаеш дека соленко наплаќаат, така да, процени колку ти се важни податоците :P :D. Прашај си, ќе ти кажат цена по MB/GB ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7787 on 07.02.2022, Monday, 19:41:39 »
@GigaWatt во никој случај не би сакал да го отворам иако е во пластична кутија. @krema е веројатно член и на друг форум каде што ми посочија да се обратам на истиот сервис и го исконтактирав членот, но нема одговор. EDIT: Добив одговор, за цена треба прво да се дијагностицира што е проблемот.

Податоците се главно спомени (слики, видеа...), па имаат повеќе сентиментално значење отколку финансиско.
Дали може некако да се recover-не таа партиција? Бидејќи изгледа како да е wipe-ната. Никогаш сум немал ваков проблем, па немам идеја како би се решил.

Сметам дека хардверски не е оштетен, бидејќи се чита дискот на компјутер, но не може да се пристапи до податоците на него.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7788 on 07.02.2022, Monday, 20:49:35 »
@GigaWatt во никој случај не би сакал да го отворам иако е во пластична кутија.

Генерално земено, за оштетен диск и нема друга опција... а дали е штетен, треба да се види... затоа и реков да се отвори (внатре има сигурно 2.5" диск, е сега дали е со конвертор од SATA на USB или не onboard, тоа е веќе друго прашање... WD често знаеја да ги прават вака екстерните дискови, така да, не би ме чудело да е ваква ситуацијата).

Како и да е, јас лично не би си играл со него ако не си спремен да го расклопиш и да го врзеш (ако може директно) на SATA. Native протоколи на дискови се IDE, SCSI, SAS, SATA, не и USB. USB користи translator chip-ови и практично преведува команди... а кога станува збор за команди како „прочитај ова консеквентно, па спореди со ова“ или „читај се консеквентно и бинарно, без да гледаш фајлови или filesystems“, translator чиповите знаат да се... „шкакљиви“ и затоа не се препорачува да се прави било каков recovery додека дискот е во USB кутија. Прашај и во сервисот, истото ќе ти го кажат. Ако е се во ред механички со дискот, се врзува на SATA и се прави така recovery/backup на податоците, не преку USB.

Да не правам муабет за USB каблињата кои може да се исправни/неисправни, оштетени/исправни, со оксидирани контакти/без оксидрани контакти/со делумно оксидирано контакти, итн... па паѓал напон, па дискот пробува да се активира, па не може, па де го чита, де не, де го чита како USB 2.0, па после како 3.0, па... диск на USB признавам само 3.5" со екстерно напојување и на USB 2.0, толку ;).

Така да, штом викаш дека имаат материјалите емотивно значење, мој совет е да не го чепкаш. Плати си фирма/човек, ќе ти ги врати назад податоците ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Re: Случајни муабети
« Reply #7789 on 07.02.2022, Monday, 21:36:57 »
@Atanas, ако пробуваш нешто со дискот немој преку USB. Отвори го и поврзи го директно на SATA.
Еве пример од Verbatim со Toshiba диск внатре.  ;D

Жан

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7790 on 08.02.2022, Tuesday, 00:50:01 »
Примерот со тошибата е каде има достапна сата конекција и ќе биде сосема лесно за врзување со PC, но што би правел ако нема сата? :)
И друго, никој од нас со сигурност не може да даде точна дијагноза зошто така се понаша дискот, може свашта да биде причинителот. :)

Сепак членот треба сам да одлучи дали ќе се нафати сам да го фиксира проблемот или сепак ќе остави на професионалци.
Јас би играл на втората карта, па ако ми одговара цената нека продолжат со бекап.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7791 on 08.02.2022, Tuesday, 16:54:25 »
Еве пример од Verbatim со Toshiba диск внатре.  ;D

Многу нормално ;D. Verbatim никогаш немале нивна производна линија на дискови, ниту пак полупроводнички мемории. Друг им ги изработува, само брендирани се како Verbatim.

Истото се случи и со Maxtor кога Seagate ги купија ;D. Го задржаа брендот, но само за транспортни дискови ;D. Отвори 2.5"/3.5" USB HDD Maxtor, внатре има Seagate диск ;D.

Да бидам искрен, и USB-ињата и SSD-ињата им се солидни. Неколку имам купено Verbatim Vi 550... не се како Samsung, ама па не се ни лоши ;). За цената, супер се ;).

