Author Topic: Случајни муабети  (Read 1121098 times)

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Случајни муабети
« Reply #6960 on 03.03.2019, Sunday, 15:30:14 »
Струјата на Степ Уп конверторот е поголема на влезот од излезот. На влез бара повеќе а на излез дава помалку затоа што го качил Напонот. Ако имаш мултиметар најубаво е да ги измериш струите.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6961 on 03.03.2019, Sunday, 15:49:02 »
Мери го со унимер DC бустерот како се понаша во критичната фаза, исто тестирај го и колку ампери повлекува во критичниот момент.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6962 on 04.03.2019, Monday, 00:57:53 »
Пожелно е да земеш step down конвертор, не step up и да ги врзеш батериите во серија, а не во паралела. И пожелно е да имаш врзано 3 батерии во серија, а не 2.

Arduino-то е непредвидливо, исто како и PC. Ако го оптовариш (а тоа сигурно го прави при boot up), ќе повлече блиску до 3А и ќе изреагира заштитата во XL6009. Затоа е пожелно да земеш некој step down конвертор кој може да даде барем 5A, ама не 5A max туку 5A nominal, 7А max (чисто како пример, може да е и 8, 9A max, не е критично, само да не биде максимална излезна струја 5A). Е тогаш, нема да имаш проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6963 on 04.03.2019, Monday, 09:58:35 »
Но, дали може да го решам проблемот со овој конвертор, бидејќи е итно.

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Re: Случајни муабети
« Reply #6964 on 04.03.2019, Monday, 10:14:56 »
Врзи ги батериите сериски (7,2  V номинален напон). Посочениот конвертор работи со минимален напон од 3,7 волти, а ќелиите при оптоварување знаат да паднат под 3,6V. Со сериски врзани Li-Ion батерии, наштелувај го тримерот конверторот да дава 5V на излез без приклучен товар.

Поврзи го Raspberry Pi 3, додека го вклучуваш мери го напонот на батериите, ако падне испод 6,6 волти, некоја од батериите или двете не се добри, пробај со други батерии.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6965 on 04.03.2019, Monday, 15:03:12 (Edited 04.03.2019, Monday, 16:09:53) »
Може ли некој од Битола ако оди деновиве накај Алфа да провери дали го имаат овој пиштол на лагер, им пишав ама не одговараат... :P

Code: [Select]
http://alfaelektronik.mk/store/products/view.php?product_id=18360&category_id=712&category_on=0#!prettyPhoto[pp_gal]/2/
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6966 on 04.03.2019, Monday, 15:12:25 (Edited 04.03.2019, Monday, 16:47:55) »
Code: [Select]
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=346754342594374&id=280671729202636

го имаше истово некаде низ  форумов. Ова е 15 000 денари, или 250 евра.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6967 on 04.03.2019, Monday, 16:43:38 (Edited 04.03.2019, Monday, 16:52:28) »
Го решив проблемот со батериите ги поврзав сериски, се надевам ќе работи како што треба. Напонот на батериите кога не се оптеретени изнесува 7,7V, а кога ќе го пуштам RPi паѓа на 7,5V што сметам дека е во ред. Изгледа проблемот беше тоа што на влез на конверторот имаше напон помал за 0,1V од тој е предвиден. Е, сега овие батерииве нема вечно да бидат полни, па прашањето ми е како да ги полнам вака како што се поврзани? Кога батериите беа поврзани паралелно ( или пак сум користел една батерија ) ги полнев со модулот од линкот. Дали може да ги полнам повторно со него? -Иако сметам дека нема да можи и ќе треба со некоја друга контрола.

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/3/32732400277.html

А, инаку со овој модул успевав на го напојувам RPi, иако максималната излезна струја е 1A, но после неколку дена и со него на сред користење RPi се исклучуваше. Можам успешно да го користам RPi преку него, но не ми е сигурно, бидејќи може да се исклучи на сред користење и да направи reboot.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6968 on 04.03.2019, Monday, 17:00:56 »
Е, сега овие батерииве нема вечно да бидат полни, па прашањето ми е како да ги полнам вака како што се поврзани?

Ќе си купиш посебен систем за полнење ;). Ги има за 2, 3, 4, 5 батерии во серија ;).

Можно е и некоја од DIY пластикине со електроника во нив за Power Banks да ти заврши работа како All-In-One решение, ама којa... ќе треба да си гледаш спецификации (пред се мислам на максимална излезна струја).

Дали може да ги полнам повторно со него?

Да, ќе може, но секоја посебно, не и двете заедно... а и најверојатно ќе треба да ги одвоиш батериите од системот за напојување на RPi пред да ги полниш.

А, инаку со овој модул успевав на го напојувам RPi, иако максималната излезна струја е 1A, но после неколку дена и со него на сред користење RPi се исклучуваше. Можам успешно да го користам RPi преку него, но не ми е сигурно, бидејќи може да се исклучи на сред користење и да направи reboot.

Што и да искористиш, гледај да може да даде 3A континуирано на излез. Ако е дефиниран како 3A max, тоа значи дека 3A може да дава краток временски интервал, половина секунда, секунда. Треба да биде дефиниран како 3A nominal, 5A max или некако така за да можеш без проблем да го напојуваш RPi преку него.

