Author Topic: Случајни муабети  (Read 1122222 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7215 on 29.07.2019, Monday, 02:34:28 »
Крајот на универзумот е предвиден одамна во религиите, а тек сега од науката.

Не ми беше насочен коментарот толку кон крајот на универзумот, туку повеќе кон тоа дека е единствена религија која, не само што спомнува постоење на вонземјани, туку и го исчекува моментот на нивно доаѓање ;).

Сеуште немаме таква свест или технологија. Ај на пес објасни му квадратна равенка. Така ни нас не може да ни се објасни, покаже или докаже Бог.

Добро, држи до некаде вода ;).

Оти па да и верува на науката не на Бога.

Бидејќи секое тврдење кое го дава науката е поткрепено со факти и докази ;).

Сите религии наведуваат кон постоење на еден и едини Бог.

Не сите. Само што наведов религија (Хиндуизмот) која е активна (не е мртва) и е многубожна ;).

Има разни теории за потребата од верување во некој кратор. Науката настанала трагајќи по бог, сакајќи да се спознае природата, она што не опкружува, што го гледаме и што не го гледаме, кој го создал, како го создал, зошто го создал.

Пааа... не би рекол дека е баш „трагање по бог“... повеќе е љубопитност во прашање, барем според мене. На пример, јас не завршив факултет трагајќи по бог, LOL ;D.

Патем, добра песна ;).

Науката не, но научниците во име на науката да.

Дури и ако е точно ова, тоа веќе се смета за индивидуално мислење, не и официјален став на наголемиот дел научни кругови (се разбира, исклучок би била теологијата ;)).

Од тука испадна атеизмот во мода, генерално Бог го поддржува знаењето и учењето, но на некои сатани им текна одредени изјави од Ајнштај на пример да ги вадат од контекст и да ги преиначат демек тој го негирал постоењето на бог ( сам немал некако став, најверојатно избегавал такви теми ), додека пак стивенс вели дека неа господ, дека така му текнало да универзумот без причина и од ништо да настане (побивајќи го законот за термодинамика).

Пааа... не би рекол баш дека „Бог го поддржува учењето“... не знам колку си ги читал светите книги на актуелните религии, ама повеќето, баш напротив, го забрануваат учењето и осознавањето на природата. Во повеќето свети книги, парафразирано, најчесто барањето на одговорите во науката се интерпретира како ерес и најчест одговор за „буричкањето во тајните на универзумот“ е „нема што да те интересира тоа, тоа е Божја работа“.

А тоа дека е во мода атеизмот, да, во мода е... и мислам дека е се тоа „потпалено“ од страна на LGBT заеднициве ::).

Законот за термодинамика не важи во микро светот (нуклеарна физика), така да, нема што да те буни, сосема други закони владеат во нуклеарната физика.

Видиш какви клошари се? еднав велат едно, е после ако се појават на пример масовно ванземаљци, пу пу не важи, сончоглед. Ќе кажиш или има или не,а мора да има став, не може и да има и да нема, не да си играат мајтап со народов, па и да згрешат, битно останале достоинствени на ставот, а ако не грешиш нема ни да успееш.

Ауууу, демек старешиниве на моментално актуелниве религии не се ;D. Сите си ги вртат работите како што ќе им чини ;). Науката барем се дистанцира од тоа прашање и не влегува во отворени дискусии за таа работа, додека во скоро сите религии, отворено е кажано дека нема вонземјани... што, ако некој де се покаже за неточно, истите ќе се интерпретираат како демони, ангели, пратеници од бог, пратеници од сатаната, изгубени души... кој како ќе му чини и некоја од тие интерпретации ќе преовлада и ќе се „инкорпорира“ во „модерното“ толкување на религијата, пасуси од светите книги сега ќе се интерпетираат на друг начин, итн... и кој е сега клошар ;D?

Ами што од мајмуни сме настанале? Што не настани некој чоек или друго биче еве денеска, што не еволуира денес човекот.

Потребни се милиони години за таков процес, не се случува преку ноќ.