Примерот со тошибата е каде има достапна сата конекција и ќе биде сосема лесно за врзување со PC, но што би правел ако нема сата? :)

Има USB to SATA bridge чип. Практично секој диск мора да има таков bridge чип, дури и ако е изработен со USB interface onboard. Зошто? Нема хбридни чипови за оваа намена од страна на Marvel (моментално најголемиот производител на контролери за дискови), а Marvel немаат намера да прават вакви хибридни чипови, така да... мора да се стави и bridge чип на самата плоча. Треба само да ги најдеш data линиите за SATA кои одат према bridge чипот и да направиш intercept на сигналот (залемиш 4 жички кои ќе ти бидат за SATA интерфејсот на PC).

И друго, никој од нас со сигурност не може да даде точна дијагноза зошто така се понаша дискот, може свашта да биде причинителот. :)

За да дознаеш, со 100% сигурност (не „мислам дека е ова“), мора да го извадиш од кутија и да го врзеш за native интефејсот, т.е. SATA. Нема друг начин, било кој data recovery експерт ќе ти го каже истото, никој не прави data recovery преку USB (има и вакви ситуации, но се многу многу ретки и се исклучиво при околности при кои не сакаме оперативниот систем да исчита нешто поврзано со HDD SMART data или нешто слично поврзано со параметрите на дискот, со што би се попречило враќање на податоците назад).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7792 on 08.02.2022, Tuesday, 18:33:58 »
Зборот ми е ако нема класичен сата ќе мора да прави одлеми/залеми, дали членот има таков скилс, инаку со другото се согласувам Гига. :)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Re: Случајни муабети
« Reply #7793 on 08.02.2022, Tuesday, 19:05:57 »
Примерот со тошибата е каде има достапна сата конекција и ќе биде сосема лесно за врзување со PC, но што би правел ако нема сата? :)
Во последниве 3-4 години имам отворено повеќе такви екстерни хард дискови и не сум видел ништо друго освен SATA.
Жан

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7794 on 08.02.2022, Tuesday, 19:41:31 »
Не си налетал на залемен адаптер. :)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7795 on 08.02.2022, Tuesday, 20:56:21 »
Доколку податоците ти се многу важни и вредат сумата која ќе треба да ја платиш, носи го дискот на некој што го работи тоа професионално, но и таму неверувам дека ќе добиеш гаранција за враќање на податоците.
Доколку сакаш и можеш/знаеш да пробаш сам, и да си играш со програмчиња, еве нешто за грешката која ја покажува и како да пробаш да го поправиш тоа.
Code: [Select]
https://duckduckgo.com/?q=wd+my+paspport+data+error+(cyclic+redundancy+check)&t=newext&atb=v276-1&ia=web
Code: [Select]
https://www.wikihow.com/Fix-a-Cyclic-Redundancy-Check-ErrorКуќиштето не е проблем да се отвори најчесто се со пластични жлебови, доколку го пишеш точниот модел на интернет најверојатно ќе најдеш како да го отвориш и дали дискот е со конвертор или не( најверојатно е). Доколку го отвориш самиот диск (каде се плочите/дисковите и главите) фрли го дискот или може да си направиш стругалка, имаше на форумот темна за тоа Ч)

Сите надворешни дискови што сум ги видел досега сите се со конвертор,  имам WD надворешни дискови од 1TB, 4TB и 8TB сите се со SATA to USB  конвертор. Шансите дека дискот е со native USB плоча се многу мали.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7796 on 08.02.2022, Tuesday, 22:02:27 »
Ви благодарам на сите на одговорите.

Како и да е, моментално сум во Скопје, бидејќи тука студирам и немам никаква опрема за да пробувам да лемам или отворам диск, така што најверојатно ќе го испратам на сервис да ми кажат што точно е проблемот.

Се надевам дека не е сериозен. Со еден софтвер пробав да повратам дел од податоците (500MB, бидејќу толку беше free, за повеќе се доплаќа) и беше успешно, дури ги пронајде и сите податоци (можев да ги гледам), но не можев да ги симнам бидејќи се плаќаше.

Ќе ви дадам update кога ќе имам повеќе информации.  :D

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7797 on 08.02.2022, Tuesday, 23:30:57 »
Ако кажеш која програма си ја користел можеби ке најдеме лек за програмата да функционира целосно.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7798 on 09.02.2022, Wednesday, 13:49:13 »
Во последниве 3-4 години имам отворено повеќе такви екстерни хард дискови и не сум видел ништо друго освен SATA.

