Начекав дома некоја фотокопија од шема на некој засилувач со ознаки на нацрти "Razglas RIM-6004E". Користи по три MJ11015 и MJ11016 како излезни транзистори и е деклариран на 160W. Има и нацрти од ППК, шема, делови... практично, се има. Текстот почнува нешто на Германски и е даден дел од шемата, па (веројатно) на наредната страна, целата шема. На Германскиот текст, означен е како "E 6001 MB". Натаму, продолжува со нацртот за RIM-6004E и се е захефтано заедно
... не знам дали е превземен како напис од страна на некое Ex YU списание... има шанси
... шемите на делот со Германски и делот со Српски, ми изгледаат исти (иако на оваа Германската, фотокопијата е многу мала, како да се намалувани листови, но од она што видов, шемите ми изгледаат исти).
Прашањето ми е, дали да го скенирам или го има некаде засилувачов на форумов, дали знае некој?