Author Topic: Случајни муабети  (Read 401616 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1480
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7620 on 01.06.2020, Monday, 07:14:27 »
Koma е грчки!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 706
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7621 on 01.06.2020, Monday, 15:16:16 »
Koma е грчки!

И броевите кои ги користиш се арапски, кафето кое го пиеш е турско и демократијата која ја имаме е грчка...

Извинете за ова, но ме иритира кога некој става етикети на некои работи и по интернет го штити нашиот јазик, а реалноста е сосем друга. 

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1480
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Случајни муабети
« Reply #7622 on 01.06.2020, Monday, 16:33:00 »
...Извинете за ова, но ме иритира кога некој става етикети на некои работи и по интернет го штити нашиот јазик, а реалноста е сосем друга.
Не разбирам што е поентата! Овде станува збор за знаци кои се употребуваат во математички операции. Ако може мало дообјаснување општо, а и на тема реалност! :(
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7623 on 01.06.2020, Monday, 16:54:46 »
Кома јас колку што знам е Англиски термин... не знам од каде потекнува, само знам дека во Англиски го има, а дали го викаш запирка или кома, исто ти се фаќа... сите знаме што значи ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7624 on 01.06.2020, Monday, 17:07:18 »
Многу употребуваат "дот ком" наместо "точка ком", и сега?
Важно е да се разбираме. :)


Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1480
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Случајни муабети
« Reply #7625 on 01.06.2020, Monday, 18:25:37 »
Да, десетмина членови знаеме и ќе се разбереме ама што правиме со другите сто и десеттемина како ќе се разбереме!?
А, да секогаш можеме да прашаме што сакал поетот да рече!
Запирка = Κόμμα (грчки).
Запирка = Comma (англиски).
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7626 on 01.06.2020, Monday, 23:52:39 »
Другите ќе си гуглат малку околу поимите.


Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 656
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7627 on 19.06.2020, Friday, 19:08:00 »
Дали некој има искуство со лаптопите со новите Ryzen процесори   од AMD
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7628 on 19.06.2020, Friday, 21:38:58 »
Не греат како што грееја старите, ако мислиш на тоа. Греат повеќе од Intel-овите (но во секој случај, не се фурни како што беа до пред 10-тина години), ама и доста помоќни се, плус добиваш повеќе јадра/threads (а и cache) за истите пари, во споредба со лаптоп со Intel процесор.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 656
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7629 on 19.06.2020, Friday, 21:51:31 »
Ги гледав по интернет спецификациите и карактеристиките, но има многу малку модели со новите процесори и многу малку реални искуства по нет.  Има многу фалби после користење од 5 минути за презентаија на youtube но какви се во секојднева работа нема ништо по нет.  Затоа прашав дали некој има искуство со нив, дали има користено лаптоп со новите Ryzen процесори.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7630 on 20.06.2020, Saturday, 14:26:22 »
Ова што го пишав е од лично искуство. Го реинсталирав само, не е лично мој ниту ми беше даден на користење, но неколку дена беше кај мене. Реинсталација си пројде супер, брз... топ :). Јас лично, би го земал ;).

Искрено, се откажав од Intel платформи веќе. Многу скапи се, а во перформаси, далеку под AMD. Последната машина ми е Intel, но сега кога би земал нова машина или лаптоп, да, дефинитивно би земал некоја со AMD CPU. Поевтини се, а перформансите им се далеку подобри. Како што пишав, забележав нешто поголемо греење во однос на Intel платформи (кај лаптопот... кај desktop-и, не знам... мислам, немам мерено, за ова, од искуство можам да пишам дека не греат како што грееја, бидејќи тоа е повеќе од очигледно, но детални мерење немам правено), но далеку од тоа дека беше многу загреан. Ако ти текнува колку грееја Core2 Duo лаптопите, епа овој грееше барем дупло помалку. Како што пишав, ако сличен Intel-ов би бил млак, овој беше... така... како да кажам, некој степен над млак. Во секој случај, далеку од непријатно, т.е. да не можеш да го држиш во скут, што беше случај со некои модели на Core2 Duo лаптопи.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 656
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7631 on 21.06.2020, Sunday, 23:07:58 »
На декстопот користам од новите амд ryzen 3800x, го користам 6 месеци работи одлично не грее но неговиот фабрички кулер не е доволен и е многу гласен. Амд е одличен кај декстоп процесорите, но кај лаптопите  иако сите викаат дека на тестовите се супер и се добива многу повеќе за парите во однос на интел има многу малку информации. Има многу мал избор на лаптопи со амд 5 или 6 модели колку што знам јас, ниеден од производителите на лаптопи не става амд во неговите врвни модели.Тоа некако ме двоуми, сега се очекуваат и лаптопи со USB4 и pci4, па оди одлучи што и како,дали интел дали амд дали сега дали после 2 месеци :).
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7632 on 22.06.2020, Monday, 02:07:51 »
На декстопот користам од новите амд ryzen 3800x, го користам 6 месеци работи одлично не грее но неговиот фабрички кулер не е доволен и е многу гласен.

