Author Topic: Случајни муабети  (Read 1122032 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7170 on 24.07.2019, Wednesday, 20:24:02 »
Ко на фб? Многу ќе зафаќа простор така, еве сега ќе го пратам постов, и после ќе видам печатна грешка, ќе го преправам, па ќе видам друга грешка па па ќе го преправам и така едно 10-тина поста, очобол ќе ве фати :)
А и еве некој бот да дојде да постира постови со "рамна земја" или "хербалајф" или "јеховин сведок" оти да ги чуваш тие постови

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7171 on 24.07.2019, Wednesday, 20:33:44 »
 
Quote from: Toma
а ако измената не е по правилата тогаш има и санкции во рацете на администрацијата
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7172 on 24.07.2019, Wednesday, 20:37:07 »
Code: [Select]
https://www.reliant-technology.com/data-domain-dd2500/
Еве, за ова велев.

Добро, и што со ова? EMC производ, data domain backup систем... што, на овој фајловите се помали отколку кога ќе се ископираат локално?

Оваа со администратор или модератор според мене е комплицирано и на некој начин цензура.

Не би се сложил, но во ред, тоа е твое гледиште на работите.

Ако администраторот или модераторот нема доверие во членот како тогаш членот ќе има доверие дека содржината која е изменета ќе биде иста (посебно ако е “ферман„) и правилно разбрана од страна на администраторот или модераторот!

Затоа се дадени тие 24 часа, за да може членот да го модифицира post-от во тој временски интервал, доколку смета дека нешто треба да се додаде или одземе.

И ова не е нова работа, одамна е вака. Зошто не се бунеше тогаш кога беше донесена оваа одлука дека можеби со ова се скратуваат правата на членовите? Тогаш беше дел од администрацијата на форумов, имаше пристап до модераторските секции и таму пишав дека е направена оваа промена (да не цитирам делови од таа секција, LordZi сигурно може да посведочи за ова, бидејќи првично беше подесено на 48 часа, а потоа, по негова иницијатива мислам, овој временски интервал се намали на 24 часа). Ако сакаш да се врати како што првично беше предложено, не е проблем, ќе отворам poll, ако членовите изгласаат 48 часа, ќе се врати назад на 48 часа.

Потребно е двострано доверие, а ако измената не е по правилата тогаш има и санкции во рацете на администрацијата, и затоа мислам дека измената не треба да има временски рок, а и така активните членови се бројат лесно а и карактерите се отсликуваат.

Не е проблемот дека не е по правилата. Во правилата никаде не стои дека не смеете да си ги edit-ирате post-овите. Проблемот го пишав погоре - изреволтирани членови си ги edit-ираа post-овите или ги бришеа пред да си заминат и веќе никогаш да не го посетат форумов. Се губи логичниот тек на разговорот во темата... никој не сака да биде член на форум каде што половина и повеќе post-ови се избришани или edit-ирани со оставен еден или два карактери во post-от. За да не дојде до ваква ситуација повторно (бидејќи се имаше случено неколку пати), затоа беше одземена привилегијата членовите да може да си ги бришат и изменуваат post-овите по 24 часа. Да можеше да се подеси истото и за бришењето на post-овите (24 часа), ќе беше подесено, не може.

А ако го дозволиме тоа, да може во било кое време, било кој член да може си edit-ира post-ови, треба дежурни џандари да бидеме и да пазиме што секој прави на форумов и да проверуваме неколку дена наназад, да не случајно некој решил да си edit-ира post ::). Извини, ама јас барем лично, немам намера да го правам ова, а и немам намера да ги товарам модераторите да го прават ова.

Еве предлог ако е можно
-Постот кој треба да се измени останува заклучен со првобитната содржина а измената да се види одма после тој пост без разлика колку постови има потоа, така да не се губи ништо од поентата на претходниот со изменетиот пост.

Има слична (не идентична на она што го имаш пишано) модфикација за SMF, но платена е (т.е., треба да платиш за да ја користиш). Не е скапа (околу 20-тина долари мислам дека беше), но немам намера да ја плаќам. Ако сакате да се соберете, да донирате пари само за неа, слободно донирајте, немам ништо против.

И уште нешто.
-Постоеше информација кој ја направил измената а сега има само дата кога е направена измената.

