Author Topic: Случајни муабети  (Read 1126511 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7350 on 22.09.2019, Sunday, 03:46:33 »
А да снимиш што точно се случува и да си отвориш тема ;). Напиши бренд и модел на плоча, CPU, RAM (код за модел и бренд), GPU (модел и бренд), се останато исклучи, ирелевантно е ;).

Или сакаш да ја сецнам некаде темава и да ја ставам во посебна тема? Како сакаш :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7351 on 22.09.2019, Sunday, 11:12:52 »
Се мислев да снимам, ама пошо на монитор не излегјва ама баш ништо, треба само да снимам пц кај што се рестартина на 5-6 секунди. Али ај ќе снимам па ќе отворам тема...

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7352 on 22.09.2019, Sunday, 12:38:28 »
А што вели биперот, дали има некој beep?

@GigaWatt
Подобро нека оди сево ова во нова тема.



Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7353 on 22.09.2019, Sunday, 12:43:04 »
Не бипка,...

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7354 on 22.09.2019, Sunday, 13:06:47 »
Удри ресет на биос.



Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7355 on 22.09.2019, Sunday, 13:06:49 »
Пробај со друго напојување.
За post бипкања и се друго треба исправно напојување
Сепак се ВРТИ !!!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #7356 on 23.09.2019, Monday, 16:00:39 »
Прашав еднаш ама со друга дискусија беа сите зафатени и ми се "удави" постот... XD Да не знае некој каде можам да најдам фурнир низ Скопје? Имам гитара и многу интересна идеја ама ми треба фурнир, а во Прилеп нема ни под дрво, ни под камен, сите земаат фабричка фурнирана иверица.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Re: Случајни муабети
« Reply #7357 on 23.09.2019, Monday, 22:29:17 (Edited 23.09.2019, Monday, 23:39:58) »
Code: [Select]
https://www.blazic.eu/mk/prodajni-program/ploskovni-furnirji

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #7358 on 24.09.2019, Tuesday, 14:41:03 »
Благодарам многу! Од недела сум Скопје, понеделник ќе појдам. Очекувајте проектче наскоро... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7359 on 24.09.2019, Tuesday, 17:57:56 »
Ајде, ќе очекуваме :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7360 on 26.09.2019, Thursday, 00:57:43 »
Конечно се отвори факултет и за најстарата професија на планетава ;D.

Code: [Select]
https://www.telegraf.rs/zivot-i-stil/ljubav-i-veze/3105548-otvoren-je-prvi-porno-univerzitet-pogledajte-ko-su-predavaci
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7361 on 26.09.2019, Thursday, 01:11:36 »
Блажо разбираш, во родниот град на Ескобар ќе излегуваат кадри „дипломиран ... што“ ?  :)



Offline NerdOmega

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
Re: Случајни муабети
« Reply #7362 on 10.10.2019, Thursday, 20:43:31 »
како најнов член ме интересира што се случило со форумот ? Гледам дека порано бил далеку по активен, додека пак за тоа време што сум овде гледам дека 3 постови на ден е премија. Во моменталната состојба форумот повеке изгледа како да е на геријатрија и се одржава во живот само за 10-тина членови. Дали има некој план или желба да се проба да се зголеми членството на форумот ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7363 on 10.10.2019, Thursday, 23:41:44 »
Дали има некој план или желба да се проба да се зголеми членството на форумот ?

Ако имаш идеја, бујрум :).

Што се случило? Ништо... едноставно, луѓе престанаа да се логираат и да бидат активни, кратко и јасно. Слична беше ситуацијата и до пред 2, 3 години, 2017-та, кога форумот престана да функционира, па дел од администрацијата го молеше тогашниот „убер админ“ BorceBT да ја предаде базата и скриптата со фајловите, за да можеме да продолжиме од каде он крена раце... и работите се сеуште такви. И не, ниското ниво на активност нема никаква врска со последните случувања меѓу моменталната администрација и поранешните членови од администрацијата (ако пратиш што се случуваше последниот период на форумов со членот Toma, постарите членови сигурно беа сведоци на дел од тие post-ови). Ова е континуирана состојба последниве неколку години... почна накај 2014-та, 2015-та и продолжи по надолна линија до ден денешен.

