Реков дека е роботизирано возило, значи не е повеќе од 600-700 грама и потребни се моторите само дс го движат возилото.
Било какви степ мотори кои имаат поголем број на чекори (не би знаел да кажам точно колкав, не сум навлезен во ова
) ќе ти завршат работа
. Гледај моќноста да е отприлика колку на постарите скенери (поновиве користат помали бидејќи се со LED, а и целиот систем за оптичко отклонување и сензорите им е многу помал, така да, новиве модели не би биле репер). Разгледај модели на постари секенри, на пример произведени до кај 2005-та, 2006-та (не и по тоа), разгледај резервни делови, конкретно степ моторите, пиши го моделот на степ моторот на Google, разгледај слики од моторот (види колкава му е големината) и според таа големина, побарај online од кај Кинезиве степ мотори и види колку моќни пишува дека се
. Така, ќе добиеш некоја евиденција колку моќни степ мотори би ти требале
.
А и за модели, не би знаел да ти кажам, немам изработено ниеден проект со степ мотор
... еднаш работев за една фирма еден проект за трофазен мотор, ама освен тоа, друго немам работено
... и тоа само контролата, електрониката за погонување веќе си ја имаа набавено.