Author Topic: Случајни муабети  (Read 1121777 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6915 on 20.02.2019, Wednesday, 02:08:18 »
Да, мулти чук е права ствар...
Mdsime сега таа од екстул ја имаш?
„Јас имав слична идеја за преправка на бормашина, да додадам на неа од оние сајлите за гравирки и да ми биде наменета за обработка на материјали на мал број на вртежи, ама да има момент на сила, не како гравирката, голем број на вртежи, мал момент на сила :-\. „
па сајлата може да пренесе брзина, но за сила ( момент на сила, или торк што го велам) не сум баш сигурен, можда некоја бренд сајла, ама кинескиве 100% нема, имам пробано.
Потоа од сетот крстачите или филипс битовите пробано се прилично издржливи, за торковите сум немал прилика сеуште  :)
600 вати не е зае*анција :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6916 on 20.02.2019, Wednesday, 07:30:11 (Edited 20.02.2019, Wednesday, 13:47:14) »
@Mdsime: Алтернаторот ти е без сензор, но мислам дека има комбинирани инвертери. За проба ок е било каков акумулатор, но за експлоатација обавезно стационарен.
Потоа ако ги споиш четкиците т.е. бакарните прстени мислам дека ќе добиеш класичен индуктивен морор, па брзината ќе зависи само од фрекфенцијата. Онда малце е зезнато на ниска фрекфенција ќе имаш ниска импенданса т.е. мал индуктивен, што значи ќе троши многу струја, да ќе имаш моќ но дали цела опрема ќе ја издржи таа струја, а на високи фрекфенции ќе имаш ептен слаба струја, ептен слабо ел.маг поле па ќе нема сила да ги оддржи обртаите... Може да се реши со pwm контролер, но не знам какви се наведените контролери, може да се сосем одлични.
Сензорите се халов давач, ја кажува позицијата на роторот и бројот на обртаи (зошто побогу да не стават намотка или магнет со намотка, или коку да не оди фира измишљотината ), така работат вентилаторите за цпу/гпу на пример. улогата на халов давач кај моторите без сензор ја превзема третата намотка во која се индуцира напон во споредба од аголот што го зафаќа роторот и намотката од статорот, па може да се одреди позицијата на роторот во однос на статорот.

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Случајни муабети
« Reply #6917 on 20.02.2019, Wednesday, 11:38:17 (Edited 20.02.2019, Wednesday, 13:56:51) »
А издувот ???. Како успеваш да го намалиш за да не дуваш компоненти околу пиштолот ???. Или можеби од далеку дуваш ;D.
Има регулација со 5 нивоа за воздухот точно колку л/мин незнам иначе да го намалиш на 2ка најмалиот кондензатор/отпорник нема да летне.


Quote
Во секој случај, добра ти е идејата, не би ми текнало ;). Ако имаш слики од преправката, може мал туториал да направиш во секцијата за туториали ;). Не е задолжително, се разбира ;) (во превод - ние пак ќе те сакаме ;D ;D ;D).
Не направив многу слики не би бил добар туториалот најдов уште еден мотор од топшоп блендерите моќен мотор ако најдам поквалитетна рачка ќе направам уште едно машинче и на него туторијал.

Сепак мало објаснување би дал како ја поврзав сајлата. Го уклучив моторот но зависи како е уклучен во штекер фазата оди до осовината на роторот до секој метал, па треба приклучокот обратно да се сврти во штекерот и нема да пецка струја. Уклучено земав турпија и каде што има винт на осовината ја истругав до 4мм и потоа исклучено ја направив коцскаста (немам слики).



Со ваква клема ги конектирав но пред тоа осовината треба да се изолира земав изолирче намотав 2слоја на осовината 1 на сајлата ги заштрафив и супер секундарен лепак ставив во винтот на штрафот од клемата и  "изцеминтирав" се и кога се исуши лепакот со бонсек полека како што се штрафи штрафот во тој правец го исеков делот од штрафчињата што стрчеа.

