Author Topic: Случајни муабети  (Read 1124261 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7305 on 14.09.2019, Saturday, 11:21:59 »
Поентата ми беше дека двете реченици можеш да ги напишиш поинаку, без да се изгуби смислата и без да ризикуваш ситна грешка да направи суштинска разлика. Спрема мене треба да се практикува таков стил на изрљзување, како би се избегнале безпотребни недоразбирања. На пример
- Не оди во борба,  ќе ја изгубиш главата.
- Оди во борба, безбедно е.
И без запирки двете реченици не ја губат смкслата, само интонацијата.
Тоа за медиумите е долга и широка, моја предпоставка е дека не заслушуваме подобро. Каков народ-таква власт.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7306 on 14.09.2019, Saturday, 11:55:37 »
Quote
- Не оди во борба,  ќе ја изгубиш главата.
- Оди во борба, безбедно е.
Според мене многу логично си разбрал.

Не дека не е исто со твоето туку моето слободно толкување би било (не претендирам дека моето е подобро толкување или било што друго)

Во борба не  ја губиш главата.
1-Во борба (или битка, или двобој) нема да бидеш победен (или погубен или убиен и овие изрази би били на некој начин соодветни)
Во борба не, ја губиш главата.
2- Во борба немој да одиш, ќе ја загубиш битката (или двобојот или војната или главата, и овие изрази би били на некој начин соодветни)
На крајот што би била поентата, дека запирката ја менува мислата на писателот.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7307 on 14.09.2019, Saturday, 12:13:26 »
Па така пиши, да нема недоразбирања... поедноставно е и попрактично.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7308 on 14.09.2019, Saturday, 12:38:53 »
И така да напишам пак ќе се најде некој како мене “паметен“ и ќе напише нешто.
Можеби некој друг читател  последното мое толкување нема да го прифати, затоа првиот пост беше да прочитам како размислуваат другите.
Не гледам што е лошо или непримерено во тоа.
Нели сме демократија секој има право на свое толкување на работите (во право или не това е друг вапрос)
Зошто на основ на искажувања да не донесеме став за било кого.
Еве “повеќето“  мислат дека сум  “дрзок“ па можеби ќе се јави или нема да се јави некој со свое видување па така секој за себе ќе добие мислење за друг.
Не знам зошто например некого би го иритирало тоа секој за себе си е најпаметен.
Никој нема да рече дека неговото размислување не е вистинското и единствено човекот по природа е егоист (мое мислење).
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7309 on 14.09.2019, Saturday, 13:12:38 »
Еден израз не може истовремено да е и вистинит и невистинит, под исти околности и исти услови, кој како сака нека мисли.
За факгтите не може да имаме различни мислења, или различни погледи, не може некој да тврди дека нешто е поинаку од фактичката состојба. Т.е. може, ама не е така. Колку сака нека е паметен. На крај се гледа погледот од мнозинството како прифатена фактичка состојба. На пример коперник го запалиле пошто повеќето мислеле дека земјата е рамна, и тоа било земено како фактичка состојба, без разлика што бил Никола попаметен од мнозинството. Чоек не се раѓа како егоист, него тоа е влијание на околината, биди колку сакаш егоист, ама вистината и реалната фактичка состојба нема врска со егоизмот.
Ако при комуникација сметаш дека некој израз е двосмислен, ќе препрашаш да нема недоразбирања, да не ти се прави некој паметен.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7310 on 14.09.2019, Saturday, 13:19:47 »
Соодветно  пишување е потребно за да правилно бидеме разбрани од тој што чита. Не мора да се оди во крајности  посебно не на форум за електроника.
Сите немаме исти стил на пишување/изразување ниту имаме исто познавање од Македонската граматика, јас немам поима. Треба да се трудиме да пишуваме за другите да не разберат соодветно, сепак пишуваме за другите да прочитаат и разберат што мислиме.
Во сопствените забелешки, дневник  или нешто друго лично секој може да пишува како сака.
Јас не сакам да потрошам 30мин да дешифрирам нечиј пост, не верувам дека и некој  друг сака.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7311 on 14.09.2019, Saturday, 13:50:52 »
Quote
Во борба не  ја губиш главата.
Во борба не, ја губиш главата.
И некаде и некој друг го напишал тоа со некоја цел..
Quote
Има ли разлика помеѓу овие две реченици?
Ако има која е и како ја толкувате?
А како што гледате и читате оваа е прашање а не тврдење. и сега што би било спорно ако поставам и некое друго прашање нека е и од областа на пример бела техника, би требало некој да напише нешто. Се прашувам дали и тогаш нема да дојдеме во слична ситуација како што е оваа.
Значи се работи за прашање а не тврдење или децидна костатација.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7312 on 14.09.2019, Saturday, 14:02:48 »
Двете реченици си имаат смисла, не гледа што е спорно, што си мислел тоа си напишал. Кој разбрал разбрал.
Секако речениците може да се напишат поинаку и да ја задржат смислата....

