Author Topic: Случајни муабети  (Read 1125846 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7320 on 14.09.2019, Saturday, 19:28:49 »
Епа сега nsu  да е здрав и жив, и јас го рипав, кај него најмал проблем беа интерпукциските знаци, тој изглда се возбудуваше дека е на форум па не знаеше што сака да каже, односно како да се изрази... Мене лично очобол ме фаќаше, а толку се трудев да го разберам, ама тоа е. А не дека ми сметаше да ги рипам постовите, (после неколку неуспешни обиди да го разберам), или па имав желба да го банираат(т.е. сеедно ми беше).
„Како ќе бидеш разберен што мислиш ако не напишеш на соодветен начин?“ На соодветен ќе напишиш, ама некаде ако пропуштиш некој знак или голема буква или ако употребиш некој маалси термин не значи дека нема да биде разбирливо. Што знам, сум се дружел со луѓе од разни места од државичево и не ми е многу проблем да се разберам со било кој, мада ми е напороно некогаш, али биттно ќе се разбера.
Цимерите ми беа едниот од струмица другиот од Неготино, од прво ко теле ги гледав, за секој втор збор ги препрашував, подоцна иако не им го научив дијалектот сепак ги разбирав.... Па после имаше некој дечки од Куманово, повеЧе српски зборуваа неко Мк, али се разбиравме и со ними.
Стојан андов 50 години пратеник е, па еднаш не се изрази литературно, па сега ние за на форум не мора толку да се потресуваме, иако ок е да се зборува литературно, ама мене ми е напорно до толку да се изразувам литературно со некој специјални зоборови што треба по речници да ги бараме после...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7321 on 15.09.2019, Sunday, 03:05:39 »
Не викам дека треба да биде интерпункциски перфектно но треба да биде разбирливо и читливо

+1 ;)

Социјалните мрежи и форум за електроника неможе да се третираат исто, неможе да се пишува на истиот начин на Fb и на форумот.

+1 :)

Но, тоа не значи дека не треба да допрашаме во случај ако членот (очигледно) не бил член на форум или некој друг тип на заедница освен социјална мрежа во неговиот животен век (за жал, ова е се почеста ситуација ::)). Ако ги прифати корекциите и ако се корегира, ОК, тоа е и поентата на коментарите на членовите :) (на културен начин, се разбира ;)). Но ако и покрај сите сугестии за корекција од страна на членовите (како што беше случајот со nsu)... епа сега ::)... тоа е тоа, не те разбираме, коментираш многу и личи на спам :-\... I'm sorry, но... ќе си одиш на бан.

Сите прашуваме доколку не сме разбрале, но кога повеќе се прашува што се мисли а не информации темата станува иритантна, и се губи поентата.

++1 :)

Кога јас ќе видам купче ногопис го скокам,  не прашувам да се изјасни или дообјасни писателот. Ако го мрзело да напише разбирливо и читливо првиот пат како ќе биде вториот пат. Не мислам тука на интерпункциски знаци, грешка буква или празно место, мислам на како што кажа Gigawatt, nsu стил на пишување. Такви постови има многу и не само од членот nsu.

Многу... дискуабилно... не би рекол дека има многу, но дека ги има, да апсолутно дека ги има ;).

Изгледа зависи од тоа што секој од нас дефинира како „ногопис“ :D.

Во случајот на nsu, се разбира, јасна е ситуацијата... ма и Алан Туринг да ги читаше коментарите, не верувам дека ќе сватеше што сака да каже ;D.

Стојан андов 50 години пратеник е, па еднаш не се изрази литературно, па сега ние за на форум не мора толку да се потресуваме, иако ок е да се зборува литературно, ама мене ми е напорно до толку да се изразувам литературно со некој специјални зоборови што треба по речници да ги бараме после...

Паааа... мислам дека може да се потрудиш повеќе (последиве post-ови ти се par excellence ;)), но те сакаме и таков каков што си :P ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7322 on 15.09.2019, Sunday, 03:53:41 »
То е тач техологија, едно куцаш трето излага на екран, и по 3 пати морам да ги преправам текстовиве, оти ко ќе се наврата да го прочита сам се чуда што требало да напишам xD

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7323 on 15.09.2019, Sunday, 04:02:55 »
Чоек... ај земи си компјутер како сите останати нормални (практично... тоа се веќе сите „ненормални“, ама нејсе ::)) луѓе ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7324 on 15.09.2019, Sunday, 04:08:37 »
Порано имаше повеќе постови со ногопис, (коментарот изгледа како купче споени букви) сега се поретки. Дали поради неактивност или поголемо внимание према пишувањето незнам.

