Крајот на универзумот е предвиден одамна во религиите, а тек сега од науката.
Не ми беше насочен коментарот толку кон крајот на универзумот, туку повеќе кон тоа дека е единствена религија која, не само што спомнува постоење на вонземјани, туку и го исчекува моментот на нивно доаѓање
.
Сеуште немаме таква свест или технологија. Ај на пес објасни му квадратна равенка. Така ни нас не може да ни се објасни, покаже или докаже Бог.
Добро, држи до некаде вода
.
Оти па да и верува на науката не на Бога.
Бидејќи секое тврдење кое го дава науката е поткрепено со факти и докази
.
Сите религии наведуваат кон постоење на еден и едини Бог.
Не сите. Само што наведов религија (Хиндуизмот) која е активна (не е мртва) и е многубожна
.
Има разни теории за потребата од верување во некој кратор. Науката настанала трагајќи по бог, сакајќи да се спознае природата, она што не опкружува, што го гледаме и што не го гледаме, кој го создал, како го создал, зошто го создал.
Пааа... не би рекол дека е баш „трагање по бог“... повеќе е љубопитност во прашање, барем според мене. На пример, јас не завршив факултет трагајќи по бог, LOL
.
Патем, добра песна
.
Науката не, но научниците во име на науката да.
Дури и ако е точно ова, тоа веќе се смета за индивидуално мислење, не и официјален став на наголемиот дел научни кругови (се разбира, исклучок би била теологијата
).
Од тука испадна атеизмот во мода, генерално Бог го поддржува знаењето и учењето, но на некои сатани им текна одредени изјави од Ајнштај на пример да ги вадат од контекст и да ги преиначат демек тој го негирал постоењето на бог ( сам немал некако став, најверојатно избегавал такви теми ), додека пак стивенс вели дека неа господ, дека така му текнало да универзумот без причина и од ништо да настане (побивајќи го законот за термодинамика).
Пааа... не би рекол баш дека „Бог го поддржува учењето“... не знам колку си ги читал светите книги на актуелните религии, ама повеќето, баш напротив, го забрануваат учењето и осознавањето на природата. Во повеќето свети книги, парафразирано, најчесто барањето на одговорите во науката се интерпретира како ерес и најчест одговор за „буричкањето во тајните на универзумот“ е „нема што да те интересира тоа, тоа е Божја работа“.
А тоа дека е во мода атеизмот, да, во мода е... и мислам дека е се тоа „потпалено“ од страна на LGBT заеднициве
.
Законот за термодинамика не важи во микро светот (нуклеарна физика), така да, нема што да те буни, сосема други закони владеат во нуклеарната физика.
Видиш какви клошари се? еднав велат едно, е после ако се појават на пример масовно ванземаљци, пу пу не важи, сончоглед. Ќе кажиш или има или не,а мора да има став, не може и да има и да нема, не да си играат мајтап со народов, па и да згрешат, битно останале достоинствени на ставот, а ако не грешиш нема ни да успееш.
Ауууу, демек старешиниве на моментално актуелниве религии не се
. Сите си ги вртат работите како што ќе им чини
. Науката барем се дистанцира од тоа прашање и не влегува во отворени дискусии за таа работа, додека во скоро сите религии, отворено е кажано дека нема вонземјани... што, ако некој де се покаже за неточно, истите ќе се интерпретираат како демони, ангели, пратеници од бог, пратеници од сатаната, изгубени души... кој како ќе му чини и некоја од тие интерпретации ќе преовлада и ќе се „инкорпорира“ во „модерното“ толкување на религијата, пасуси од светите книги сега ќе се интерпетираат на друг начин, итн... и кој е сега клошар
?
Ами што од мајмуни сме настанале? Што не настани некој чоек или друго биче еве денеска, што не еволуира денес човекот.
Потребни се милиони години за таков процес, не се случува преку ноќ.
Патем, од каде си толку сигурен дека мајмуните немале помош во еволуцијата
.
Ти (или било кој) да појш африка на 50 степени, кај што фуче сонце секој ден ќе потемниш, тоа е прилагодување но не е еволуција, исто и мешањето на генетскиот материјал е селекција, но не е еволуција.
Да, и тоа е еволуција... само за многу мала работа, инаку, еволуцијата е вид на прилагодување
.
А тоа дека ќе поцрнам... ај прати албино и види дали ќе поцрни
... ќе ти се врати по еден ден со изгореници од трет степен
.
Душата кој му ја дал на чоекот и кај е складирана? Кој му ја дал свеста и слободната воља на човекот?
Да, но верување е дека човекот има душа... нема никаков доказ дека навистина има или нема. Ако нема доказ, тогаш е слепо верување, т.е. догма.
А за свест и слободна волја... еволуцијата е одговорна за тоа... кога станал човекот свесен сам за себе (кој сум, што сум, од каде сум, итн.), тогаш се појавила и свеста и слободната волја
. Од нашите досегашни научни откритија и анализи, тоа би требало да биде одлика на секое свесно суштество
... се разбира, бидејќи е анализиран само човекот (недоволен број на видови за анализа), ова е само хипотеза (претпоставка).
Не би коментирал за остатокот од твојот коментар bicikle бидејќи очигледно е дека си религиозен
... нема поента да коментирам бидејќи дел од работите кои ги имаш post-ирано, ги презентираш како факти... само религиозен човек така би ги презентирал тие работи
... а искрено, не сакам да се разубедувам со религиозни луѓе... они си се религиозни, јас не сум и дискусијата некаде тука завршува, барем за мене
.
Во секој случај, интересна дискусија
. И дознавме некои нови работи за дел од членовите на форуов
.
оф топик, како да врзам тошиба pg200x2c -4ft1 компресор за клима, сакам да го користам како компресор за пумпање....
не е инвертер, има 3 изводи...
Исто како и мотор од класичен фрижидер
. Имаш стартна намотка и работна намотка. Која е која... ќе треба сам да дознаеш
. Користиш кондензатор и временски прекинувач (најчесто PTC) за „одвојување“ на стартната намотка од колото кога работата на моторот ќе ја превземе работната намотка
.