Да, порано беше така, но го сменив тоа и сега над post-от само пишува дека е изменет. Измената беше направена од естетски причини. Мене барем, лично, некако не ми одеше во глава на крајот од post-от да пишува дека е изменет. Да, ова е логично, на крајот да стои дека е изменет (како и во секој текст), но во скоро сите останати софтвери за форуми, измената стои сосема горе, веднаш до насловот на post-от... и никако не можев да се навикнам на новој начин за означување на измена. За жал, како што е сега подесена скриптата, не јавува кој ја направил измената. Тоа е недостаток на модификацијата која е инсталирана. За да го подесам ова, треба да видам како е направена и да ја модифицирам. Ако и остатокот членови сметаат дека ова е важно, пак ќе пишам, секогаш може да се отвори анкета и да се види дали навистина им е важно ова. Ако се изгласа дека сметаат дека оваа информација е важна, ОК, ќе разгледам како може да се смени ова и да се додаде и авторот на измената веднаш до текстот дека е изменет post-от.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7173 on 24.07.2019, Wednesday, 21:19:10 (Edited 24.07.2019, Wednesday, 23:15:02) »
Quote
И ова не е нова работа, одамна е вака. Зошто не се бунеше тогаш кога беше донесена оваа одлука дека можеби со ова се скратуваат правата на членовите? Тогаш беше дел од администрацијата на форумов, имаше пристап до модераторските секции и таму пишав дека е направена оваа промена

Дали тоа значи дека сега се „бунам“
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/бунеше
Колку се сеќавам (а мислам дека добро се сеќавам) ова измена е направена пред да станам модератор.

Впрочем тешко се разбираме а намерата не ми е да добијам бенефиции или да се правам паметен туку ги изнесувам моите гледишта  кои некому му се допаѓаат некому не, па според тоа стави пепел на сето тоа.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7174 on 24.07.2019, Wednesday, 22:32:43 »
Е ова на прумер е за бришење :)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #7175 on 24.07.2019, Wednesday, 22:35:36 »
Не е битно кога е воведена оваа измена, донесена е со согласност од сите членови на админстрацијата од причини кои ги наведе GigaWatt и не гледам причина да се смени, 24 часа е сосема доволно време да се едитира пост, а потоа ако има потреба од тоа може да се контактира некој од администрацијата и ние ќе го направиме тоа.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7176 on 24.07.2019, Wednesday, 23:18:11 »
Ако се дозволи бришење или едитирање на постови, форумов пепел ќе го нашпрајме. Овде не е толку изразито, ама на форумо поготово кај што е дозволена политика, некој јадел бурек, плукал, колнел пцуел, потоа сменил гледиште или му станало страв да не биде избркан од работа или казнет, и одма ги брише постовите, или па ете друг аспект што спомна Гига, некој се навредил, и наместо да си се исплаче да му олесни во знак на револт ќе брише постови или ќе тропа глпости или ќе спамира.
„Добро, и што со ова? EMC производ, data domain backup систем... што, на овој фајловите се помали отколку кога ќе се ископираат локално?“10 пати видеата :) а и не се осеќа разлика дали си на него или на локален хдд, ептен е брз, ем е оптоварен(добро не е 100%), ем има бекап на бекапот, едино поплава или да му влезиш со чекан може да се изгубат податоците, не дека е неуништлив, ама е прилично спремен. Е сега коша многу и не се исплати за форум/филмови, ама за рента или за по битни работи и тоа како.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7177 on 25.07.2019, Thursday, 03:19:05 »
Дали тоа значи дека сега се „бунам“
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/бунеше

Можеби преостар збор беше „буни“, но дефинитивно не спомна нешто вакво додека беше модератор.

Колку се сеќавам (а мислам дека добро се сеќавам) ова измена е направена пред да станам модератор.



Сега баш нешто прочепкав во админ панелот, подесив да не може да се edit-ираат post-ови по 2 дена од нивното креирање. Ова не важи за админите и модераторите (проверив, сигурно не важи за модераторите ;)).

Како и да е, видите дали ќе ви се допаѓа ова, па ако мислите дека е ОК, ќе го задржам, ако не, ќе го вратам назад како што беше ;).

И проверив дали обичните членови имаат опција да бришат свои post-ови, да, оваа опција била активна. Значи може ако сакате да се забрани да бришат свои теми и/или post-ови (одделни опции се). Изјаснете се што мислите ;).

