Слика со негов екстра зум (има претерана интерполација но сепак е гледливо).
Мислиш пикселизација
.
Во секој случај, од првата слика во post-от се гледа дека добри слики вади
.
Но да, бидејќи е многу зумирано, мора многу стабилно да го држиш телефонот, инаку ќе се јави „дух“ (ghosting, двојна слика, поради продолжена експозиција; автоматски се одредува во денешно време, бидејќи се е дигитално; порано, на аналогните се подесуваше... и не изгледаше баш како двојна, тројна, четворна слика, туку како континуирано движење... и сега така може да изгледа, ама на скапи фото апарати, што може да снимаат со 60 и повеќе FPS).
Инаку поситни SMD компоненти не сум видел до сега
Млад си, има време
.
еве го мојоt mount, телефонот го ставам врз селотејпов и ако плочката е поголема со се лепаков врз плочката
Е ова е навистина добра идеја
... бидејќи и светлината од блицот не дозволуваш да „избега“
. Добра досетка
.
За макро сликанје трипод е најдобра опција
Немам смартфон, така да, за макро слики, користам класичен фото апарат (Samsung ES55, најевтино brand name идиотче
... добро, тогаш кога го земав беше најевтин, сега има и поевтини, ама од она што имам видено, и по за никаде во однос на квалитет на сликите
). Може да вади слики со резолуција до 10MPix, ама подесен е на 5MPix бидејќи, генерално, нема потреба од поголема резолуција, а освен тоа, на максимална резолуција, веќе се забележува пикселизација... барем ако зумираш, ако ја гледаш на монитор, без зум, нема проблем, се си изгледа ОК. Снима само SD (720 x 480), затоа и сакам да земам некој професионален фото апарат на старо кој може да снима Full HD. Не ми треба толку за фотографии, повеќе за снимање.
Како потпирач користам еден „трипод“ од eBay... не е баш трипод, затоа и во наводоници е... оловно цевче е кое лесно се свиткува (олово, меко е
) и на другиот крај има од оние вакумскине пумпу што треба да се стават на некое стакло или некоја друга мазна површина... е сега, се скрши тој долниот дел (не дека го користев нешто многу
), така да, остана само пластичната основа на која беше монтирано тоа за вакумирање на рамна површина, ама брка работа и вака. Само што сега треба да го држам со рака, да има некоја тежина, инаку, ќе падне на една или друга страна
.