Пробувам да го вратам некако во живот, со нови членови, преку post-ови на FB, но нема некој резултат... барем сега за сега.

Види... сметам дека треба да го земеш во предвид и тоа дека техничкото образование веќе не е задолжителен предмет, како и тоа дека веќе многу малку деца се запишуваат во технички средни училишта... а и самото време во кое живееме (брзо, динамично, ретко кој има време да презентира што направил дома, го направил и ајт, дај друго дете), како и фактот дека многу од работите кои порано сами ги изработувавме, сега ги има од Кинезиве за... смешна сума на пари. Еве, имам колега на работа, решил сам да си прави boom box со батерии. Го прашав што планира да искористи во него, ми вика се нарачал од Кинезиве, само треба да го склопи :-\. Па, да бидам искрен, „проект“ во кој се ти е купено и ти само треба да го склопиш, па... и мене не би ми било интересно да го читам, особено ако е нешто што е веќе направено (ги има да си купиш такви веќе за 1000 денари по продавнициве).

Така да, пак ќе кажам, ако имаш некоја идеја како да се крене активноста на форумот, бујрум, јас барем, би сакал да чујам :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline NerdOmega

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
Re: Случајни муабети
« Reply #7364 on 11.10.2019, Friday, 18:40:01 »
Имам една идеја само незнам дали ке има заинтересирани. Нели би било супер да се собереме членови од форумот и да одбереме некој проект и да го работиме заедно, одсекогаш ми се свиѓала идејата на open source проекти и имам придонесено до некои но никогаш не сум почнал од нула. Иако сме малце верувам дека помеѓу нас го имаме потребното знаење и алатки.

Е сега за кој проект да го работиме би било добро сите заинтересирани да придонесат со некоја идеја па да гласаме. Еве ја мојата.

Гледајќи ја ситуацијата со чистотата на воздухот во Македонија па и пошироко гледам дека има потреба од времени и точни информации за воздухот. Идејата е да се направи мини мерна станица по можност модуларна со повеке видови на сензори (температура, влага, ПМ10, сулфиди, азотни оксиди итн.) и да се врзат сите во мрежа. Гледајќи по цените на интернет крајниот уред не би коштал повеке од 1500 ден за основна верзија па до 3000 за повеке сензори. Ако се прибираат сите информации од мерните станици на едно место веке ке се јавува можност и за во реално време да се гледа загадувањето по град или па ако има повеке станици во еден град ке може и да се гледа дистрибуцијата на загадувањето низ него. Сите прибрани информации ке бидат достапни за сите и верувам дека исто така ке им бидат и корисни. Можеме и да го промовираме проектот за да привлечеме повеке луге да купат и инсталираат мерни станици околу нив. Исто така можеме да продаваме и кит комплети за ентузијасти и готови верзии за не толку ентузијасти  :D па профитите од нив да ги вратиме во форумот. Јас лично имам искуство со микроконтролери како и со датабази и веб сервери и реално можам да придонесам околу 8 часа неделно на проектот. Мислам дека можам и да издејствувам и поддршка од мојата општина за проектот а знам дека и неколку мои клиенти радо би инсталирале станица кај нив.
Друга опција е потоа да се прошири видот на сензори кој ке ги поддржуваме па да може да се мери и квалитет на воздух во домови, работни места и ред други работи. Јас и скоро ги имам сите подребни делови за прототипи и слично.

Би ми било мило да има повеке членови заинтересирани за одпочнување на проект па и да споделат по некоја идеја. Може и да не привлечеме повеке членови на форумот но верувам дека сите инволвирани ке научиме по нешто.