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7313 on 14.09.2019, Saturday, 14:14:17 »
Е па тоа е поентата.
Запирката ја менува суштината во реченицата иако навидум се исти а резултатот не е нула-нула.
Значи ако некаде сум побрал да се напише правилно по правопис имало причина а не хир на пистаелот.
Народните изреки и поговорки не постојат за мајтап туку за укажување или констатација во закриеа или отворена форма.
“Велам ти ќерко. сети се снајке“ може така?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7314 on 14.09.2019, Saturday, 14:14:53 »
Тоа се две реченици со спротивно значење.

Во борба не ја губиш главата. Доколку одиш во борба главата ке ти остане на рамењата.
Во борба не, ја губиш главата. Не оди во борба бидејќи ќе ја изгубиш глават.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7315 on 14.09.2019, Saturday, 14:26:54 »
Двете реченици си имаат смисла, не гледа што е спорно, што си мислел тоа си напишал. Кој разбрал разбрал.
Секако речениците може да се напишат поинаку и да ја задржат смислата....

Ако некој пишува без да мисли дали некој ќе го разбере соодветно, зошто пишува јавно?
На форум за електроника неможе да се остави секој да разбере како сака/мисли, тука треба прецизно и конкретно пренесување/изразување а не да се остави на слободна интерпретација.
 
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7316 on 14.09.2019, Saturday, 16:32:49 »
Другар, не пишуваме романи или дела на шекспир или достоевски,па што дакал да каже писателот, што си напишал тоа ќе разбериме, што си мислел твоја работа...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7317 on 14.09.2019, Saturday, 16:48:42 »
На крај се гледа погледот од мнозинството како прифатена фактичка состојба.

Тоа што пробував на Toma во другата тема да му го објаснам. Ако он мисли дека не е на моменти дрзок во коментарите, тоа не значи дека повеќето не го перцепираат „тој и тој“ коментар како дрзок.

Ако при комуникација сметаш дека некој израз е двосмислен, ќе препрашаш да нема недоразбирања, да не ти се прави некој паметен.

И ова исто така пробував на Toma да му го објаснам. Ако нешто не ти е јасно или мислиш дека е грешно... прашај :)... никој нема ни за зло да ти земе, ниту пак ќе те линчува ;). Не мора секој коментар да биде прецизен, интерпункциски егзактен, итн. На крајот на краиштата, ако сакаш да потенцираш некој сврзник или краток збор кој целосно ја менува смислата на определена реченице, секогаш можеш само него да го пишеш со големи букви, и ова е честа пракса на многу форуми и online заедници за да се потенцира определена работа ;). И јас понекогаш знам ова да го правам за да ставам до знаење дека „ова е важно“... и тоа не треба да се свати како дерење (а и најчесто не се сваќа) бидејќи... па зошто би се дерел за само еден или два збора во реченица ;D.

Соодветно  пишување е потребно за да правилно бидеме разбрани од тој што чита. Не мора да се оди во крајности  посебно не на форум за електроника.

Да, и со ова се сложувам. Да, треба да биде, горе-долу, читко и разбирливо, но... па дури и ако не го разбираш коментарот, прашај, ќе ти појасни членот ;). Ако сака... ако не, тоа е тоа, не сум те разбрал, крај на приказна ;).

