Одсекогаш била исклуена опцијата за предупредување за нов пост или јас сум забегал? Мислам дека порано мене ми има давано предупредување тука на форумот дека има нов пост додека пишувам и дали сакам да го пратам мојот пост.
Можно е да била скриптата подесена така, пред да се префрлиме на 2.0.x, но не сум 100% сигурен. Но сигурен сум дека откако сме на 2.0.x, да, изгасена е таа опција
.
Доколку се дозволи бришење на постови темите ке се полни со дупки.
Идејата беше да биде како со Modify, да биде со временско ограничување (24 часа или било кој друг временски интервал и толку, потоа не е достапна таа опција).
На некои форуми во правилата пишува дека кога ке постираш пост тој станува сопственост на форумот и немаш право да го бришеш или изменуваш може во краток временски интервал да додадеш линк прашање или нешто слично за да не се редат неколки постови од истиот член еден по друг и на секое додавање го почнува со edit: па измената.
Да, тоа е правило на голем број форуми, но искрено, идејата беше да бидеме малку по либерални. Затоа и беше оставена опцијата за бришење и модифицирање на post-овите без временско ограничување на старата верзија (1.1.x). Се покажа дека премногу слобода, понекогаш и не е добра работа
.
Форумите не се демократија или анархија, сите имаат сопствени правила одредени од администрацијата. Мислам дека никој не е принуден да седи на некој форум каде не му одговара односот или правилата.
Оваа констатација (факт) ретко кој го разбира... за ова се пред се виновни социјалните мрежи. Таму, што ќе им текне post-ираат и никој не одговара за тоа. Проблемот е што новиве генерации, прво ќе имаат account на FB или Twitter, а тек потоа ќе се зачленат на некој форум и ќе мислат дека тука може исто како и на социјалните мрежи. Форумите си имаат сопственици, сопствениците имаат напишано правила, ако ти чинат, бујрум, остани. Се разбира, не е муабетот само да казнуваме и караме за секој прекршок, но, ако е очигледно дека членот не го интересираат правилата и дека воопшто не сака да ги почитува, да, се разбира дека ќе се превземат соодветни санкции.
Порано во правилата покрај забраната за политички коментари имаше и забрана за верски коментари, избришано е тоа правило или јас неможам да го најдам.
"Строго е забрането е дискриминирање на определен член/членови на форумот на религиска, национална или расна основа, без разлика дали е дискриминирањето јавно или преку лични пораки."
Правилата се стари и малку комплицирани, ќе има нивна ревизија и поедноставување
. Не дека ова правило не е добро, но може да се стави заедно со уште неколку правила во едно правило
.
Не мислев за то правило, порано имаше правило забрането е отварање теми и водење дискусија на религиозни теми.
Кога првиот пат ги читав правилата знам дека го имаше како правило, но последните неколку пати кога гледав некое правило не го приметив и сега кога ги читав сите правила не го најдов.
Можеби дека не сум религиозон имам некое селективно слепило
Можно е да го имало тоа правило, но веќе имаше една ревизија на правилата, пред некои 5, 6 години, можеби и повеќе, така да, можно е да било тргнато или префрлено во некое друго правило.
Јас лично, не би забранил теми со религиозна содржина во off-topic секциите, но, се разбира, да не се сведе на spam-ирање
.
edit: Дали 24 часа се сметаат од последната измена на коментарот или од првото објавување на коментарот?
Од првото објавување на коментарот
.