Author Topic: Случајни муабети  (Read 1121767 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6900 on 18.02.2019, Monday, 02:40:21 »
Во право е krema. Многу преправки треба да се направат за да може тој индустриски фен да се користи како SMD дувалка... генерално, може да се искористи принципот на контрола кој го имаат класичните дувалки (мислам на оној со микроконтролерот, некој ATmega беше), но најверојатно ќе треба контролата за електромоторот (фенот) да се преправи. Остатокот од електрониката за контрола, би требало да остане ист или скоро ист... можно е да треба и некој дел околу термопарот да се преправи, за да ја јавува точно температурата на издувот, но би требало толку да биде од преправките ;).

Значи, се сведува на... ќе треба цела контрола за фенот да ја вадиш и да монтираш преправена контрола за класична SMD дувалка... горе долу, така ќе му дојде :P.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6901 on 18.02.2019, Monday, 03:12:36 »
Затоа сме тука, да смениме мислења... Останува знали локалниве дилери со пумпа со мембрана. Не знам поскапите рачки на интернет какви се. Гигават, виде мегамобајл  ?Имаат сајт (
Code: [Select]
http://www.megamobil.com.mk)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6902 on 18.02.2019, Monday, 04:38:04 »
Или нешто не им е во ред со сајтот, или целосно им е празна секцијата за алат... да не зборувам за екстремно лошата изведба на сајтот, мениа се преклопуваат, кликаш едно, друго излегува... типично за Македонски сајтови ::).

Ако некој успее да стигне до нешто од алатот, нека пише, бидејќи јас не знам да се снајдам на нивниот сајт ::).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6903 on 18.02.2019, Monday, 05:44:23 »
Се префрлаат физички, може затоа. Не дека некогаш бил за орден, ама барем срчот работел.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6904 on 18.02.2019, Monday, 08:41:40 »
Сакам да ве прашам дали некој знае каде може да се најде електромотор кој што е доволно моќен да крева/спушта ролетна?

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Re: Случајни муабети
« Reply #6905 on 18.02.2019, Monday, 10:20:15 »
Потребен ти е мотор со редуктор (намалена брзина, зголемена сила). Било кој класичен мотор колку и да е моќен е пребрз за таа намена.
Добра опција ти е мотор за прозори (автомобилски).

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6906 on 18.02.2019, Monday, 10:49:29 »
Али од брисачи моторче. Тие од врата се со забчаник, од бриач со осовина.

Offline JOCO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Re: Случајни муабети
« Reply #6907 on 18.02.2019, Monday, 22:22:41 »
Друже за ролетни има специјални мотори кои влегуваат во цевката (метална осовина )на која се собира котурот (РОЛЕТНАТА) и тешко дека ќе можеш да искомбинираш со било каков друг тип на мотор.ПЛУС  овој мотор работи на 220 волти и се користи само зза алуминиумски ролетни,а не и на пвц ролетна

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Случајни муабети
« Reply #6908 on 19.02.2019, Tuesday, 20:00:19 »
За феновите јас имам Extol со дисплеј и променлива температура. Доаѓа со додатоци за вадење боја од дрво за топлење пвц цевки, 1додаток редусер на околу Ø23мм итн. не доаѓа со мали приклучоци (nozzles) за мали СМД.


Единствениот додаток од ebay што би фатил со Ø35мм е од 2 слика е на него да му се додадат тие приклучоци од 3 слика наменети се за Ø20мм или како што јас моментално си имам направено од лим 1 додаток околу 10мм е излезниот дијаметар не е најестетски направено но врши функција.
Иначе еднаш моторчето не сакаше да врти го исклучив со раката меко го мавнав и проработе но ми се имаше превртувано неколку пати да падне на маса од стоечка положба во лежечка.
Колку време може да работи на max се распрашав во продавницата ми рекоа 2часа без престан да дува со најголемата темп. и најголемиот проток на воздух но по завршувањето да го вратам на првата позиција (50степени) со max проточен воздух да проработи некоја минута да се изладел.
Го имам користено да работи околу 400степени со мал проточен воздух без проблем но не ми затребало повеќе од 5мин. и секогаш после секое работење го враќам на 1вата позиција да се излади.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6909 on 19.02.2019, Tuesday, 20:21:22 »
Малу е габарктен, ама е ефтин и моќен. Чим има за смд додаток...

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Случајни муабети
« Reply #6910 on 19.02.2019, Tuesday, 20:54:37 (Edited 06.01.2021, Wednesday, 16:54:20) »
За алтернатор како мотор имам малку пробано со еден контролер што повеќе е за моторчиња од дронови или сл. вртеше но на почетокот тешко беше да прилагоди потенциометарот за да заврти моторот најверојатно дека моторот нема сензори незнам точно еве видео:



Немав четкици па со 2 жици правев контакт на роторот на посебен извор 12В а статорот беше 3 фазно конектиран на контролерот што се напојува од друг акулуматор 12В.



Еве нов контролер 350W 36/48В но го немам испробано немам толкав извор на напон ми фали уште 1 акулуматор којшто го имам расипан ќе пробам да му ја сменам киселината. Овој контролер го земав бидејќи би требало да работи на мотор без сензори кога ќе го пробам ке направам упдејт.