Патем, од каде си толку сигурен дека мајмуните немале помош во еволуцијата ;).

Ти (или било кој) да појш африка на 50 степени, кај што фуче сонце секој ден ќе потемниш, тоа е прилагодување но не е еволуција, исто и мешањето на генетскиот материјал е селекција, но не е  еволуција.

Да, и тоа е еволуција... само за многу мала работа, инаку, еволуцијата е вид на прилагодување ;).

А тоа дека ќе поцрнам... ај прати албино и види дали ќе поцрни ;D... ќе ти се врати по еден ден со изгореници од трет степен ;D.

Душата кој му ја дал на чоекот и кај е складирана? Кој му ја дал свеста и слободната воља на човекот?

Да, но верување е дека човекот има душа... нема никаков доказ дека навистина има или нема. Ако нема доказ, тогаш е слепо верување, т.е. догма.

А за свест и слободна волја... еволуцијата е одговорна за тоа... кога станал човекот свесен сам за себе (кој сум, што сум, од каде сум, итн.), тогаш се појавила и свеста и слободната волја :). Од нашите досегашни научни откритија и анализи, тоа би требало да биде одлика на секое свесно суштество :)... се разбира, бидејќи е анализиран само човекот (недоволен број на видови за анализа), ова е само хипотеза (претпоставка).



Не би коментирал за остатокот од твојот коментар bicikle бидејќи очигледно е дека си религиозен :)... нема поента да коментирам бидејќи дел од работите кои ги имаш post-ирано, ги презентираш како факти... само религиозен човек така би ги презентирал тие работи ;)... а искрено, не сакам да се разубедувам со религиозни луѓе... они си се религиозни, јас не сум и дискусијата некаде тука завршува, барем за мене :).

Во секој случај, интересна дискусија :). И дознавме некои нови работи за дел од членовите на форуов :).



оф топик, како да врзам тошиба pg200x2c -4ft1 компресор за клима, сакам да го користам како компресор за пумпање....
не е инвертер, има 3 изводи...

Исто како и мотор од класичен фрижидер ;). Имаш стартна намотка и работна намотка. Која е која... ќе треба сам да дознаеш :-\. Користиш кондензатор и временски прекинувач (најчесто PTC) за „одвојување“ на стартната намотка од колото кога работата на моторот ќе ја превземе работната намотка ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7217 on 29.07.2019, Monday, 18:46:33 »
Quote
Не реков дека сме настанати од мајмуни, прашав од каде знаеш дека господ не направил?
-ами кој?
Quote
Ако Stephen Hawking е сатана бидејки тврди без да докаже дека нема бог тогаш исти се и тие кои тврдат без да докажат дека има бог.
Сега ти од кај си ? Мора да избериш сатана, то ти е како да играат манчестер и челзи, едните се за манчестер едните се за челзи и увек овие другиве врска немаат, ти си ја одбрал вистинската страна, а немаш ќар ни ти ни овај од спроти, нити пак може да се докаже. Исто е :D

Quote
Не ми беше насочен коментарот толку кон крајот на универзумот, туку повеќе кон тоа дека е единствена религија која, не само што спомнува постоење на вонземјани, туку и го исчекува моментот на нивно доаѓање ;)
Што е вонземјанин? ако гледаш така повеќе религии чекаат доаѓање на некој да ги спаси, пак се поклопуваат работиве.
Quote
Бидејќи секое тврдење кое го дава науката е поткрепено со факти и докази ;).
Ова е вера, не важи тамо математиката значи ти треба да размислуваш ван овоземските граници.
Quote
Пааа... не би рекол дека е баш „трагање по бог“... повеќе е љубопитност во прашање, барем според мене. На пример, јас не завршив факултет трагајќи по бог, LOL ;D.