Да, се сложувам да не можат да едитираат постови, јас би го намалил дури и на 1 ден.

Се согласувам со ЛордЗи да се намали времето на 1 ден за едитирање на постови. Сметам дека е доволно за да членот си исправи евентуални печатни грешки или сл.

Добро, два гласа имаме за 1 ден. Уште еден и да сменам.

Уште еден и од мене.



Ако баба лаже, трап не лаже ;).

Впрочем тешко се разбираме а намерата не ми е да добијам бенефиции или да се правам паметен туку ги изнесувам моите гледишта  кои некому му се допаѓаат некому не, па според тоа стави пепел на сето тоа.

Во ред, и тие гледишта си се твои. Згора на тоа, реплицирав на сите твои забелешки и коментари. Немој да речеш дека не дадов опција, бидејќи репликите во ниеден момент не беа децидно „НЕ МОЖЕ!“. За најголем дел од нив дадов солуции... за некои од нив, треба и ти и/или и останатите членови да се инволвираат (мислам на предлозите за анкета, итн.). Доколку има „критична маса“ која сака да се имплементира определена функција и смета дека „таа и таа“ работа е многу важна за правилно функционирање на форумот, се разбира дека ќе се потрудам да се имплементира ;). Но, се додека само ти го бараш тоа, не може да се свати сериозно тоа барање, особено ако не станува збор за само „кликни-смени“. Промените што ги побара, не се од таков тип.

Е ова на прумер е за бришење :)

@Toma: Доказ дека не секој (слично на мене), се сложува со твоите гледишта на работите ;).

Ако се дозволи бришење или едитирање на постови, форумов пепел ќе го нашпрајме.

Според мене, не е погрешно (т.е. јас барем лично, би одобрил и би сакал да биде така) да ги имаат овие опции (Edit и Delete) корисниците првите 24 или 48 часа по post-ирање, но не и потоа. За жал, тоа лесно се подесува за Edit, но не и за Delete :-\. Delete може само да се забрани или да се одобри, не и да се намести да биде со временска зависност.

Баш побарав и на SMF форумот, каде што и најмногу модификации има, нема ваква модификација :-\.

Овде не е толку изразито, ама на форумо поготово кај што е дозволена политика, некој јадел бурек, плукал, колнел пцуел, потоа сменил гледиште или му станало страв да не биде избркан од работа или казнет, и одма ги брише постовите, или па ете друг аспект што спомна Гига, некој се навредил, и наместо да си се исплаче да му олесни во знак на револт ќе брише постови или ќе тропа глпости или ќе спамира.

За спамот, тоа може да се реши релативно лесно ;). Проблем е кога членот ќе реши да си ги брише или edit-ира post-овите :-\. Да, можеби ќе можам да вратам назад backup од база, но ќе треба само неговите post-ови да ги одвојам и еден по еден да ги враќам рачно во база :-\... и сета оваа мака, поради слободата да можат членовите да менуваат и бришат коментари кога сакаат ???... па мислам дека нема смисла да ни го правите ова :P :D... па и ние имаме душа :D.

„Добро, и што со ова? EMC производ, data domain backup систем... што, на овој фајловите се помали отколку кога ќе се ископираат локално?“10 пати видеата :) а и не се осеќа разлика дали си на него или на локален хдд, ептен е брз, ем е оптоварен(добро не е 100%), ем има бекап на бекапот, едино поплава или да му влезиш со чекан може да се изгубат податоците, не дека е неуништлив, ама е прилично спремен. Е сега коша многу и не се исплати за форум/филмови, ама за рента или за по битни работи и тоа како.

Хммм... да не случајно прави некаков си export на видеото кога ти мислиш дека копираш, а он уствари конвертира, па ти го сервира конвертираниот фајл? Бидејќи има вакви интелигентни NAS-ови, а EMC се познати по тоа дека се bleeding edge за вакви работи, така да... мене барем, само ова ми прави логика ???. На него, се чува со определен bitrate, но кога ќе сакаш да го ископираш прави брза рекомпресија со 10 пати поголем bitrate (за да нема губиток во квалитет) и потоа ти го сервира рекомпресираниот фајл.

Баш читав нешто за фирмава што го произведува софтверот за EMC NAS-овите, Reliant Technology. Ова се веќе уреди за банки, финансиски институции, државни агенции, итн. Ова обичен смртник не може да го има. Што точно имаат имплементирано за да може да го изведат тоа ниво на компресија, никој не знае, само луѓето вработени во таа компанија знаат.