А како што гледате и читате оваа е прашање а не тврдење. и сега што би било спорно ако поставам и некое друго прашање нека е и од областа на пример бела техника, би требало некој да напише нешто. Се прашувам дали и тогаш нема да дојдеме во слична ситуација како што е оваа.

Ќе си препрашаш што сакал да каже авторот на коментарот и готово :). Јас така секогаш правам ако некој коментар ми е неразбирлив. Нема зошто да се лутам или да пробувам, како што пиша dr-mr, да дешифрирам нечиј post 30 минути. Ако сакаш да дообјасниш, појасниш, итн., ОК, ако не... пеки, јас барем, не се замарам... кој сака да дешифрира, нека дешифрира и коментира, немам ништо против :).

Ако некој пишува без да мисли дали некој ќе го разбере соодветно, зошто пишува јавно?

Истото го прават и по социјалните мрежи... неколку пати имам на определени места (не на форумов) пишано „не е интернет за секој“... но, што е, тука е, пристап има секој, што значи дека ќе има секакви луѓе.

А ако членот упорно не сака разбирливо нешто да напише, иако му се дадени неколку шанси јасно да се изјасни околу определен проблем, и за тоа има лек ;). Бан и готово... нема зошто да читам спам коментари или недокажани работи од некој кој не знае да се изрази.

Ако ви текнува, ваква беше ситуацијата со nsu. Ни запирка, ни точка... ништо... ај иди разбери го ;D. Му беа дадени повеќе од неколку шанси, гледаме не иде работата... ајт, бан и крај на приказна ;).

На форум за електроника неможе да се остави секој да разбере како сака/мисли, тука треба прецизно и конкретно пренесување/изразување а не да се остави на слободна интерпретација.

Епа затоа, ако не е јасно, ќе си препрашам (зборувам лично за мене, останатите членови, како сакаат нека прават, не можам да им сугерирам како да прават, ова е право на личен избор). Ако разберам од втор пат, ОК, ако не... ајде еве ќе препрашам и трет пат. Ако и од трет пат не разберам, игнорирам. Ако е упорен и само post-ира коментари од кои ништо не се разбира... ќе му биде сугерирано еднаш, два пати, три пати дека ништо од пишаното не се разбира... ако пак продолжува во ист стил... ќе заврши исто како и nsu и тоа е тоа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7318 on 14.09.2019, Saturday, 17:01:42 »
"Не мора секој коментар да биде прецизен, интерпункциски егзактен, итн. " Освен ако не станува збор за код, а ние не сме машини.
Како што кажав, ако го мислиш она другото, пиши го тоа другото, нема што да читаме меѓу редови или што сакал да каже писателот па после вака било така било....

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7319 on 14.09.2019, Saturday, 19:02:43 »
Според мојата логика/размислување, јас пишувам со цел да ме разберат тие за кои е тоа наменето,  или да пренесам што и како мислам јас. Така најбрзо ке добијам одговор или ќе бидам разберен.
Не викам дека треба да биде интерпункциски перфектно но треба да биде разбирливо и читливо
На форумот има катастрофално лошо напишани и нечитливи коментари,  измешани букви, споени зборови, зборови кои се користат само во нечие маало итн.
Точно дека интернет не е за секого но за жал достапен му е секому.
 Социјалните мрежи и форум за електроника неможе да се третираат исто, неможе да се пишува на истиот начин на Fb и на форумот.
Сите прашуваме доколку не сме разбрале, но кога повеќе се прашува што се мисли а не информации темата станува иритантна, и се губи поентата.

Како што кажав, ако го мислиш она другото, пиши го тоа другото, нема што да читаме меѓу редови или што сакал да каже писателот па после вака било така било....
Како ќе бидеш разберен што мислиш ако не напишеш на соодветен начин?

Кога јас ќе видам купче ногопис го скокам,  не прашувам да се изјасни или дообјасни писателот. Ако го мрзело да напише разбирливо и читливо првиот пат како ќе биде вториот пат. Не мислам тука на интерпункциски знаци, грешка буква или празно место, мислам на како што кажа Gigawatt, nsu стил на пишување. Такви постови има многу и не само од членот nsu.

Тоа е мое мислење на темата, не викам дека некој треба да се смени или да се наметнат правила.
Сепак се ВРТИ !!!