бонус: дувалка со мотор од правосмукалка што имам направено и една брусалка со флекс рачка за гравирање со мотор од блендер/соковник 600W 18k вртежи во минута




Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6911 on 19.02.2019, Tuesday, 21:18:27 »
Code: [Select]
Еве нов контролер 350W 36/48В но го немам испробано немам толкав извор на напон ми фали уште 1 акулуматор којшто го имам расипан ќе пробам да му ја сменам киселината. Овој контролер го земав бидејќи би требало да работи на мотор без сензори кога ќе го пробам ке направам упдејт.Ај ако сакаш те молам појасни какови се тие со и без сензори ? Ти благодарам.
bdw може нинк за продолжетокот од гравирката ?

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Re: Случајни муабети
« Reply #6912 on 19.02.2019, Tuesday, 22:01:10 (Edited 20.02.2019, Wednesday, 10:15:36) »
 
Површински сум запознает со електроникава така да точно незнам да ти објаснам еве едни видеа btw македонец е дечково:
[youtube width=350 height=350]https://www.youtube.com/watch?v=uOQk8SJso6Q
[youtube width=350 height=350]https://www.youtube.com/watch?v=wpAA3qeOYiI
3 Фазните мотори со сензор немаат четкици имаат перманентен магнет ротор па тие сензори даваат насока во која намотка статорот да добие струја за да го заврти моторот а овие без сензор некој имаат ротор со намотка и на него му се носи струја а некој имаат ротор со перманентен магнет и овие "DC" 3 фазни мотори контролерот од секоја намотка добива "back Electromotive Force" или генерира напон назад и контролерот некако го мери незнам точно некој ако знае слободно нека ме исправи.


ПРОДОЛЖЕТОК САЈЛА ЗА ЛИНЕАРНА БРУСИЛКА, M18X1,5MM, 107CM :
Code: [Select]
http://www.kupialat.mk/index.php?route=product/product&path=10_11_114&product_id=40137
 а имам најдено по пазариве по железарииве околу 350ден. сите овие се кинески квалитет ја го скршив капачето за стегнување на бургијата (од мек метал беше не беше ни железо не се магнетизираше) и купив од ebay пишуваше steel за околу 1$ (го пробав се магнетизира) тука на странава ги има 190ден. и оваа рачка не доаѓа со други футери додатоци за помали бургии. Еднаш на бувљак имаше еден поголемка механичарска рачка со сајла и дршката метална најверојатно до 6mm фаќаше да се стават бургии 600 ден и бараше немав во мене и повеќе не видов таква.



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #6913 on 20.02.2019, Wednesday, 01:21:54 »
не доаѓа со мали приклучоци (nozzles) за мали СМД.

Уште да доаѓаше ;D. Како ќе се продаваа лемни станици ;D ;D ;D.

Единствениот додаток од ebay што би фатил со Ø35мм е од 2 слика е на него да му се додадат тие приклучоци од 3 слика наменети се за Ø20мм или како што јас моментално си имам направено од лим 1 додаток околу 10мм е излезниот дијаметар не е најестетски направено но врши функција.

А издувот ???. Како успеваш да го намалиш за да не дуваш компоненти околу пиштолот ???. Или можеби од далеку дуваш ;D.

Колку време може да работи на max се распрашав во продавницата ми рекоа 2часа без престан да дува со најголемата темп. и најголемиот проток на воздух но по завршувањето да го вратам на првата позиција (50степени) со max проточен воздух да проработи некоја минута да се изладел.

Тоа автоматски го прават SMD лемните станици, само што целосно го гасат греачот и пумпата/електромоторот работат на максимум ;).

Го имам користено да работи околу 400степени со мал проточен воздух без проблем но не ми затребало повеќе од 5мин. и секогаш после секое работење го враќам на 1вата позиција да се излади.

Паметно ;). Ќе му го прдолжиш векот на траење и на греачот и на целиот уред ;). Уште подобро е ако може да го модифицираш сосема да го изгасиш греачот и така да го оставиш да се лади, само да дува вентилаторот/електромоторот. Не мора да дува на максимална брзина, тоа и не е неопходно, но добро е да дува на целосно изгасен греач ;).

[/center]

Јас имав слична идеја за преправка на бормашина, да додадам на неа од оние сајлите за гравирки и да ми биде наменета за обработка на материјали на мал број на вртежи, ама да има момент на сила, не како гравирката, голем број на вртежи, мал момент на сила :-\.

Во секој случај, добра ти е идејата, не би ми текнало ;). Ако имаш слики од преправката, може мал туториал да направиш во секцијата за туториали ;). Не е задолжително, се разбира ;) (во превод - ние пак ќе те сакаме ;D ;D ;D).

сите овие се кинески квалитет ја го скршив капачето за стегнување на бургијата (од мек метал беше не беше ни железо не се магнетизираше)...

Алуминиумски се футерчињата на овие сајлите што ги продаваат кај нас ::). И еден колега се зезна и потоа си купи само футерче од eBay ;).

Јас сепак најмногу го користам multi-chuck-от, најпрактичен ми е, ме мрзи да менувам чаури за различни големини на бургии и додатоци :P :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Случајни муабети
« Reply #6914 on 20.02.2019, Wednesday, 01:45:25 (Edited 20.02.2019, Wednesday, 14:05:50) »
 се продаваат мотори со флексибилна осовина и педала за на ногата за многу работи се многу попрактични од стандардните.
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/372463109928
Сепак се ВРТИ !!!