WD имаа серии со директен USB интерфејс на самиот control board. Практично, спорени се USB to SATA чипот и control board-от на една плочка.

Доколку податоците ти се многу важни и вредат сумата која ќе треба да ја платиш, носи го дискот на некој што го работи тоа професионално, но и таму неверувам дека ќе добиеш гаранција за враќање на податоците.

Гаранција не дава никој, друи и експерти.

Некои data recovery фирми дури и ти даваат да потпишеш документ дека они не се одговорни доколку настане дополнително оштетување на податоците на медиумот кој е оштетен, што може да се случи во процесот на враќање на податоците назад. Се зависи од политиката на фирмата.

Доколку го отвориш самиот диск (каде се плочите/дисковите и главите) фрли го дискот или може да си направиш стругалка, имаше на форумот темна за тоа Ч)

Се отвара и дискот, но во clean room. Сум го правел тоа и дома, но, се разбира, само за да успеам да одглавам глава, па да видам дали ќе почне да чита (ако не е премногу оштетена и главата и површината на дискот). Во 80% од случаите, ми успевало, но, се разбира, дискот по враќање на податоците назад, оди во канта, со него апла нема што да правиш :D. Еднаш отворен диск, се знае, дури и ако е целосно исправен, фрли го, unreliable е, не треба да се користи за ништо.

Сите надворешни дискови што сум ги видел досега сите се со конвертор,  имам WD надворешни дискови од 1TB, 4TB и 8TB сите се со SATA to USB  конвертор. Шансите дека дискот е со native USB плоча се многу мали.

Не мора да значи, но да, бројот на вакви дискови (со USB to SATA контролер директно залемен на control board) беше многу мал, тоа е факт... фирмиве пробуваа да ја намалат големината на екстерните 2.5" дискови, да бидат уште пократки и затоа се одлучуваа на такви решенија, ама откако увидоа кој проблем е тоа за враќање на податоци назад, плус дека треба посебни плочи да правиш само за нив, да, се откажаа од таа идеја.

Да бидам искрен, наназад неколку години немам видено такви дискови. Како што напоменав, WD имаа некои такви серии, но освен на WD, на други екстерни 2.5" дискови немам видено такви „преправки“.

Се надевам дека не е сериозен. Со еден софтвер пробав да повратам дел од податоците (500MB, бидејќу толку беше free, за повеќе се доплаќа) и беше успешно, дури ги пронајде и сите податоци (можев да ги гледам), но не можев да ги симнам бидејќи се плаќаше.

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, НИ ПОД РАЗНО (!!!), НЕ ВРАЌАЈ ПОДАТОЦИ НАЗАД НА ИСТИТИОТ МЕДИУМ ОД КОЈ ПРОБУВАШ ДА ГИ ИСЧИТАШ!!!

СЕРИЗЕН СУМ! Ова е одличен начин да пребришеш дел од содржината која стои изгубена некаде на дискот. Прочитај малку околу начинот на кој работат старите (класични, не SSD) дискови, ќе ти стане јасно за што правам муабет. Кога се брише податок од дискот, се брише само FAT табелата од filesystem-от, т.е. податокот за тоа каде стојат податоците од „тој и тој“ фајл запишани на дискот. Може да се спореди со адреса на живеење и каде физички живееш. Ако некој реши да те избрише тебе од регистарот за твојата адреса на живеење, тоа не значи дека ти не живееш на таа адреса... само значи дека никој не може да те најде, поради тоа што си избришан. Истото важи и за податоците. Тие физички сеуште се запишани на дискот, но никој не знае каде се. Со посебни софтвери се врши „чешлање“ на површината на дискот за MIME types (софтерот бара header file signatures, како и end file signatures), по што се анализира MIME type-от, или дел од него и се проценува дали е JPG, BMP, MP3, DOC, DOCX, итн. Па тек тогаш се враќа назад фајлот или дел од него. Ако враќаш податоци назад на истиот медиум, овие податоци може засекогаш да се изгубат, т.е. податоците кои се можеби избришани и сакаш да ги враќаш назад.

Податоци СЕКОГАШ се враќаат на друг, физички одвоен медиум од оној од кој пробуваш да ги вратиш/исчиташ податоците!
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7799 on 09.02.2022, Wednesday, 13:49:26 »