Па, сега не знам друго место од каде да купам освен од интернет и за тоа ќе треба да чекам 1 месец минимум, а мене ми треба што е можно побрзо...
Епа сега... не знам што да ти кажам...
Пробај со некој Power Bank со поголем капацитет. Отиди по продавнициве и врзувај го RPi за Power Banks, види со кој нема да паѓа... не знам кој друг совет да ти го дадам
.
Не ми се отвора нова тема за неколку мали прашања, а и порано кога бев нов член на форумот кога ќе отворев такви теми бев опоменуван, па и затоа не сакам.
Да, ама беше опоменуван бидејќи отвораше теми во кои ти веќе нешто си разработил, ама не елаборираше се добро како што треба, а сакаше да добиеш одговор веднаш... и затоа имињата на темите ти беа целосно поврзани со конкретно местото на кое си заглавил и скоро никаква заднина на проблемот.
На пример, за конкретниов проблем, ако отвореше тема, насловот на темата сигурно ќе беше нешто како „Проблем - RPi се ресетира“... е тек во темата ќе пишеш „го врзувам за батерии, ми треба за на терен“ и тоа тек по 3 или 4 одговори во темата
.
Значи, дај малку историја и во насловот. На пример, добар наслов за нешто вакво би било „Батериски напојуван RPi - проблеми и решенија“ или нешто слично на ова (не мора да е баш вака). Вака, е јасно уште во насловот што може да биде проблемот
.
Ах бе, новиве генерации
. Мислите дека ако ве интересира електроника дека ништо друго не ви треба
. Ако не знаете да склопите состав и да елаборирате проблем или решение на проблем, како очекувате некој да ве разбере? Е, ама тоа не се учи на часови по Електротехника, тоа се учи на часовите по Македонски јазик
. А и со читање на литература (не стручна, белетристика) си го проширувате вокабуларот. Знам, мислите дека се тоа е губење на време, јасно ми е... верувај, не е... од искуство кажувам
.
Но, доколку пречи што прашувам во оваа тема ќе отворам нова тема.
Ако процениш дека не би имало повеќе од два или три одговори за некое прашање, ОК, ни јас ни би отворал тема. Но, ако процениш дека можно е да се развие дебата околу определена тема или прашање, се разбира дека ќе отвориш тема.
Еве, на пример за конкретниов проблем, не ми е јасно како не помисли дека можеби и некој друг би бил заинтересиран за ваква идеја (да се напојува RPi преку power bank или некој друг сличен систем) и како не би имало барем уште 3, 4 други предлози од членови... јас ова би го предвидел... не сум начекал до сега такво нешто, а интересно е како идеја, така да, има шанси да се развие дискусија околу ова
.