Сите знаеме како треба да го пренесеме нашето мислење за да добиеме одговор, доколку не е така ќе останеме гладни.
Нормално е да се прават грешки и пропусти, тоа се толерира, сите сме навикнати да ги прифаќаме, најчесто без галама.

Кога таквото изразување е од незаинтересираност или мрзеливост јас не го прифаќам. Таквото изразување е навредливо, изразува  непочитување према тие што читаат.

И како и секогаш, само моето мислење кое секој може да го игнорира.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7325 on 15.09.2019, Sunday, 04:15:55 »
И јас пишувам често од телефонот, некогаш по 15мин пишувам еден пост. Моите "прстиња" притискаат по 4 букви наеднаш.
Не е практично пишувањето од телефон, особено на подолги постови ,  телефонот е подостапен од компјутерот, каде и да си можеш да пишуваш.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7326 on 15.09.2019, Sunday, 04:23:49 »
Порано имаше повеќе постови со ногопис, (коментарот изгледа како купче споени букви) сега се поретки. Дали поради неактивност или поголемо внимание према пишувањето незнам.

Мислам дека е пред се поради неактивност.

Сите знаеме како треба да го пренесеме нашето мислење за да добиеме одговор, доколку не е така ќе останеме гладни.
Нормално е да се прават грешки и пропусти, тоа се толерира, сите сме навикнати да ги прифаќаме, најчесто без галама.

Освен со Toma ::).

KiloVolt замоли да не се цитира тој post од него (инаку, ќе го дадев како пример), затоа и нема да го направам тоа, но... кој го прочитал, знае за што станува збор.

Кога таквото изразување е од незаинтересираност или мрзеливост јас не го прифаќам. Таквото изразување е навредливо, изразува  непочитување према тие што читаат.

Апсолутно се сложувам ;).

И како и секогаш, само моето мислење кое секој може да го игнорира.

Не ми е јасно зошто често знаеш да го пишеш ова, но... ОК, твое право :).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7327 on 15.09.2019, Sunday, 05:04:15 »
Често мислењето не се сфаќа само како изразување на мислење, барем не кај мене, можеби затоа што често имам различно мислење од другите.
Се сфаќа на различни начини, најчесто како му одговара на тој што слуша/чита, тоа предизвикува недоразбирања, непотребни некогаш и  некултурни дискусии.
Затоа потенцирам, напишаното/кажаното е мое мислење, не е напишано во уставот.
 
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7328 on 15.09.2019, Sunday, 13:05:45 »
Чоек... ај земи си компјутер како сите останати нормални (практично... тоа се веќе сите „ненормални“, ама нејсе ::)) луѓе ;D.
Не секогаш имам/сум имал при рака, а и некако изгубив навика со смрфониве...

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Случајни муабети
« Reply #7329 on 15.09.2019, Sunday, 14:55:16 »
Quote
KiloVolt замоли да не се цитира тој post од него (инаку, ќе го дадев како пример), затоа и нема да го направам тоа, но... кој го прочитал, знае за што станува збор.
Цитирај го, нема проблем, вака контекстот се губи.

-----

Неповрзано, дали некој од Скопје може да ме упати каде да најдам фурнир. По можност бука/липа нешто така. Најдов од орев ама многу контрастно ми е на гитарата, многу потемно и пошарено иди.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Прашње за администрацијата.
Со почитување на пишаните правила, ме интересира каде (во кој подфорум, дел...) можам да пишувам по мој избор (пример “дали знаете што значи зборот часовник“)  но без последици и закани.
Поентата е: Пишувајте што сакате.

На многу српски форуми има неформален дел во стилот

Пишите шта вам је воља
Sve ostalo
Dioda Caffè

Бугарски форум   
Общи приказки
 
Руски форум
Свободное общение
И да не набројувам.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7331 on 15.09.2019, Sunday, 19:33:10 »
Форумов навистина стана како место за муабет пред коперација. Искрено.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7332 on 15.09.2019, Sunday, 20:00:04 »
епа еве го делот, затоа е случајни муабети.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7333 on 15.09.2019, Sunday, 20:56:22 »
Не, не, овде можам само сериозни прашања, без хумор и сатира, без безвезни прашања онака да се насмееме. Доста беа солзи и непроспиени ноќи.
Ако одобрат и напишат каде тогаш ако пак не тогаш здравје .
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7334 on 15.09.2019, Sunday, 22:05:01 »
Во подфорумот Општа дискусија има две секции каде може да се пишува на теми надвор од областа на технологијата, секцијата општа дискусија и секцијата забава.
Мислев дека за да се стане модератор на форумот треба да се знае и кои се правилата на форумот и на која тема која и е намената.
Изгледа дека сум бил во заблуда, како и многупати досега.
Сепак се ВРТИ !!!