Во последниве 3-4 години имам отворено повеќе такви екстерни хард дискови и не сум видел ништо друго освен SATA.
WD имаа серии со директен USB интерфејс на самиот control board. Практично, спорени се USB to SATA чипот и control board-от на една плочка.
Доколку податоците ти се многу важни и вредат сумата која ќе треба да ја платиш, носи го дискот на некој што го работи тоа професионално, но и таму неверувам дека ќе добиеш гаранција за враќање на податоците.
Гаранција не дава никој, друи и експерти.
Некои data recovery фирми дури и ти даваат да потпишеш документ дека они не се одговорни доколку настане дополнително оштетување на податоците на медиумот кој е оштетен, што може да се случи во процесот на враќање на податоците назад. Се зависи од политиката на фирмата.
Доколку го отвориш самиот диск (каде се плочите/дисковите и главите) фрли го дискот или може да си направиш стругалка, имаше на форумот темна за тоа Ч)
Се отвара и дискот, но во clean room. Сум го правел тоа и дома, но, се разбира, само за да успеам да одглавам глава, па да видам дали ќе почне да чита (ако не е премногу оштетена и главата и површината на дискот). Во 80% од случаите, ми успевало, но, се разбира, дискот по враќање на податоците назад, оди во канта, со него апла нема што да правиш
. Еднаш отворен диск, се знае, дури и ако е целосно исправен, фрли го, unreliable е, не треба да се користи за ништо.
Сите надворешни дискови што сум ги видел досега сите се со конвертор, имам WD надворешни дискови од 1TB, 4TB и 8TB сите се со SATA to USB конвертор. Шансите дека дискот е со native USB плоча се многу мали.
Не мора да значи, но да, бројот на вакви дискови (со USB to SATA контролер директно залемен на control board) беше многу мал, тоа е факт... фирмиве пробуваа да ја намалат големината на екстерните 2.5" дискови, да бидат уште пократки и затоа се одлучуваа на такви решенија, ама откако увидоа кој проблем е тоа за враќање на податоци назад, плус дека треба посебни плочи да правиш само за нив, да, се откажаа од таа идеја.
Да бидам искрен, наназад неколку години немам видено такви дискови. Како што напоменав, WD имаа некои такви серии, но освен на WD, на други екстерни 2.5" дискови немам видено такви „преправки“.
Се надевам дека не е сериозен. Со еден софтвер пробав да повратам дел од податоците (500MB, бидејќу толку беше free, за повеќе се доплаќа) и беше успешно, дури ги пронајде и сите податоци (можев да ги гледам), но не можев да ги симнам бидејќи се плаќаше.
ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, НИ ПОД РАЗНО (!!!), НЕ ВРАЌАЈ ПОДАТОЦИ НАЗАД НА ИСТИТИОТ МЕДИУМ ОД КОЈ ПРОБУВАШ ДА ГИ ИСЧИТАШ!!!СЕРИЗЕН СУМ! Ова е одличен начин да пребришеш дел од содржината која стои изгубена некаде на дискот. Прочитај малку околу начинот на кој работат старите (класични, не SSD) дискови, ќе ти стане јасно за што правам муабет. Кога се брише податок од дискот, се брише само FAT табелата од filesystem-от, т.е. податокот за тоа каде стојат податоците од „тој и тој“ фајл запишани на дискот. Може да се спореди со адреса на живеење и каде физички живееш. Ако некој реши да те избрише тебе од регистарот за твојата адреса на живеење, тоа не значи дека ти не живееш на таа адреса... само значи дека никој не може да те најде, поради тоа што си избришан. Истото важи и за податоците. Тие физички сеуште се запишани на дискот, но никој не знае каде се. Со посебни софтвери се врши „чешлање“ на површината на дискот за MIME types (софтерот бара header file signatures, како и end file signatures), по што се анализира MIME type-от, или дел од него и се проценува дали е JPG, BMP, MP3, DOC, DOCX, итн. Па тек тогаш се враќа назад фајлот или дел од него. Ако враќаш податоци назад на истиот медиум, овие податоци може засекогаш да се изгубат, т.е. податоците кои се можеби избришани и сакаш да ги враќаш назад.
Податоци СЕКОГАШ се враќаат на друг, физички одвоен медиум од оној од кој пробуваш да ги вратиш/исчиташ податоците!