Патем, добра песна ;).
Што е љубопитноста, за што си бил љубопитен ? првите школи, првата форма за образование била религиска, луѓето сакале да осознаат зошто грми, зошто врни, а сето тоа е природа што пак ја создал  некој.
Quote
Пааа... не би рекол баш дека „Бог го поддржува учењето“... не знам колку си ги читал светите книги на актуелните религии, ама повеќето, баш напротив, го забрануваат учењето и осознавањето на природата. Во повеќето свети книги, парафразирано, најчесто барањето на одговорите во науката се интерпретира како ерес и најчест одговор за „буричкањето во тајните на универзумот“ е „нема што да те интересира тоа, тоа е Божја работа“
. Ако не е фејк религија не треба да се плаши од знаењето. Ако требало глупи да останиме немало да ни биде дадена свест, ум и разум.
Quote
А тоа дека е во мода атеизмот, да, во мода е... и мислам дека е се тоа „потпалено“ од страна на LGBT заеднициве ::).
Да видат што пишело во стариот завет овие најголеми верници ќе се напраат :)
Quote
Законот за термодинамика не важи во микро светот (нуклеарна физика), така да, нема што да те буни, сосема други закони владеат во нуклеарната физика.
Е видиш, не моќжи ваму да важи ваму да не важи, пак се манипулатори, или нешто не им штимаат законите.
Quote
Ауууу, демек старешиниве на моментално актуелниве религии не се ;D. Сите си ги вртат работите како што ќе им чини ;).
Што ти вела ја, ни едните ни другите, затоа реков едно е бог, друго е религија, ти не мора да си стриктно христијанин за да веруваш во Бог, или што и да е, Шива нека е.
Quote
Патем, од каде си толку сигурен дека мајмуните немале помош во еволуцијата ;).
не су сигурен, ама со шифри (cheats) не се важи. И за албино не се важи, то е болест, јбг.
Quote
И дознавме некои нови работи за дел од членовите на форуов :).
Ја не су се криел дека верува во Бог, само не е сум религиозен, едно е бог, друго е религија, едно се бројките, друго е математиката како нивна наука.

Quote
Исто како и мотор од класичен фрижидер ;). Имаш стартна намотка и работна намотка. Која е која... ќе треба сам да дознаеш :-\. Користиш кондензатор и временски прекинувач (најчесто PTC) за „одвојување“ на стартната намотка од колото кога работата на моторот ќе ја превземе работната намотка ;).
како ? ги пробав сите комбинации. Абе нека си работи и помошната. Си велам, ако е заглавен компресорот, ќе падне осигурач, ама ова во некои комбинации само зуе(бучи) и ниште не се дешава.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7218 on 29.07.2019, Monday, 21:34:57 »
Едит: е сега има и вакви работи кои ќе те одвратат од бога, ама то е

45-та миниута е моментот : има да ќутиш :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7219 on 30.07.2019, Tuesday, 10:51:12 (Edited 31.07.2019, Wednesday, 05:50:21) »
како ? ги пробав сите комбинации. Абе нека си работи и помошната. Си велам, ако е заглавен компресорот, ќе падне осигурач, ама ова во некои комбинации само зуе(бучи) и ниште не се дешава.



Разгледај ги комбинациите и врските на намотките. Има три можни комбинации на мерење на отпорност. Една треба да има најмала вредност, друга треба да има поголема и третата треба да има најголема. Збирот на отпорностите на двете помали треба да е приближно еднаква со третата (најголемата измерена вредност).

Исто така мери од сите три према маса (шасија). Ако било кој пин јавува краток спој према маса, моторот е изгорен.

Стартниот кондензатор треба да има прилично голема вредност... минимум 4.7uF/400V (пластичен), ако не и повеќе (некои имаат и 10, 15uF вредност). Не е проблем ако има поголема вредност, проблем е ако е помала, можно е кај некои мотори да не сака да се стартува моторот, т.е. да не сака да запали стартната намотка. Така да, најдобро е ако можеш да најдеш 10, 15uF кондензатор и со таков да пробаш. PTC не мора колку за проба. Врзи ги жиците без PTC-то (преспои го) и откако ќе почне да работи, по 5, 6 до кај 10 секунди, само откачи ја жицата за стартната намотка, би требало да продолжи да работи моторот ;). Ако така продолжи да работи и ако се е е во ред, ќе си додадеш само уште едно PTC и терај работа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7220 on 30.07.2019, Tuesday, 12:19:46 (Edited 31.07.2019, Wednesday, 07:20:38) »
бедот (лошото) е што и унимер немам при рака, па реков да не има баш сликовита шема, ама јбг ќе се помача. Ко бајаги ги пробав сите можни кобинации, ама не вртеше, ама ќе пробам пак. Кондензаторот е 30 микро, но е стар (негов е), али ваљда е исправен. Птц нужно е? гледам многу мотори(од разни машини) си вртат без птц, ива е во уље потопено, има ладење.
Ако не брусалицата (шмишајбна што ја викаат некои  )