@dr-mr: Од вашиот линк тој е на 110В за професионална работа секако дека би се купило готов производ но вака како мене хобист ем поефтино ме чинеше ем задоволството во тоа што си го направив иначе овој моторов има  2 нивоа на брзини или момент прекинувач за уклучување којшто може да се извади и да се испровизира за на нога или од шивачка машина има ножни педали може такво нешто да се искористи.


@bicikle: Да од екстол фенот го имам поради променливата температура и 5те нивоа на воздух има 2-3г гаранција и овластен сервис тука кај нас.
Мулти чак планирам да земам во иднина немам потреба сега може ако направам уште некоe вакво слично машинче на него да го ставам.
Да 600W не се малце со цела сила стискав при шмирглање со флексибилната рачка не се примети дека изгуби брзина или сила. А овие од продавница гравирки се со max 150W дали имаат механизам некаков редуктор незнам но имаат поголема брзина до 33k RPM а и 18k RPM  не се малце летаат искри како пламен од jet engine :)
Да стационарна батерија би била одлична, контролерите не пишува дали се pwm но сепак ако работи ефикасно со новиот контролер планирам да ставам и механизам редуктор или најдобро повеќе брзини и менувач на брзини.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6918 on 20.02.2019, Wednesday, 12:07:59 (Edited 20.02.2019, Wednesday, 14:02:40) »
Quote
Да стационарна батерија би била одлична, контролерите не пишува дали се pwm но сепак ако работи ефикасно со новиот контролер планирам да ставам и механизам редуктор или најдобро повеќе брзини и менувач на брзини.
поентатат кај ел мотори е да бидат без брзини, класиќен мењач губи 20% снага и степенаста искористеност, финтата е да се избегне тоа... редуктор да, ама со мењач ја губи поентата.

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Случајни муабети
« Reply #6919 on 20.02.2019, Wednesday, 12:43:51 (Edited 20.02.2019, Wednesday, 14:01:59) »
Да најубаво би било но во мојава ситуација контролерот е 350W што би бил ок за на прав пат за угорница ќе треба помош од педалите и редуктор и затоа повеќе брзини би сакал за на пример на некоја планина да се качиш со некој мн. спор редуктор што не би било најдобрата идеја поради тежината на акулуматорските батерии но ете да се проба немам литиумски или сл. полесни а со нив и проектот ќе испадне поскап.
Има и поголеми контролери 2kW што ги имаат користено на алтернатор но бидејќи кинески прегорувале сега незнам дали од топлината или нешто друго. Или еве ел.коло за PWM за алтернатор
Code: [Select]
http://www.neato3000.com/79/

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6920 on 20.02.2019, Wednesday, 14:03:00 »
па сајлата може да пренесе брзина, но за сила ( момент на сила, или торк што го велам) не сум баш сигурен, можда некоја бренд сајла, ама кинескиве 100% нема, имам пробано.

Искрено, не ми е толку важно да има повеќе сила од таа што ја има гравирка ставена на максимум (максимален број на вртежи), повеќе ми е за малиот број на вртежи, бидејќи дури и ако успеам на обична гравирка до толку да и го намалам бројот на вртежи, ептен нема да има сила моторот :-\.

Има регулација со 5 нивоа за воздухот точно колку л/мин незнам иначе да го намалиш на 2ка најмалиот кондензатор/отпорник нема да летне.

Хммм... добра информација ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6921 on 21.02.2019, Thursday, 16:43:42 (Edited 22.02.2019, Friday, 01:51:50) »
Има и поголеми контролери 2kW што ги имаат користено на алтернатор но бидејќи кинески прегорувале сега незнам дали од топлината или нешто друго. Или еве ел.коло за PWM за алтернатор
Code: [Select]
http://www.neato3000.com/79/
Хмм зошто би прегорувале... Литиумскире батерии према мене се неоправдано скапи и треба многу пазење , заштити итн. Појак мотор нема да има мака од успони, а гледамнекои извдби се и на педалите т.е. го користат веќе постоечкиот пренос.