Е да... мада исто ко и stock cooling-от на Intel, моментално ладилните тела што стигаат заедно со процесорите, врска немаат. Прост пример, димензиите на stock ладилното тело за i3 и i7 се исти, а и кулерите ::). Се водат по претпоставка дека поголемиот дел од времето, процесорот ќе го работиш во low power mode, дека половина од јадрата ќе бидат idle во поголемиот дел од времето, дека 100% CPU usage ќе има само на peaks, не и подолго од 10, 15 секудни... епа, ако така треба да ми работи процесорот, ќе си купам некој Pentium, што барам да купувам i7 ;D. Не го земав за прашина да ми фаќа, го земав за да го гњавам ;D.

Како и да е, скоро сите менуваат stock cooling моментално. Во времето на Core2 Duo/Quad, да, stock cooling-от беше одличен (имам монтирано ваков cooling и на i7 од Intel, одлично работат, без никаков проблем, ладилното тело е едвај млако ;)), ама вакви ладилни тела веќе не даваат со stock cooling... за жал. Ќе си земеш друго поголемо и ќе си тераш со него ;).

Има многу мал избор на лаптопи со амд 5 или 6 модели колку што знам јас, ниеден од производителите на лаптопи не става амд во неговите врвни модели.

Е, за ова се виновни AMD :-\. Кога еднаш ќе стекнеш репутација дека процесорите ти се фурни, тешко се тргаш од таа налепница :-\. За жал, со процесорите за лаптопите, AMD имаа проблеми се до пред 10-тина години. Intel-овите грееја доста (генерациски, ова се поклопува со Core2 сериите), ама AMD-овите грееја повеќе :-\... и изгорени од тоа искуство, производителите не сакаат да ризикуваат и ќе направат, на пример, 20 нови модели со Intel, но само 1, 2, 3 модели со AMD. Нормално, корисниците се имаат изгорено еднаш, не сакаат да се изгорат по втор, трет пат и едноставно, престанаа да ги купуваат. Intel пак, од друга страна, брзо си ја вратија назад репутацијата дека „нивните процесори не греат“ со префрлувањето на 22nm-арска литографија и работите се стабилизираа во светот на Intel. И AMD се префрлија тој период на помала литографија, ама џабе... едноставно налепницата им остана и почнаа да се „баталуваат“ од неа тек сега, пред неколку години :D. И тоа не поради друго, туку поради тоа што почнаа да нудат дупло повеќе јадра и дупло повеќе cache за иста цена како за адекватен Intel-ов процесор. Инаку, не верувам дека некој ќе ги погледнеше повторно AMD да не се одлучеа на овој чекор. Луѓе кои работат во видео индустријата почнаа масовно да ги купуваат од оваа причина. Им треба многу CPU power, right here, right now. Тоа Intel не го нудеа. Заглавија со 4 јадрени i7 и hyper threading. AMD ја сменија играта, и тоа им беше единствен начин да повторно некако станат конкурентни на пазарот, инаку, немаа шанси. Е, тек тогаш, значи тек пред 3, 4 години, луѓе почнаа да се уверуваа дека нивните процесори не се веќе фурни и дека слободно може да работат и со ладилно решение со некои нормални димензии (не мора да купуваш клима специјално само за компјутерот веќе, LOL :D).

Значи, ќе треба време, ова нема да биде процес кој ќе се смени преку ноќ, но мислам дека по уште едно 3, 4 години, бројот на произведени модели со AMD процесори ќе биде барем 1/3 од бројот на модели со Intel-ови процесори. До тогаш, може само да чекаме и да се надеваме... трето, не ни останува.

Тоа некако ме двоуми, сега се очекуваат и лаптопи со USB4 и pci4, па оди одлучи што и како,дали интел дали амд дали сега дали после 2 месеци :).

Искрен да бидам, мене ова не би ми бил пресуден фактор дали да купам сега или по 2 месеци од само една проста причина, ретко кога нешто што е пишано на хартија во однос на брзина на комуникација и слично, за вакви и слични протоколи, се поклопува со она што во реалност се добива како резултати. Искрен, да бидам, јас сум си прилично задоволен и со брзината на USB 3.0, така да, мене лично, не ми прави ова некоја разлика, но секој со своите убедувања :) ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #7633 on 30.06.2020, Tuesday, 14:47:39 »
Code: [Select]
https://faktor.mk/audiokultura--makedonska-prikazna-koja-inspirira-do-srz-zvuchnici-koi-reproduciraat-sovrshen-zvuk?fbclid=IwAR0fsftcy5CTvk2tZsr2EyXu_ccDOdIMrz05qDi6uyiDfn9iAm5ljVdIahI
Познати му се на некој? Пишува дека 25 години произведуваат аудио опрема, а јас прв пат слушам за нив...? ???
Quote
...сме произвеле значителен број звучници, засилувачи и дополнителна опрема и најголемиот број од сето тоа е продадено...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7634 on 30.06.2020, Tuesday, 15:14:21 »
И јас прв пат слушам.