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7221 on 31.07.2019, Wednesday, 05:49:14 »
Птц нужно е?

PTC не мора колку за проба. Врзи ги жиците без PTC-то (преспои го) и откако ќе почне да работи, по 5, 6 до кај 10 секунди, само откачи ја жицата за стартната намотка, би требало да продолжи да работи моторот ;). Ако така продолжи да работи и ако се е е во ред, ќе си додадеш само уште едно PTC и терај работа ;).

Ако не брусалицата (шмишајбна што ја викаш )

Не ја викам само јас така ;D ;D ;D... сум чул од други :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7222 on 31.07.2019, Wednesday, 07:41:28 »
Зборот ми беше да не го тргам кондензаторот, сум видел многу мотори без птц, стартната намотка нонстп е под напон ( додека работи), ама изгледа заглавен е (зарибан) па ќе оди на операција :)
Едитирав, да не испадне те правам кабает :) инаку по продавноциве дека пишува артикал:брусалица затоа така го знам, мене лично ми е сеедно, што сака нека биде, да сече :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7223 on 01.08.2019, Thursday, 01:32:59 »
Едитирав, да не испадне те правам кабает :) инаку по продавноциве дека пишува артикал:брусалица затоа така го знам, мене лично ми е сеедно, што сака нека биде, да сече :)

Да, литературно Македонски е „брусалка“... „шмишајбна“ е најверојатно некоја неофицијална Балканска кованица, од „шмиргла“ и „шајбна“... претпоставувам дека е направена пред да излезе како термин „брусилка“ ;).

Некако по Германски ми звучи, можеби затоа почесто го користам како термин, кој знае :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7224 on 01.08.2019, Thursday, 01:39:30 »
Шлајфмашин, шлајферка адаптирано, ако сакаш џермански :)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7225 on 01.08.2019, Thursday, 10:10:41 »
Брусилка , брусалица, шлајферица сум чул многу пати  но шмишајбна првпат слушнав тука на форумот, не сум сретнал некој досега да го користи тој збор освен тука. Сега и знам на што се мислело кога се користел тој збор во некои постови. :)
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7226 on 01.08.2019, Thursday, 11:07:17 »
За шлајферица јас знам дека го викаат оној што е кружниот додаток за бормашина на кој може да се монтира шмиргла и да шмирглаш со бормашината. Не знаев дека го користеле истиот термин и за брусилка.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7227 on 01.08.2019, Thursday, 22:27:09 (Edited 02.08.2019, Friday, 01:27:09) »
додуша шлајферица може да е она машинчено со 2 ролери и шмирга измеѓу.


Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7228 on 01.08.2019, Thursday, 23:04:47 »
Имам сретнато луѓе кои шлајферица го употребуваат за секој апарат кој се користи за стругање, брусење, шлајфање. Кој како го чул, зачул или му го пренеле.
Можеби треба да се стават на форумот "емоции" стикери со различен алат па кој сака или незнае како да напише да стави "емоција" (колку не соодветно) од брусалица.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7229 on 02.08.2019, Friday, 00:10:54 (Edited 02.08.2019, Friday, 01:30:33) »




апдејт :
Компресорон наверојатно е прегорен, грее претерано, сите кабли ги грее, бучи и на старт се осеќа светлото локално како се намалува. утре ќе го доделка.
Не сум приметил дека стартува пред да го отворам бидејќи кога го прообував ектремно бучеше па го гасев, а и споро стартува.