Btw
Code: [Select]
http://www.megamobil.com.mk/duvalka-so-letkum-bk-852d

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6922 on 22.02.2019, Friday, 01:52:58 »
Е мене не ми го отвора сајтот како што треба. Нешто не им е во ред со сајтот, не можам да пребарам ништо, ни во алат ништо не ми отвора, ако отидам директно. Пробав и со Chrome, истото го прави :-\.

Во секој случај, фала за линкот ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Re: Случајни муабети
« Reply #6923 on 22.02.2019, Friday, 08:29:00 »
Мегамобил се преселија и прават попис. На сајтот ги ставаат само пребројаните артикли. За некој ден би требало да се вратат во нормала.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6924 on 22.02.2019, Friday, 09:13:39 »
ама треба да ги има иако не на лагер. сега некои работи ги нема никако... да се надеваме дека ќе ја средат побрзо...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6925 on 22.02.2019, Friday, 23:46:46 »
Мегамобил се преселија и прават попис. На сајтот ги ставаат само пребројаните артикли. За некој ден би требало да се вратат во нормала.

Ааа, ОК, оправдано ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6926 on 23.02.2019, Saturday, 01:23:15 »
Има некој идеа зото не сака да осцилира после преотеретување? Менети диоди (2 исправувачки) , транзистори(13007), ц6 беше во краток спој, побудно трафо, tl494, осигурувач, грецот од секундар е ок.
Code: [Select]
https://www.google.com/imgres?imgurl=https%3A%2F%2Fab57.ru%2Fschema%2Fcodegen_300x.gif&imgrefurl=https%3A%2F%2Fab57.ru%2Fschema.html&docid=of0HuKRiaT1qGM&tbnid=WLlJ8d2MKlLnlM%3A&vet=10ahUKEwitlfe8v9DgAhWLlhQKHW6YA0kQMwhEKAgwCA..i&w=2765&h=1816&bih=974&biw=1920&q=cg-13c%20schematics&ved=0ahUKEwitlfe8v9DgAhWLlhQKHW6YA0kQMwhEKAgwCA&iact=mrc&uact=8

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6927 on 23.02.2019, Saturday, 04:30:16 »
Ај отвори си тема за ова, нема смисла се да бутаме во „Случајни муабети“ ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6928 on 23.02.2019, Saturday, 04:36:40 »
Се надевав некој ќе каже тоа и тоа и толкуќр биде :) ќе отворам

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6929 on 26.02.2019, Tuesday, 22:06:07 »
Сакам да ве прашам нешто во врска за MOSFET-и. Имено, имам 4 MOSFET-и со кои заменувам 4 тастери од RC контролер за играчка количе. Е, сега, MOSFET-ите ги активирам така што преку Arduino испраќам сигнал HIGH / LOW до гејтот, сигналот има вредност од 5V. Сорсот е поврзан на маса, а на дрејнот го доведувам едниот крај од тастерот во контролерот во кој што контролер има 2 AA батерии од 1,5V или вкупно 3V. Често се случува кога испраќам сигнали од Arduino-то до MOSFET-ите некој од нив да остане активен иако до неговиот гејт нема сигнал или се случува кога не е воопшто приклучен MOSFET-от со Arduino-то сам од себе да се активира, при што контролерот работи и испраќа контроли до играчката ( количето ). Исто така се случува и кога ќе го допрам од страната каде што се лемовите да се вклучи одреден MOSFEТ или да се исклучи доколку е вклучен. Станува збор за IRF630 MOSFET.

Дали можеби остануваат активни поради нивната инертност што му е потребно поголемо време за да го сменат нивото ( HIGH / LOW ) или е нешто друго?