Може да пробаш и да го замениш Micro USB конекторот со некој кружен, класичен. Преку Micro USB знае да падне напон ако уредот повлече повеќе, така да, можно е и тука да имаш исто така проблем :-\.

И дај отворај си теми за вакви работи, ептен навика ти стана „што да имам проблем, лупни у Случајни муабети“ :P.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6969 on 04.03.2019, Monday, 17:06:57 »
Ќе си купиш посебен систем за полнење ;). Ги има за 2, 3, 4, 5 батерии во серија ;).

Можно е и некоја од DIY пластикине со електроника во нив за Power Banks да ти заврши работа како All-In-One решение, ама којa... ќе треба да си гледаш спецификации (пред се мислам на максимална излезна струја).

Па, сега не знам друго место од каде да купам освен од интернет и за тоа ќе треба да чекам 1 месец минимум, а мене ми треба што е можно побрзо...

И дај отворај си теми за вакви работи, ептен навика ти стана „што да имам проблем, лупни у Случајни муабети“ :P.

Не ми се отвора нова тема за неколку мали прашања, а и порано кога бев нов член на форумот кога ќе отворев такви теми бев опоменуван, па и затоа не сакам.  :D
Но, доколку пречи што прашувам во оваа тема ќе отворам нова тема.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6970 on 04.03.2019, Monday, 17:34:31 »
Па, сега не знам друго место од каде да купам освен од интернет и за тоа ќе треба да чекам 1 месец минимум, а мене ми треба што е можно побрзо...

Епа сега... не знам што да ти кажам...

Пробај со некој Power Bank со поголем капацитет. Отиди по продавнициве и врзувај го RPi за Power Banks, види со кој нема да паѓа... не знам кој друг совет да ти го дадам :D.

Не ми се отвора нова тема за неколку мали прашања, а и порано кога бев нов член на форумот кога ќе отворев такви теми бев опоменуван, па и затоа не сакам.  :D

Да, ама беше опоменуван бидејќи отвораше теми во кои ти веќе нешто си разработил, ама не елаборираше се добро како што треба, а сакаше да добиеш одговор веднаш... и затоа имињата на темите ти беа целосно поврзани со конкретно местото на кое си заглавил и скоро никаква заднина на проблемот.

На пример, за конкретниов проблем, ако отвореше тема, насловот на темата сигурно ќе беше нешто како „Проблем - RPi се ресетира“... е тек во темата ќе пишеш „го врзувам за батерии, ми треба за на терен“ и тоа тек по 3 или 4 одговори во темата ::).

Значи, дај малку историја и во насловот. На пример, добар наслов за нешто вакво би било „Батериски напојуван RPi - проблеми и решенија“ или нешто слично на ова (не мора да е баш вака). Вака, е јасно уште во насловот што може да биде проблемот ;).

Ах бе, новиве генерации ::). Мислите дека ако ве интересира електроника дека ништо друго не ви треба ::). Ако не знаете да склопите состав и да елаборирате проблем или решение на проблем, како очекувате некој да ве разбере? Е, ама тоа не се учи на часови по Електротехника, тоа се учи на часовите по Македонски јазик ;). А и со читање на литература (не стручна, белетристика) си го проширувате вокабуларот. Знам, мислите дека се тоа е губење на време, јасно ми е... верувај, не е... од искуство кажувам ;).

Но, доколку пречи што прашувам во оваа тема ќе отворам нова тема.

Ако процениш дека не би имало повеќе од два или три одговори за некое прашање, ОК, ни јас ни би отворал тема. Но, ако процениш дека можно е да се развие дебата околу определена тема или прашање, се разбира дека ќе отвориш тема.

Еве, на пример за конкретниов проблем, не ми е јасно како не помисли дека можеби и некој друг би бил заинтересиран за ваква идеја (да се напојува RPi преку power bank или некој друг сличен систем) и како не би имало барем уште 3, 4 други предлози од членови... јас ова би го предвидел... не сум начекал до сега такво нешто, а интересно е како идеја, така да, има шанси да се развие дискусија околу ова ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Случајни муабети
« Reply #6971 on 04.03.2019, Monday, 18:39:40 »
Кога не е нова тема еве додаток како да се полнат батериите со “обичен“ полнач!

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6972 on 04.03.2019, Monday, 23:55:33 »
Става диода... претпоставував ;). Добра идеја ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #6973 on 05.03.2019, Tuesday, 10:05:50 (Edited 05.03.2019, Tuesday, 17:24:31) »
Може ли некој од Битола ако оди деновиве накај Алфа да провери дали го имаат овој пиштол на лагер, им пишав ама не одговараат... :P

Code: [Select]
http://alfaelektronik.mk/store/products/view.php?product_id=18360&category_id=712&category_on=0#!prettyPhoto[pp_gal]/2/

Ако прашуваш само за пиштолот (рачката) да го имаат според она што го има на страната кај нив (имаат нова страна *)

Code: [Select]
http://alfaelektronik.com.mk/info.php?brojce=26018

п.с. најверојатно јас ќе поминам во текот на денот денес алфа па ќе ти прашам за посигурно
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #6974 on 05.03.2019, Tuesday, 12:23:26 »
За целата станица ме интересира дали ја има, ако поминуваш прашај па пиши... ;)