Не, не стига до биос...
За да дојде до бутирање, мора да помине POST (Power On Self Test), што е финалната процедура која се прави по иницијализација на BIOS-от. Прво проверува дали BIOS-от е воопшто присутен, потоа бутира BIOS-от, потоа проверува дали се од периферии е како што треба, и тек на крај го дава POST screen-от
. POST-от е финалната работа која се прави и тука јавува грешки, ако има некакви грешки (фали тастатура, се ресетирал BIOS-от, NVRAM не е ко што треба, дрн дрн дрн).
Така да, нема шанси да се подига, а да не стига до BIOS.
Удри memtest
. Направи бутабилно USB стикче со Memtest или симни било која едиција на Linux, бутурај ја како live CD/USB и провери ја меморијата. Скоро сите едиции во GRUB loader-от имаат и Memtest
. А не е лошо да пробаш и да ја бутираш и live Linux околината, да видиш дали ќе стигне до графички мод (не само command line) мод на работа
.
https://www.memtest.org/
https://xubuntu.org/download/
Плочата има onboard графика или не? Ако има бутирај со onboard, не ставај графичка. Ако нема, пробај со истата графичка а бутираш Linux и ако бутира, види дали работи како што треба (има интегриран browser и некои други програмчиња, работи го малку така, чепкај нешто, инсталирај софтвер или updates... тоа се во RAM ќе се случува, но без разлика, тоа е повеќе од доволен тест да се провери дали е се во ред хардверски
).