Дали има некој план или желба да се проба да се зголеми членството на форумот ?
Ако имаш идеја, бујрум
.
Што се случило? Ништо... едноставно, луѓе престанаа да се логираат и да бидат активни, кратко и јасно. Слична беше ситуацијата и до пред 2, 3 години, 2017-та, кога форумот престана да функционира, па дел од администрацијата го молеше тогашниот „убер админ“ BorceBT да ја предаде базата и скриптата со фајловите, за да можеме да продолжиме од каде он крена раце... и работите се сеуште такви. И не, ниското ниво на активност нема никаква врска со последните случувања меѓу моменталната администрација и поранешните членови од администрацијата (ако пратиш што се случуваше последниот период на форумов со членот Toma, постарите членови сигурно беа сведоци на дел од тие post-ови). Ова е континуирана состојба последниве неколку години... почна накај 2014-та, 2015-та и продолжи по надолна линија до ден денешен.
Пробувам да го вратам некако во живот, со нови членови, преку post-ови на FB, но нема некој резултат... барем сега за сега.
Види... сметам дека треба да го земеш во предвид и тоа дека техничкото образование веќе не е задолжителен предмет, како и тоа дека веќе многу малку деца се запишуваат во технички средни училишта... а и самото време во кое живееме (брзо, динамично, ретко кој има време да презентира што направил дома, го направил и ајт, дај друго дете), како и фактот дека многу од работите кои порано сами ги изработувавме, сега ги има од Кинезиве за... смешна сума на пари. Еве, имам колега на работа, решил сам да си прави boom box со батерии. Го прашав што планира да искористи во него, ми вика се нарачал од Кинезиве, само треба да го склопи
. Па, да бидам искрен, „проект“ во кој се ти е купено и ти само треба да го склопиш, па... и мене не би ми било интересно да го читам, особено ако е нешто што е веќе направено (ги има да си купиш такви веќе за 1000 денари по продавнициве).
Така да, пак ќе кажам, ако имаш некоја идеја како да се крене активноста на форумот, бујрум, јас барем, би сакал да чујам
.