Иако, како што пишав, не верувам дека станува збор за „црна магија“, само добро скриени веќе постоечки техологии. Не дека производите не им се добри и стабилни, најверојатно се, но се екстремно преценети и прескапи... што не е проблем за државни агенции, банки и финансиски институции ;)... нели, парите не се нивни ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7178 on 25.07.2019, Thursday, 07:32:53 »
"Според мене, не е погрешно (т.е. јас барем лично, би одобрил и би сакал да биде така) да ги имаат овие опции (Edit и Delete) корисниците првите 24 или 48 часа по post-ирање, но не и потоа." Да де, зборот ми беше времето да не е "безконечно", на крајот на краиштата счпмнато е дека не можеш да ги бришиш и едитираш ппстовите после 24 часа, па секлј нека си се дума што ќе напише :)
"
Хммм... да не случајно прави некаков си export на видеото кога ти мислиш дека копираш, а он уствари конвертира, па ти го сервира конвертираниот фајл? Бидејќи има вакви интелигентни NAS"
Најверојатно прави, не знам што прави, ама нити го гледаш тоа што го прави нити го осеќаш, добро е сработено.
Ако имаш 10.000$ вишок секако дека можеш да го имаш, не мора да си банка :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7179 on 25.07.2019, Thursday, 12:07:50 »
Ако имаш 10.000$ вишок секако дека можеш да го имаш, не мора да си банка :)

Не благодарам :). Кога не знам што прави, не му верувам многу :D. Освен тоа, се е решено со proprietary софтер, така да, за вакви работи, не верувам на proprietary. Сам NAS ќе си направам ;).

А и прескапо е... дури и ако навистина ми се фазла парите, не би го земал.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7180 on 25.07.2019, Thursday, 12:46:53 »
Овој пример е прашање!
Пташањето е како да дојдам до вистинскиот пост?

Уште еден и од мене.

Јас не сум за тоа.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7181 on 25.07.2019, Thursday, 13:57:15 »
Не можеш да дојдеш бидејќи се дел од секцијата за модератори, во која што сега немаш пристап.

Без разлика, информиран беше за оваа работа и немаше ништо против тоа. Ако имаше, требаше да пишеш додека беше модератор. Сигурен сум дека ќе најдевме некое решение. Сега, како што пишав, ако толку сакаш да се смени тоа, отвори анкета, ќе се видат резултатите и врз база на тоа, ќе се оди понатаму.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #7182 on 25.07.2019, Thursday, 14:42:58 »
Не можеш да дојдеш бидејќи се дел од секцијата за модератори, во која што сега немаш пристап.
Бев сигурен дека така ќе одговориш!
Поентата беше било кој цитат (иако беа постирани горните два и тоа со различен цитат а иста адреса или и' што и да значи следното:
Quote from: Toma on 28.03.2018, Wednesday, 18:58:22)!
Прашање 
Но што ако сакам да дојдам до линкот и постот на овој цитат до кој имам пристап!
исто е со сијалица и без сијалица, вади 92.2в.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #7183 on 25.07.2019, Thursday, 15:46:22 »
Добро, си ги сменил дел од параметрите во функцијата за цитирање и води кон нешто сосема трето. Што ти е поентата, дека може било што да се смени и да изгледа како цитат и ако членот нема простап до таа секција, дека некој може мајтап да си игра?

Да, точно дека е така, што не го менува фактот дека ти знаеше какви се правилата во врска со функциите за менување и бришење на post-ови за членовите додека беше модератор, дури и ако не си гласал за тоа, а сепак, не направи ништо да се сменат.

А ако мислиш дека си играм мајтап, тогаш дефинитивно не ме знаеш доволно.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #7184 on 25.07.2019, Thursday, 16:24:45 »
Ваљда муабетот е цитатот да не се губи контекст, или некој цитат да не се вади од контекст. На пример ете сега ако сакаш да видиш кај бил напонот 92.2в. треба или срч да одиш или рачно да пребаруваш, а самиот цитат (или на пример стрелка, или дел од цитатот) да води кон оригиналниот посто би било многу позгодни, а воедно и јас сум за таква опција да е „enabled“ во форумов, секако ако е возможно без некои екстра дополнителни опции.